Среда, 15 Август 2018   
Александар Македонски (45)

am45-1

ПОХОДОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ НА ИНДИЈА

Александар Македонски штотуку го освои Источен Иран, пред да го започне големиот поход кон Индија. Во текот на иранскиот поход му беа разјаснети многу поими. Во зимата 330-329 година во Арахосија, јужно од планината Хинду-Куш, дојде во контакт со таканаречените планински Индијци, кои се граничеа со оваа провинција. Ова е поврзано со 328 година при неговото преговарање со Фарасман, принц на Хорасмијанците, кој го предизвика да се бори со луѓето од северните страни.

Александар Македонски го одби предизвикот, бидејќи веќе мислеше на Индија како наредна цел. Всушност, тој веќе воспостави деловни врски со принцот од Таксила (Пенџаб) во 329-328 година кога беше во Согдијана. Дополнителните силни зајакнувања од Запад и извонредното зголемување на неговата војска укажуваат за тој нов проект. Веројатно ова може да се поврзе со посебната природа на неговите индиски планови и со фактот дека во 329-328 година го донесе Неарх во логорот, својот пријател од младоста, кој потоа одигра важна улога во морнаричкиот потфат во Индија.

Како да се смести ова решение за одење во Индија во перспективата на животот и делото на Александар Македонски во целина? Оние научници кои го поддржуваат мислењето дека тој немаше намера да создаде светска империја, не гледаат во ова решение ништо друго освен намера или лично поседување на Персиската империја со сета своја големина, или обновување на границите на империјата, како што беа под Дариј I.

Меѓутоа, постапките на Александар Македонски во Индија не се објаснуваат со тоа, бидејќи тој отиде многу подалеку од тие граници. Дариј I го освои северозападниот дел само до реката Инд, а понатака не беше во можност да го држи својот суверенитет. Во битката кај Гавгамела, Индијците се бореа на персиска страна, но тие беа единствени погранични племиња од планинските Индијци кои припаѓаа кон намесникот на Арахосија и Индијците кои граничеа со Бактрија.

am45-2
Споменик за древните генерали на Александар

Основната цел што го поттикна Александар да оди во Индија не беше заради победување или заради враќање на ахеменидската моќ. Тој отиде уште подалеку.

Co одењето во Индија имаше намера да втаса до источниот крај на светот. Доколку се сака да се разбере тоа, мора да се разјаснат географските поими за кои беше информиран. За античките Грци Индија беше најисточната земја со населен свет, според Хекатеј, како и според Херодот и Ктесија, но никој од нив не ја видел Индија.

Нејзиниот источен брег го заплискуваа брановите на океан што ја окружува земјата. Колку тесна беше нивната концепција за големината на Индија се гледа во изреката на Аристотел, дека штом се премине планината Парнас (т.е. Хинду-Куш), се појавува надворешното море (океанот). Александар Македонски израсна со уверувањето дека Индија е источната крајна граница на светот.

Ова доаѓа од одговорот до Фарасман, кога му рече дека сака да ја потчини Индија, „бидејќи тогаш тој целосно би ја имал Азија во свои раце". Ова јасно го изразува неговиот мотив дека тој не сака, како Ахеменидите, да ја носи само титулата суверен на светот, туку да стане реален суверен на светот кој ја проширил својата империја до природната граница на населениот свет. Оваа идеја за светски суверен што со години беше во неговите мисли, сега започна да се реализира со навлегувањето зад претходната источна граница на Персиската империја. 

Меѓутоа, тој не беше поттикнат само од желбата за освојување. Сепак и тука дојде до израз неговата склоност кон научното испитување и кон науката комбинирана со желбата за моќ. Тој во исто време сакаше да ја разјасни географската положба и да се прошири во Индија. Несомнено, во претходните преговарања со Таксилите што беа извршени во Источен Иран, тој доби информации за Индија кои не беа во согласност со неговите претходни гледишта и за него се отворија проблеми.

Меѓутоа, дури и фантастичните пресметки околу Индија како земја на чудата, што се ширеа меѓу античките Грци, изнесени од Хекатеј и Херодот, а особено од митолошките извештаи на Ктесија, морале да го предизвикаат да ги испита во светлината на вистината. Групата научници што го придружуваше работеше со жар и многу успешно во Индија. Неговиот индиски поход, всушност, беше патување за откривање, што им донесе богата придобивка на античките научници, надмоќност по географија, ботаника, зоологија.

Тоа беше силен момент во историјата на светот кога Александар Македонски со својата војска ја окупира Индија. Првпат античките Грци и Индијците дојдоа во контакт. Индија претставуваше засебен свет. Таа беше поврзана со западна Азија на северозапад со котлината Кабул, пат кој ја почувствува инвазијата на претците на Аријан Хинд, а од каде што сега дојде и Александар Македонски.

По истиот пат одвреме навреме доаѓаа недоволно јасни информации за Индија во Персија, а од таму и кај античките Грци. Низ таа клисура, исто така, ја носеа индиската стока по караванскиот пат до Касписко Mope, a оттаму се транспортираше до Црно Mope.

Понекогаш до Персискиот двор доаѓаа ретки продукти од таа земја, а примерите на таа чудна фауна, како папагали, за кои Ктесија, кој таму ги видел, известува толку одушевувачки дека тие зборуваат индиски, но исто така би можеле да научат и дуг јазик. Преку таа клисура веќе беа направени многу трговски зделки со Далечниот Исток. Така, Неарх раскажа дека во Индија видел серијанска свила, т.е. кинеска. Меѓутоа, овие оскудни поврзувања со надоврешниот свет не ја изменија целосната интелектуална изолација на Индија.

Бидејќи Александар Македонски не отиде зад Пенџаб (земја на пет реки) и долината Инд, а и дека никогаш не стапна на светата земја во Индија, долината Ганг, тој не дојде во контакт со доктрината на Буда, која се прокламираше во Ганг скоро двесте години пред тоа. Тој дојде во допир со интелектуалниот и религиозниот живот на Индијците само на планината Брамин и со оние калуѓерски пустиници и грешници, наречени „гимнософисти".

am45-3

Тие го пречекаа, особено на југ, со непријателство на религиозен фанатизам, но тој сепак се обиде да воспостави пријателство со нив. Тешко можат да се замислат поголеми контрасти меѓу неспоредливата енергија на Александар Македонски, претставникот на активниот живот, и овие замислени Индијци, претставници на замислен живот во неговата екстремна форма.

Cera и овде дојдоа во допир два сосема различни света. Во почетокот беше под сомнение дали Александар Македонски ќе успее да го трасира патот за да ја шири античката грчка култура во Индија со изградба на градови. Познавачите на индиските особености рекоа:

Александар дојде многу доцна во Индија. Кога тој се појави, индиската нација постоеше со сите свои особености на еден народ, кај која доминираа формите на живот и обичаите, кои беа неспоредливи со стандардите на другиот свет".

Сепак, без Александар немаше подоцна да се измешаат индиската и античката грчка во една сложена уметност, чии рефлекси можат да се видат и денес низ Централна Азија до Кина и Јапонија.

Во летото на 327 година Александар Македонски тргна од Бактрија. Младата кралица Роксана го придружуваше до Индија и наредната година му роди таму син, кој, меѓутоа, наскоро умре. За да го обезбеди намесништвото во Бактрија, не наименува Персијанец, туку Аминта античкиот Македонец, кому му остави не помалку од 10.000 пешадија и 3.500 коњаници. Неговата сегашна војска беше значително поголема од таа кога го премина Хелеспонт пред седум години и беше целосно различна според составот и организацијата.

am45-4
Битка во Индија

Во неа беа вклучени многу илјади Персијци, Бактријанци, Согдијанци, кои не зборуваа на Даха и Сака јазиците, заедно со античките Македонци и античките грчки наемници. Имаше шаренило од нации, а исто така беше придружена од жени и деца и од голем багаж, за што не постојат точни податоци. Во есента на 326 година војската, вклучувајќи ги и индиските единици, броеше околу 120 илјади.

Сите походи на Александар Македонски беа проследувани со највнимателни дипломатски подготовки. Овој поход не беше исклучок. Тој знаеше од испитувањата дека во Индија нема да се сретне со обединет отпор на големото кралство, зашто таму имаше неколку поголеми или помали кнежевства едно до друго, кои главно имаа меѓусебни племенски расправии. Оваа погодна ситуација тој ја искористи со склучување претходни договори со некои од Рајасите, Таксилите и со некојси Сисикот.

Од Бактра Александар ја поведе својата војска назад преку планината Хинду-Куш, овојпат по пократок пат преку западниот премин, до Александрија во Парапамисада. Во есента на 327 година тргна кон реката Инд преку долината Кабул што ја поврзува Индија со запад. Подјармувањето на планинскиот предел северно од Кабул (Кофуен) во индиската северозападна гранична провинција, при тогашни услови бараше жестоко војување, бидејќи храбрите и воинствени племиња беа многубројни, а планинските земји со своите особености го спречуваа неговото напредување.

По официјалното отворање на војна со приложување жртва на Атена од Никеа, место што точно не се знае, Александар Македонски ја подели својата војска во две колони, испраќајќи ги Хефестион и Пердика со помалиот дел од војската долж Кабул со задача да изградат мост преку реката Инд додека тој со поголемиот дел на вој-ската го презеде освојувањето на планинскиот предел. Првата борба со Аспасијците покажа дека мора остро да војува со силните антагонисти.

Во една битка Александар лично, како и Птолемеј, синот на Лаг, и Леонат беа ранети. Во друга пригода имаше дуел меѓу Птолемеј и еден индиски принц. Притоа Птолемеј го извади оклопот по што се разви остра борба. По преминувањето на Сват, започна борба со силното племе на Асацените, кои беа многу пострашни во сојуз со Абисар, принцот од Кашмир. Нивната главна тврдина Масага беше освоена по многу тешко војување.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.