Среда, 16 Мај 2018   
Александар Македонски (32)

am32-1

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВОЗДИГНАТ НА СТЕПЕН НА БОЖЕСТВО ВО ЕГИПЕТ

Хиероглифските текстови сведочат дека Александар Македонски ги носел традиционално кралските титули, како и неговите персиски и египетски претходници. Од петте титули вообичаени од средината на третото столетие пред нашата ера што му беа доделени на Александар Македонски, првата, четвртата и петтата се дознаваат од натписи. Како „Хорус" (I), тој беше наречен „силниот принц", со додаток „оној што става рака на земјите на туѓинците", или „заштитник на Египет".

Како „крал на Горен Египет и крал на Долен Египет (IV), беше наречен „Саканиот од Амон и избраниот од Ра"; и на крајот како „син на Ра" (V), тој беше наречен „Александрос". Овде Хорус титулата „оној што става рака на земјите на туѓинците" изгледа била измислена само за Александар Македонски, додека другите титули биле доделувани пред неговото време. Овие титули докажуваат две работи за Александар Македонски: неговата посебна сувереност над Египет и неговото воздигнување на степен на божество.

Веројатно новата титула Хорус ја покажуваше неговата моќ надвор од Египет или според египетските поими на неговиот суверенитет распространет по целиот свет. Меѓутоа, нагласката лежи во титулата „крал на Горен и Долен Египет", со која тој посебно е означен како крал на египетската држава. Овој натпис кажува дека Александар Македонски го прифати престолот што му беше понуден од свештениците, веројатно од највисокиот свештеник на Мемфис.

Неговото целосно однесување во Египет, меѓутоа, треба да се опсудува од оваа гледна точка. Според тоа, за Египќаните Александар Македонски беше нивни специјален крал, кој лично го обедини и го приклучи Египет кон своето кралство, како што Карло Велики ги донесе Ломбардите во својата империја, со тоа што стана нивни крал. Пред тоа, ниту во Лидија ниту на кое било друго место не сакаше да има посебна позиција, а подоцна ќе се види дека тоа ќе се случи само еднаш и тоа во Вавилон.

Кон овие две држави на древната цивилизација - Египет и Вабилон, на Нил и Еуфрат, кои многу столетија беа духовни водачи на Исток, се имаше посебен однос во империјата на Александар Македонски. Тие беа со прастари традиции, па затоа и бараа таков однос.

Од најстари времиња божеството било поврзано со египетскиот суверенитет, бидејќи фараонот бил сметан како инкарнација на најголемиот Бог. Гореспоменатите титули на божество доделени на Александар Македонски беа изразени во три ранга: како Хорус беше Бог, како син на Ра беше син на Господ, титула што се употребуваше од петтата династија дотогаш, означувајќи дека оној што ја има таа титула е роден од Ра со мајката кралица; најпосле .тој беше миленик на боговите, како „сакан од Амон", избран од Ра, двете фрази кои веќе беа прифатени од поранешните кралеви.

am32-2
Мемфис

Во тоа време Египет беше единствената земја на Исток во која монархијата и божеството беа неразделни, a co тоа на народ од околу седум милиони, Александар Македонски беше оној што ги доби божјите почести. Но, за Александар Македонски ова египетско прогласување за божество имаше чисто локално значење; надвор од Египет тоа немаше никакви ефекти.

Потврдено е дека Александар Македонски им принесе жртва на другите богови како и на Апис, кој не беше бог туку свето животно, припаѓајќи кон култот Птах. He ce знае дали тоа го направи пред или по преземањето на државата на фараоните. Можеби принесувањето жртва на Апис беше прво кралско принесување на жртва следено со неговото востоличување во храмот на Птах.

Принесувањето на жртва на Апис беше врзано со тоа што тој сакаше да остави силен впечаток кај Египќаните. Ништо повеќе не го раздразни отколку убивањето на бикот при жртвувањето, ниту Камбис, а потоа ниту Окус. Од поодамна култот на Апис немаше само локален карактер, туку беше еден од оние што се прославуваше речиси насекаде. За преземањето на овој чекор Александар Македонски, меѓутоа, имаше политичка цел од поставување на себеси во опозиција на неморалните Персијци.

am32-3

Скудни и случајни се египетските информации од времето на Александар Македонски, но има доказ дека тој ги изврши своите религиозни обврски во земјата на фараоните. Тој нареди да се обноват светите места во храмот на Тутмес III во Карнак и во храмот на Аменхотеп III во Луксор.

Меѓутоа, Александар Македонски не дојде во Египет да ја прошири само египетската култура, туку неговата желба овде, како и во претходно освоените земји, беше да го трасира патот на античката грчка култура. Египет не беше непозната земјата за античките Грци. Уште од седмиот век бројни антички Грци работеа како трговци кај египетските   владетели, а некои од нив и се населија во земјата.

Од владеењето на Псаметик I во Канопската притока во делтата на Нил, имаше вистински антички грчки полис, Наукрат (откриен во близина на сегашниот Небирех), во кој особено по реорганизирањето на кралството од Амас, беше концентрирана нивната трговија. Дури и во главниот град Мемфис имаше античка заедница, таканаречена Елиномемфити, потомци на оние јонски наемници што му помогнаа на Псаметих да ја основа својата династија.

Додека наукратите законски беа спречени да се женат со девојки од местото и ја задржаа чиста својата раса, во заедницата на Мемфис каде што забраната не постоеше, имаше многу мешани бракови.

Затоа таму, како и во Наукрат, дојденците беа обединети во еден „Елинион" заради обичното античко грчко богослужение и живеење. Има докази во врска со нивниот културен живот, а тоа се два стари папируси кои се од времето на Александар Македонски. Едниот „Персеј" од поетот и музичарот Тимотеј, сведочи за култивирањето на античката литература, додека „Клетвата на Артенисија" пред Осерап, богот на Серапеим, ја открива врската на античката грчка и египетска култура.

am32-4
лександар Македонски во Египет

Колку се радуваа овие Елиномемфити кога Александар Македонски влезе во градот! Тие веројатно се надеваа дека започна новата ера на културата во Египет. Тие малку се разочараа во своите надежи, како и Египќаните во своите. Александар Македонски знаеше точно како да ги задоволи Египќаните, особено нивните религиозни потреби и да го прошири античкото грчко влијание во Египет. Во ова прво влегување во Мемфис тој ја изрази оваа двојна програма на симболичен начин: по принесувањето жртва на Апис, во центарот на Египет, првпат по изградбата на пирамидите, тој одржа натпреварување во гимнастика и музика, на кои беа повикани најславните уметници од Античка Грција.

Се верува дека Александар Македонски сакаше да ги воведе античките игри во култот на египетските богови, па дури и со принесувањето жртва на Апис; на тој начин свечено го започна спојувањето на двете различни цивилизации. Неговата цел не беше да ја измеша античката елинска и египетска култура.

Напротив, до египетскиот култ ги смести игрите како нешто различно по својот вид и како чисто античко грчки, со цел да ја афирмира својата програма уште од самиот почеток: без предрасуди кон египетскиот култ, античкиот начин на живеење, гимнастика, уметност и литература во чест на античките богови треба во иднина да имаат дом и во Египет.

Најголемиот придонес на Александар Македонски при вклучувањето на Египет кон античкиот свет беше основањето на градот Александрија. При крајот на 332 и во почетокот на 331 година, тој тргна од Мемфис во придружба само на мали воени единици, лесно вооружени хипаспити, стрелци со лак и стрела, Аргијанци и кралски следбеници. Одејќи понадолу од западниот ракав на Нил се до Каноп, тој сврте лево и на линијата помеѓу островското езеро Марот и островот Фар основа град кому му го даде своето име.

Тоа беше прво основање што Александар го направи на овој поход, бидејќи претпоставката дека тој претходно ја основа Александрија кај Ис (Александрета), е прашање за расправа. Откако длабоко навлезе во Азија, Александар формира поголем број нови градови. Основањето на град на египетскиот морски брег не беше бесцелно. Тешко е да се каже дека беше од воен карактер, бидејќи за да го контролира Египет, единиците не требаше да се концентрирани на брегот туку во Мемфис или близу до него.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка опција која има и сила, знаење, мотивација и човечки потенцијал

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка опција која има и сила, знаење, мотивација и чове...

Историја

News image

140 години од МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во Кресна, Пиринска Македонија!

Печатот на Главниот штаб на МАКЕДОНСКОТО востание, на кој убаво се чита им...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (15)

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личнос...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (13)

ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

Фељтон

News image

Александар Македонски (54)

Овде, во Опис, на најблиската точка до Вавилон и на линијата за комуницирање со Запа...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.