Среда, 20 Јуни 2018   
Александар Македонски (37)

am37-1

БИТКИТЕ КАЈ ГАВГАМЕЛА МЕЃУ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И ПЕРСИСКИОТ ЦАР ДАРИЈ

Плашејќи се дека на начин што предходно го одбраа Перијците нема да успеат на земјиштето што претходно не беше израмнето, Дариј им нареди на Скитијанците и на бактријанските коњи, кои беа напред од неговото лево крило, да го нападнат Александар Македонски отстрана. Александар Македонски, пак, испрати лесна коњица да ги пресретне што ја постави пред крајната граница десно, за вакви итни потреби. Додека коњицата вршеше жесток напад, колите со косила беа пуштени на десно. Но овој напад, на кој Дариј најмногу се надеваше, доживеа целосен неуспех.

Делумно возачите беа погодени или тргнати од нивните борбени коли од Агријанците и од стрелците поставени за оваа намена, а делумно од брзото повлекување: единиците на Александар Македонски формираа борбени линии низ кои колите поминуваа без да направат голема штета, се додека не беа совладани од коњушарите на Александар Македонски - маневар што беше брилијантно изведен и што потсетува на случаите на преминот кај Шипка.

Двете линии на борбата многу се приближија. Тогаш Александар Македонски забележа спроти себе една празнина во персиската лева страна, помеѓу Дариј и единиците на коњи кои ги поддржуваа Скитите и Бактријците. Неговото соколово око виде дека дојде моментот за офанзивен напад.

На чело на следбениците втрча во празнината и започна да се врти кон лево со цел да ја сврти непријателската линија кон центарот, додека веднаш потоа македонската фаланга со своите долги копја започна страшен напад врз челото.

Кога Дариј, збунет од оваа брза измена во позицијата, го почувствува страшниот напад на Александар Македонски, слично како и кај Ис, ја заврте својата кола назад и беше првиот кој избега. Стражата што беше најблизу формира еден круг околу него, а потоа им се придружија и другите единици во центарот и на левото крило.

Притоа Александар Македонски не беше во можност да го гони и да постигне целосна победа со фаќањето на Дариј. Неговото лево крило под команда на Парменион беше сé уште зафатено во многу опасна борба со персиското десно крило под команда на Мазај, кој успеа да го заобиколи крилото на својот противник. Бесмисленото бегање на Дариј беше дотолку несфатливо, бидејќи битката во целина сé уште не беше решена.

Освен тоа, индиската и персиската коњица на десното крило, со навлегувањето во празнината направена од брзото настапување на фалангата, успеа да ја пробие втората линија на Александар Македонски. Меѓутоа, наместо да свртат околу и да нападнат одназад, недисциплинираните ориенталци побрзаа да го пљачкаат логорот на Александар Македонски. Притоа, добро водената втора линија, со тактичкиот план на Александар Македонски, ги заобиколи и ги нападна одназад, принудувајќи ги брзо да се повлечат со големи загуби.

am37-2
Битка меѓу Александар и Дариј

Тоа беше онаа отстапувачка маса на коњица што се судри со Александар Македонски, кога на итното барање на Парменион отиде да му помогне. Нападите на коњицата сега беа многу жестоки, а Индијците и Персијците очајнички се бореа за своите животи. Александар Македонски загуби во оваа битка не повеќе од шеесетина свои следбеници, а неговиот најмил пријател Хефестион беше ранет.

Кога ориенталската коњица брзаше да избега, а Александар Македонски брзаше накај Парменион, се покажа дека неговата помош не беше веќе потребна, затоа што тесалиската коњица во меѓувреме излезе како победничка. Така, победата беше целосна долж борбената линија.

Е, тогаш веќе Александар Македонски можеше да го прогонува Дариј. Се додека не се стемни тој јуреше по него. По одморот на коњицата од другата страна на Лик (горен Заб), тој повторно тргна по полноќ и наредниот ден допатува во Арбела каде што го најде богатството и багажот на Дариј. Меѓутоа, главниот воен плен на победата беше загубен. Кралот не можеше да биде фатен, бидејќи избега предвреме, само со неколку придружници преку курдските планини во Медија.

Во Арбела Александар Македонски го прекина гонењето. Наместо да го следи бегалецот во непознат правец, тој сметаше дека е многу поумно да ги собере плодовите на победата и да ги заземе централните земји на Ахеменидите со нивните главни дворци и богати куќи. Александар сега и официјално ја усвои титулата Крал на Азија, што му ја вети пророштвото од Гордиум и што ја побара во своето прво писмо до Дариј.

am37-3
Александар, Дариј и Хефестион

По битката тој јавно беше прокламиран за Крал на Азија. Тој акт на признание можеше да произлезе само од собранието на македонската војска, иако дотогаш таа имаше право и можност да прогласи крал единствено на Македонија. Несомнено, идеја и формула за тоа даде Александар Македонски. Прокламацијата за суверенитет, одбележана со највисок степен на прослава на победата кај Арбела, беше придружена со величествено приложување на жртви на боговите и со богати подароци на своите пријатели.

Од посебен интерес е да се спомне дека Александар Македонски не само што се претстави како освојувач на Азија, туку ја покажа и својата позиција како хегемон на Коринтската лига. По победата нареди во сите територии на античките грчки сојузи да се спречи тиранијата и сите тие градови повторно да ги добијат своите автономии. Тој морал да знае дека во времето кога Антипатер во извесна мера ги заштитуваше тираниите, предизвика многу пролевање на крв во Античка Грција.

Неговото неспокојство во врска со резултатот на судирот со кралот Агис, за што тој ништо не знаеше, морало да му го сугерира овој проглас како средство за натамошно приближување кон Агис. Тој ја издаде таа наредба без соработка со Федералниот совет затоа што можеше да смета на благодарноста и одобрувањето на целиот антички свет, иако веќе ја надмина моќта како хегемои.

Во тој однос, веродостојно е потврдено дека по победата повторно ги смири Платеанците со обновувањето на нивниот град, она што Филип Македонски им го вети по Херонеја. Тоа го направи затоа што нивните прадедовци ја отстапиле својата територија за потребите на античките Грци во борбата за ослободување од Персијците (479). Покрај тоа, тој испрати подароци и до Кротон во Долна Италија, бидејќи нивниот граѓанин Фаил беше единствениот антички Грк од Италија кој се бореше на страната на Елините кај Салам.

am37-4
Битките кај реката Тигар

Така, Александар Македонски ја спои својата победа со древните победи на Платај и Салам и повторно го нагласи националниот панелинистички карактер на војната. Пред битката тој веќе го докажа својот близок однос со обединетите антички Грци во оваа војска.

Бидејќи јаваше сам по должината на фронтот, дојде до тесалиската и до другите коњаници на Античката грчка лига и кога тие извикаа дека треба да ги поведе против варварите, го зеде копјето во левата рака, a ja крена десната кон небото, се помоли како вистински син на Зевс, за боговите да им помогнат на Елините.

Во тој момент на силна возбуда, кога веројатно сеќавањето на поволното пророштво на Амон му ја зајакна довербата за победа, исповедта за своето право како син на Бога му дојде на усните и како син на Зевс им се помоли на боговите да им помогнат на античките Елини и на неговата војска.

He ce знае што им рече претходно на своите Македонци на десното крило и во центарот, но може да се претпостави дека не им кажал ништо за своето право како син на Бога, бидејќи тој беше син на Зевс само за античките Грци.

Од Арбела Александар Македонски ја поведе својата војска на југ кон Вавилон. Очекувајќи отпор, тој се приближи во борбен строј. Но, Мазај кој побрза од Гавгамела и дојде во Вавилон каде ја презеде командата, излезе во свечена молбена облека да го пречека Александар Македонски и му го предаде градот.

Мазај беше следен од свечена врволица составена од главните татковци на градот, меѓу кои и Багофан, командантот на тврдината, како и персиски и вавилонски свештеници и целото население кое беше наседнато по ѕидините на градот, туркајќи се од голема љубопитност да го види својот нов крал.

Тоа беше неповторлив спектакл од големо значење за историјата на светот, низ улиците украсени со цвеќиња и венци и меѓу олтарите со облаци од темјан. Александар Македонски влезе во оваа престолнина на Ориентот, која од времето на Хамураби беше душата на Исток, а сега првпат е освоена од еден западен освојувач. Александар го зазеде кралскиот дворец и сега no жестоките борби неговата војска се забавуваше во луксузните квартови на грешниот Бабел.

Co победата кај Гавгамела и со укинувањето на персиското владеење над Вавилон, Вавилонците како и Египќаните видоа во Александар Македонски свој крал и преку своите свештеници му понудија посебен суверенитет што тој го прифати. Така, тој ги обедини Вавилон и Египет со другиот дел на Азискоатичката империја.

Необичноста на оваа вавилонска монархија потекнува уште од времето на Хамураби (околу 2000-та година), кој го направи Вавилон главен град на Вавилонија, a сега Александар го присвои правото светски суверенитет над Вавилон, концепција која во третиот милениум веќе имаше значајна улога во историјата на Месопотамија.

Од времето на Хамураби постоеше Мардук, глаен Бог на Вавилон, кој заедно со престолот на Вавилон му го подари на Александар Македонски владеењето над „четирите страни на Земјината топка", а тој сам се сметаше за законски крал кој на новоголишниот фестивал му ги стисна рацете на Мардук во храмот. Оваа традиција беше исполнувана од сите претходни династии и од Кирус пронаоѓачот на ахеменидското борбено постројување.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Спогодба за уништување на македонската нација

АВСТРАЛИСКО МАКЕДОНСКИ ТЕАТАР ОД СИДНЕЈ-AUSTRALIAN MACEDONIAN THEATRE OF SYDNEY Спогодба за уништу...

Историја

News image

Маkедонiя и младотурkи - Aлеkсандръ Амфитеатровъ (1912)

              Рускиот патеписец Aлександар Амфитеатров во 1912 г., говорејќи за битк...

Иселеници

News image

Д-р Игор Јанев – бранител на името на Македонија

Меѓу големиот број Македонци со различно образование, зани...

Култура и туризам

News image

Дела на Славе Катин посветени на црковното и духовно-националното живеење

Славе Катин припаќа на Преспа, на Македонците во дијаспората, на етничка Македонија и на Македонскат...

Фељтон

News image

Александар Македонски (41)

Во текот на битките во Источен Иран, картата покажа дека погрешно беа претставени не...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.