Среда, 22 Август 2018   
Александар Македонски (46)

am46-1

ПРВАТА БИТКА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ИНДИЈА

Поради големите загуби непријателот ги напушти своите градови и избега источно кон тврдината Аорнос, сместена на гребенот над десниот брег на реката Инд. Овој Аорнос, за чија положба постојано имаше дилеми беше успешно идентификуван од Сер Аурел Стеин со огромниот масив на планината Пир-Сар (околу 1.600 м) сместен на свиокот на реката Инд.

Точна беше стратешката цел на Александар Македонски веднаш да не го гони непријателот преку непреодните планини, туку подобро да оди кон југ спрема Кабул, а потоа да замине нагоре по реката Инд. Така, тој отиде долу во долината Пешавар (Пеукелаот), а потоа продолжи од југ кон десниот брег на реката спроти Аорнос. Само сега затоа што Аорнос се идентификува со Пир-Сар, јасно е дадено значењето на оваа борба од Аријан, а и само сега ги гледаме огромните тешкотии што Александар Македонски.

Повторно се одушевуваме од истрајноста со која тој војуваше, иако неколкупати неговите напади беа одбивани. Јасно му беше дека не може да влезе во Пенџаб се додека не го скрши отпорот на Асацените во Аорнос. Затоа Александар Македонски постојано применуваше нови методи за напад се додека не започна со изградба на насип за премостување на клисурата, што ја делеше неговата позиција од изолираната карпа.

Веднаш штом ова беше направено за да може оружјето против опсада да достигне до непријателот, отпорот беше скршен, а Александар Македонски можеше да дојде до високото плато. Тој лично беше првиот кој се искачи на врвот.

Co освојувањето на Аорнос, што е еден од најбрилијантните подвизи на стратегијата и тактиката на Александар, го заврши и походот и му се отвори вратата кон Пенцаб. Целиот регион беше ставен под намесникот Никанор, а Индиецот Сисикот претходно му се придружи на Александар по договорот во Аорнос, што пред тоа немаше вештачки утврдувања.

am46-2
Тврдина во Индија

Бидејќи општото бегање на населението од Аорнос покажа дека тие ја сметаа оваа природна тврдина за непобедлива, амтичките Македонци мора да биле горди што можеа да направат натчовечки подвиг во заземањето на тврдината. Така тие почнаа и во придружбата на Александар Македонски и во логорот да кажуваат како Херакле, божјиот прататко на нивното кралско семејство, еднаш пробал да го освои Аорнос, но не успеал.

Поранешната мисла на Херакле ги окупира античките Македонци кога ја поминуваа планината Хинду-Куш, бидејќи ја идентификуваа со Кавказ, и претпоставуваа дека го нашле местото каде што Херакле некогаш го довел Прометеј. При маршот до оазата Сивах, Александар им кажа на своите единици дека Херакле и Персеј биле таму пред него и на тој начин ги потврдија ваквите митски изедначувања.

Овде на Исток развојот на митот за Херакле изгледа продолжи кај војската и се разбира беше добродојдено за кралот и несомнено поткрепен од него. Клитрах потоа разви теорија дека Александар Македонски сака да изврши атак на Аорнос, со цел да го надмаши Херакле. Меѓутоа, освојувањето на Аорнос беше стратешка потреба. Врз овој случај, како и врз раскажувањата од Гордиум и од пророкот Амон, Клитарх создаде мотив за постигнатиот резултат.

Легендата за Херакле не е единственото што беше увеличено во овој поход. Ист е случајот и со легендата за Дионис. Кога во планинскиот крај античките Македонци најдоа винова лоза и бршлен што не ги имаа видено од своето заминување од Античка Македонија, се радуваа мислејќи дека се на патот кон Бога. Така градот во долината го нарекоа Ниса, а прикаската се прошири дека Дионис, чии големи победи во Азија, но не и во Индија, им беа веќе познати на луѓето, дојде таму и го формира овој град.

am46-3
Александар Македонски во Индија

Овој едноставен и психолошки сосем јасен настан беше фантастично украсен од подоцнежните писатели. Тоа ја дава основата на легендата за Дионисовиот победоносен поход во Индија, легенда чие постоење зависеше од походот на Александар Македонски во Индија, а подоцна прифатен од поетите и уметниците.

Од Аорнос Александар Македонски замина кон местото каде Хефестион, според неговите инструкции, направи понтонски мост на реката. По жестоката битка, на војската и даде одмор од триесет дена, а во пролетта на 326 година ја премина реката Инд и отиде во земјата на својот сојузник Таксил, чија власт се протегаше од реката Инд до Хидасп, следната река во Пенџаб. Таксил го прими со многу вредни подароци и му посака добредојде во Таксилија, неговиот главен град. Неговиот статус беше потврден од Александар Македонски и беше третиран како вазален принц, бидејќи на заминувањето од Таксилија. Александар остави гарнизон.

Овде Александар Македонски со придружбата се запозна со чудата на Индија, со нејзините необични навики и обичаи, а неговите научници започнаа да ја испитуваат индиската флора. Во Таксилија прво се запозна со калуѓерите „гимнософисти" што претходно беа опишани. Еден од нив, Калан, се приклучи кон кралскиот логор и отиде заедно со нив до Персија каде што се разболе и на изненадување на војската го заврши својот живот со филозофски молк на погребна клада.

Сé уште се зачувани фрагменти од книга за Александар од Онесикрит, еден од неговите придружници, во кои, на романтичен стил и со филозофска и историска природа, го дава разговорот што го водел со некој од калуѓерите во Таксилија со помош на преведувач. Како раскажување е двосмислено, а во фактот што разговарале Онесикрит и гимнософистите (калуѓерите) не треба да има сомнение; интересно е да се види како овој циник и ученик на Диоген, иако наишол на циничка доктрина во општа смисла кај овие индиски испосници со нивниот едноставен и аскетски живот, ги претставува како вистински циници со цинички идеи за монархијата и за државното право на светот.

Од друга страна, пак, во деловите што се зачувани од разговорот меѓу калуѓерите и Александар Македонски инвентивно се измислени во наредниот период и несомнено се пренесени сред членството на циничкиот круг, кои немаа почитување кон Александар Македонски, какво што имаше Онесикрит.

Таксил испрати свои амбасадори кај Александар Македонски во Согдијана, бидејќи со тоа се надеваше оти ќе се заштити од непријателските соседи, Абисар кралот на Кашмир и Порус, како што античките Грците го викаа кралот Паурава, чие големо кралство источно од Хидасп го присвои за себе.

Додека Абисар настојуваше да го измами Александар Македонски во своите вистински намери со испраќање на амбасадор и со вредни подароци, склучи сојуз со Порус, кој собра силна војска од другата страна на брегот на реката Хидасп за да го спречи Александар Македонски да ја премине реката. Таму, во средината на летото на 326 година се случи уште една значајна борба во која Александар Македонски учествуваше последен пат.

Што се однесува до историјата на војната и на судот на неговата способност како генерал, оваа битка е многу интересна. Таа е сосема различна од трите претходни. Во нив тој се придржуваше кон основните принципи на косиот строј на војување, но тука употреби сосема нови тактички идеи и без придржување кон некои определени шеми одлучи да војува според посебните услови. Неговата задача беше да го засили преминувањето и да го порази непријателот.

am46-4
Од битките во Индија

Отспротива, на левиот брег, се наоѓаше Порус со 200 слонови и 300 борбени коли, како и со голема пешадија и коњица. Згора на тоа, реката беше надојдена од тропските дождови. Бидејќи Александар Македонски не се осмелуваше директно да ја премине реката откај кампот што го имаше поставено на десниот брег, се послужи со воено лукавство. Повторувањето на ноќните маневри го замори непријателот, се додека не се откажа не верувајќи во сериозноста на непосредниот напад.

Една ноќ без да привлече внимание Александар Македонски отиде спротиводно до едно згодно место каде што успеа да ја премине реката со 5.000 коњаници и 6.000 пешаци, оставајќи го Кратер зад себе со својата војска. По пристигнувањето од другата страна, Александар Македонски наредното утро го започна својот марш против Порус. Тој лично одеше напред со коњицата и нареди пешадијата да го следи. На веста за она што таму се случуваше, Порус прво испрати во пресрет мала дивизија под команда на својот син, кој беше поразен и се предаде.

Во меѓувреме, Порус ги доведе своите главни единици и ги построи во борбена линија на погодно место. Во центарот беа 200-те слонови, меѓу нив и назад пешадијата од околу 20.000 до 30.000 луѓе, така што слоновите стоеја како градски бедем, а на крилата беше сместена коњица, чиј што број се движеше од 2.000 до 4.000, како и 300-те бор-бени коли.

Кога Александар Македонски се приближи и ја виде нивната силна позиција пред себе, премина право од марш во напад, како што тоа го направи кај Граник. Се соочи со вкупно околу 11.000 војници, многу супериорен број, но неговите 5.000 коњаници беа повеќе отколку на Индијците. Според тоа, тој настојуваше со брилијантен напад да ја ангажира прво коњицата пред да дојде неговата пешадија.

Планот беше исполнет до совршенство. Го задржа левото крило на коњицата под команда на Коен, додека Александар Македонски лично со десното го нападна спротивното лево крило на индиската коњица и, така, како што очекуваше, ја привлече непријателската коњица да дојде на помош. Тогаш Коен со својот распоред направи круг: отиде напред во заднината на комбинираната индиска коњица која се судри лице в лице од двете страни. Како резултат на тоа, индиските јавачи на слонови почнаа да бегаат.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.