Среда, 05 Септември 2018   
Александар Македонски (48)

am48-1

ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ИНДИЈА КОН АЗИСКОТО ЦАРСТВО

За да ги плати трошоците, Александар Македонски избра триесет најбогати од присутните, меѓу нив седуммина телесни стражари и на атински начин ги постави да бидат заповедници на веслачите. Тоа веројатно не го направи многу од економска причина, да заштеди од кралската благајна, туку им даде слобода да учествуваат во потфатот како негови следбеници.

Екипажот на бродовите беше формиран со поморци од Исток, како Феникијци, Кипарци, Каријци и Египќани, кои го следеа во караванот што пренесуваше воена опрема, a и од антички Грци кои беа навикнале на морето, од островите, од Јонија и од Хелеспонт, кои беа избрани од војската.

Александар Македонски не можеше лично да ја преземе командата, туку во случај на потреба би командувал од копното. Затоа командата му ја довери на еден најблизок другар од младоста, по име Неарх, кого го назначи за адмирал.

По завршните административни чекори во пределите на Пенџаб и по поставувањето на Филип за намесник над вазалскиот крал Таксил, патувањето започна во почетокот на ноември 326 година, на многу свечен начин. Откако екипажот отиде на бродовите пред изгрејсонце, кралот приложи жртва на брегот и тоа не обична, туку по директива на пророците. Жртвата им беше наменета на боговите Посејдон, Амфитрит, Нереид и Океан, од кои сега особено зависеше целта на патувањето, и на боговите на реките Хидасп, Ацесин и Инд.

Сето тоа беше проследено со музички и гимнастички содржини. Кога Александар Македонски отиде на палубата на својот брод истури пијалак од златниот  пехар  како  подарок  на  истите богови  на морето и на реките. На неговиот „прадедо" и неговиот „татко" Амон им беше оддадена иста чест. Бродските сирени го најавија почетокот на патувањето.

Co флотата со Александар Македонски заминаа хипаспитите, стрелците со лак и стрели и кралските следбеници. Главната војска беше поделена во две колони. Онаа на десниот брег ја командуваше Кратер, а на левиот Хефестион кој веќе имаше 200 слонови.

am48-2
Од бродовите на Александар во Индија

Тоа беше прекрасна глетка за Индијците, кога оваа голема флота пловејќи помина низводно по реката, а командата на пилотите и „о рукот" на веслачите одѕвонуваше во клисурите на двата брега. Co чудење Индијците ја гледаа војската на палубите од бродовите, а особено коњите. На извиците Индијците излегуваа во групи од шумите и ја следеа флотата на извесно растојание, пеејќи свои индиски песни.

„Ни еден народ не сака толку многу да пее и да игра како Индијците", притоа рече Аријан. Тој многу добро го опиша и ова патување. Кога во објаснувањето Аријан го посочува индискиот триумф на Дионис, ја опишува легендата што најде израз во походот на Александар Македонски.

Патувањето не беше мирно долго време. Пред Александар Македонски да дојде на реката Ацесин, слушна дека Малите и Оксидакрите, најголемите и најборбените индиски племиња, се подготвуваат да се борат со него. Затоа инсистираше да се побрза со цел да го поминат местото каде што реката Хидаспес се влева во Ацесин.

Но на тоа место, поради брзите вртлози што се правеа од соединувањето на двете реки, флотата претрпе поголема штета што требаше брзо да се санира. Планот на походот што тој потоа го направи за да го предизвика непријателот, го потврди како совршен стратег. Територијата на непријателот се протегаше долж реката Хидраот, која по на југ се влева во реката Ацесин и се заштитуваше од Александар Македонски со сувата пустина.

Затоа племето Мали очекуваше дека тој ќе ги нападне од утоката на Хидраот. Меѓутоа, Александар Македонски реши да ги изненади со тоа што напредуваше со дел од војската низ пустината и влезе во средината на земјата. Тогаш ги притисна кон реката Хидраот кон оружјето на една друга колона под команда на Хефестион, кој требаше да го освои долниот тек на реката, додека флотата и Кратер со слоновите поставени на десниот брег на реката Ацесин, на спротивната страна од устието на реката Хидраот ѓи задржуваше за да не побегнат кон запад.

Изненадувањето успеа, со што смисленото спојување на племињата Мали и Оксидрак беше оневозможено. Сепак, борбите за градовите и тврдините на племето Мали беа остри и крвави, бидејќи тие жестоко се бореа. Неколку градови беа уништени, меѓу нив и Брамин, главниот град на племето. Победоносната кариера на Александар Македонски овде можеше трагично да заврши.

За да ги поведе своите раздвижени единици, тој се качи на една скала и беше првиот кој се најде на ѕидот од замокот. Потоа скокна во внатрешноста на дворецот и со грбот кон ѕидот се изложи на непријателот. Препознатлив по светликавиот оклоп, беше погоден со стрела во градите и така истоштен падна во несвест. Пеукест и Леонат, кои скокнаа по него го покрија со своите штитови, Пеукест со божјиот штит на Илиум, додека најпосле една група не дојде од другата страна на ѕидот и го протера непријателот.

am48-3

Додека единиците, верувајќи дека нивниот крал е мртов, ја истураа својата лутина врз гарнизонот и врз жените и децата, Александар Македонски го носеа на штит како да е мртов. Меѓутоа, неговата млада снага победи и откако стрелата беше извадена од раната, полека закрепиа.

Веста дека кралот загинал веќе втаса и до логорот на утоката на реката Хидраот и предизвика голема тага, терор и вчудоневиденост од безнадежната положба без Александар Македонски. Плашејќи се дека вознемиреноста може да се прошири, Александар Македонски лично отиде со брод на реката Хидраот, во логорот, веднаш штом здравјето му беше подобро. Штом единиците го здогледаа шаторот на бродот помислија дека во него го носат телото на кралот.

Но, кога Александар Македонски го отвори шаторот и почна да мавта со рацете и кога на брегот се качи на коњот за да се покаже пред сите, a потоа  отиде  пеш  до  својот  шатор,  на  радоста  и немаше крај. Co солзи на очите војниците се радуваа што одѕвонуваше во пошумените клисури.

Од сите страни тие се туркаа да ги допрат рацете, колениците или алиштата на својот сакан крал, или барем да се загледаат во неговото лице и да искажат зборови на задоволство, затрупувајќи го со цвеќиња и панделки.

He може без емоции да се чита описот на Аријан за оваа сцена. Тоа го изразува задоволството кон личноста на Александар Македонски. Војската чувствуваше кон него длабока приврзаност. Затоа, се што беше неубаво меѓу него и неговите античките Македонци сега се заборави.

Теоретски неговите пријатели веројатно беа сосем коректни што го прекоруваа кралот за неговото однесување не како генерал туку како војник, при скокањето во замокот. Но, стариот Неотијанец имаше право, кога слушна дека Александар Македонски е лут за ова, му рече на негов дијалект дека „Должност на човекот е да води битка", додавајќи стих од Софокле „Оној што води битка мора да трпи".

Бидејќи тоа не беше освојување на град, туку акт на Александар Македонски што не се случува никогаш, а кој предизвика терор насекаде меѓу непријателот, затоа не само Малите туку и Оксидакрите му се покорија. Со овој спонтан акт сфатен и пренесен од возбудливата битка, Александар Македонски на свој начин прекумерно го искажа планот на походот.

Го стави племето Мали во стапица што ја имаше поставено на реката Хидраот, a ro покори племето Оксидрак без да води борба. Откако Александар целосно се окопити, флотата која во текот на овој интервал зајакна и се обнови, отплови од устието на реката Хифас до местото каде што реката Ацесин се влева во Инд.

Овде Александар Македонски ја определи јужната граница на својот северно индиски намесник, го остави намесникот Филип со неколку единици и му нареди да изгради град по име Александар на сливот на двете јреки.

Приближно половина пат од патувањето по реката беше завршено. Околу февруари 325 година започна патувањето низводно по реката Инд, чии брегови до морето беа конечно споени во намесништвото на Долна Индија и Пеитон. Многу поголеми војувања беа потребни пред да се освои овој регион, бидејќи населеипето, опишано како црномуресто спротивно на аријанските племиња на Северна Индија, кои очевидно беа Дравидијанци, беше под влијание на Брахминците, кои од религиозни побуди им всадија фанатична омраза кон туѓинецот.

am48-4
Александар Македонски на чело на фалангата

Согдијанците, меѓутоа, кај кои Александар Македонски дојде прво, беа потчинети под јаремот на Малите, затоа стапија во пријателски однос со него, бидејќи тој ќе им овозможеше да се зголеми нивниот главен град и да го прекрстат во Согдијанска Александрија.

По на југ во земјата на Сомбос и Музикан кои владееја на западниот брег спроти големата пустина на источниот брег, се случија пожестоки борби, каде што иако нивниот крал избега, народот поттикнат од Брахминците се крена на оружено востание. Александар Македонски ги казни Брахминците со тоа што обеси неколкумина од виновниците.

За да ја заштити својата власт, тој имаше неколку тврдини во Долна Индија зајакнати со гарнизони, а изгради и неколку нови градови. Овде, повторно се гледа значењето на воената и економската комбинација.

На крајот од јули 325 година, во деветтиот месец од неговото заминување од Никеа, дојде во градот Патала, на врвот на делтата на реката Инд. Кралот на градот, кој пред тоа му оддаде почит на Александар Македонски, избега од градот. Поради економската важност беа изградени плевни за овци, а беше направено и пристаниште за голем дел од индиската флота.

Co ова заврши експедицијата на Александар Македонски во Индија. Целата земја што се наводнува од реката Инд од Кашмир до морето, вклучувајќи го целиот Пенџаб, беше покорена. Оваа голема, богата и плодна земја беше приклучена кон неговата Азискоатичка империја под раководство на античко македонски намесници, на кои им беа потчинети сите тамошни вазалеки принцови (со исклучок на Порус).

Чудата на Индија што порано се знаеја само преку литературата или по слушање, сега ги видоа античките Македонци и античките Грци, а реалноста не се разликуваше од фантастичните описи на митолошките кажувања. Дотогаш во описите имаше грдосии какви што беа Киклоп и човекот со огромни стапала, создадени од Сцилакс, а кој и на Индија им ги придаде чудата на епската поезија, или монструми врз кои се темелеа претставите за Индија, но тие сега видоа дека тоа беше само прикаска за тамошните растенија и животни.

Продолжува

katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.