Среда, 04 Јули 2018   
Александар Македонски (39)

am39-1

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ПЕРСЕПОЛ – РИЗНИЦАТА НА ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК

Во Персепол Александар Македонски не само што се чувствуваше како нов господар, кој со освојувањето на овој свет дом на персиската традиција ја стави секирата во коренот на силата на Ахеменид, туку уште еднаш се појави како генералисимус на Коринтската лига што му ја даде Федералниот совет со задача да ја води панелинистичката војна против Персија, да се одмазди за злосторствата што Ксеркс ги изврши против боговите и храмовите на Елините. Над сите очекувања, тој ја поведе својата непобедлива војска во земјата од која потекнуваат Персијците.

Освен тоа, неговите победи над сегашниот владетел Дарие не се сметаа како одмазда над покојниот Ксеркс. Овде, каде што Ксеркс го изгради својот дворец, приемната сала, големата порта и светите градски места на Персепол, требаше да се изврши одмаздата на сите времиња.

По наредба на Александар Македонски беа фрлени факели во зградите на кралот Ксеркс, а притоа и други објекти беа делумно уништени. Тоа, всушност, беше еден симболичен акт со кој на целиот свет, а особено на античките Грци им се кажа дека со ваква „театарска претстава" борбата за одмазда ја постигна својата цел. Во едно од кажувањата на Клитарх се вели дека оргијата на Александар Македонски, поттикната од Атињанецот Tec, го запали дворецот. Природно, тоа се повторува од подоцнежните писатели, а има приврзаници и денес.    

Во Персепол Александар Македонски ја доби веста за победата што ја постигна Антипатер, која го ослободи од многу грижи. My испрати пари од Суса за борба против Агис, кој во пролетта 331 година ја формира Пелопонезиската коалиција против Александар Македонски. Антипатер не беше во можност веднаш да тргне во војна против Агис, бидејќи беше спречен од едно востание во Тракија.

По задушувањето на востанието, Антипатер тргна кон југ. Сходно со обврските според договорот на Лигата од Коринт, по пат собра војска од античките грчки сојузи и тргна да ги казни сојузниците на Спарта и Спартанците. Во Пелопонез влезе со вкупно 40.000 војници. Агис пак, со своите сојузници, собра 20.000 пешаци и 2.000 коњаници, го опседна Мегалопол во Аркадија, кој му остана верен на Александар Македонски.

Пред ѕидовите на овој град, речиси во исто време кога Александар ја постигнуваше победата кај Гавгамела, се водеше голема битка во која, наспроти големиот отпор на непријателот, Антипатер ја извојува решавачката победа. Кралот Агис, срцето и душата на борбата за слобода, по добивањето на повеќе повреди, загина во битката, а Спарта мораше да моли за мир. Антипатер зеде педесетина спартански благородници како заложници и се повика на решението од Федералниот совет, како што Александар Македонски направи по освојувањето на Теба.

am39-2
Александар во Персепол

Но Федералниот совет кој се состануваше на Коринт само за посебни случаи беше слаб за да одлучи во името на Александар Македонски. Така, кога подоцна спартанските заложници допатуваа, Александар Македонски некои од нив ги осуди, a на некои им прости, додека Спарта ја натера да се приклучи кон Лигата од Коринт.

Александар Македонски ја одмори војската во Персепол во текот на зимските месеци, иако имаше мали напади од страна на потчинетите племиња во Персија. Намесникот на Карманија, следната провинција на Исток за среќа се покори и затоа беше оставен во служба. Богатството што Александар Македонски го најде во Персепол беше трипати поголемо од она во Суса.

Се смета дека таму нашол 120.000 таланти (околу 42.000.000 фунти). Освен тоа во Пасаргада, која му беше предадена без борба, Александар Македонски доби од куќата на богатството на Кир 6.000 персиски таланти (околу 2.100.000 фунти). Во текот на посетата на Пасаргада му оддаде особена почит на споменот на Кир, со тоа што му нареди на Аристобул да го декорира внатрешниот дел на гробницата на Кир. Тој гроб сé уште е зачуван.

Тоа е прв знак Александар Македонски да оддава голема почит кон основањето на Ахеменидската империја, а вредно е да се забележи дека тој тоа го покажа и пред смртта на Дариј, односно кога почна да се чувствува како наследник на Кир. Се претпоставува дека уште кога Александар Македонски беше млад и го читаше делото на Ксенофон, Киропедија, Кир побудил големо восхитување.

Во почетокот на пролетта 330 година, Александар тргна да ја окупира Екбатана (Хамадан) во Медија, последниот од персиските главни градови. Беше јавено дека Дариј можел да биде таму. По поразот кај Гавгамела, Дариј избегал преку курдиските планини со неколку свои единици во Екбатана. Набргу, по пропаста, некои од единиците му се придружија и Дариј започна да формира нова војска.

Тој се надеваше дека Александар Македонски и неговите единици ќе останат долго во луксузниот логор на западниот замок, или дека тој не ќе оди понатаму од Суса, а ќе се бори во Азија со курдските планинци, кои направија голем бедем, штитејќи ги иранските земји од запад. Независно од тоа дали Александар Македонски ќе тргне во поход против него или не, Дариј планираше да ја отстапи Бактрија на Далечниот Исток и да оди по пат непрооден за Александар Македонски, опустошувајќи ја земјата каде што минуваше.

Секако, тој го испрати харемот и багажот кон Касписките премини и го чекаше текот на настаните од Екбатана. Кога Александар Македонски отиде на север во правец кон Екбатана, патем ги потчини Партијанците, беше известен дека Дариј, потпомогнат од Скитијанците и Кадисијанците, му се заканува со борба. Веднаш го остави својот багаж зад себе и тргна напред во борба. Наскоро разбра дека очекуваната помош не му дошла и Дариј се реши да бега.

Покрај тоа што Александар Македонски забрза со својата војска, сепак задоцни во Екбатана. Пред една недела Дариј беше избегал кон исток со 3.000 коњаници и 6.000 пешаци, земајќи со себе 7.000 таланти. Тоа беше големо разочарување за Александар Македонски, па затоа се подготви и тргна кон запад да го гони Дариј.

am39-3
Александар – кралот на Античка Македонија

Ако со пожарот во Персепол Александар Македонски им покажа на античките Грци дека смета оти војната за одмазда е завршена, сега ја доведе таа идеја до својот логичен крај: ги отпушти и ги испрати дома со многу богат плен. Благодарение на победата кај Мегалопол тој ја задржа Античка Грција под своја власт и повеќе не му беше потребно да ги води со себе тие сојузнички единици за заштита или како заложници.

Меѓутоа, мал дел од нив не сакаа повеќе да останат, додека со негова дозвола повеќето сакаа да породолжат да му служат, но како наемници, а не како сојузници. Александар Македонски сметаше дека е завршена неговата посебна позиција како „неограничен стратег" во борбата за одмазда која му беше доверена во 336 година од Федералниот совет на Коринт. Остана хегемон на Лигата како и порано, а тоа беше доживотно именување. Сега панелинистичката борба беше предмет на минатото.

Ентузијазмот со кој на својата дваесетгодишна возраст ја прифати оваа идеја пред шест години, мораше многу одамна да олади поради лошото искуство што го стекна во меѓувреме со античките Грци. Но, никогаш не се откажа од таа идеја. Тој успеа во тоа, потпирајќи се врз својата голема амбиција што сé уште продолжи да го инспирира за да го трасира патот на античката грчка култура на Исток. Оттогаш немаше повеќе две посебни цели во војната и можеше да се посвети на идејата за непречено освојување.

am39-4
Споменик на лав во Екбатана

Тоа зборува за значењето на Александар Македонски како државник, кој пред да оди на Далечниот Исток, ја централизира целата финансиска администрација. My нареди на Парменион, кој го донесе богатството од Суса и Персепол, вкупно 180.000 персиски таланти (околу 63.000 000 фунти), да го депонира во тврдината на Екбатана.

Потоа да го донесе кај Харпал, кој дотогаш раководеше со војничката благајна, a cera беше именуван како царски благајник. Александар Македонски ја прекина употребата на парите од персиските кралеви и нареди да се употребуваат негови златни и сребрени монети, чии ефекти беа значајни. На Парменион му довери да го чува кралското богатство, а му ја остави и дивизијата во Екбатана, како и сите други важни задолженија за заштитата на комуникациите во заднината.

Тоа беше многу почесна и крајно одговорна наредба која му беше доделена на заслужниот стар генерал. И покрај тоа, тој малку се чувствуваше омаловажен, но очевидно грешеше. He само неговите седумдесет години, кои изгледа не одговараа и му пречеа за такви напори, туку и спротивноста меѓу нивните погледи. Сето тоа на Александар Македонски веројатно не му одговараше. Така, ослободен од сите ограничувања, од панелинистичката идеја и од еден толку често незгоден ментор, Александар Македонски можеше да оди на Далечниот Исток.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.