|
|
| Македонија од 1912 до 1941 година (прв дел) |
|
Од Академик Катарџиев во книгата „Македонија во 20 век“ издадена од „Култура“ Голем дел од македонското население било мобилизирано и се случувало најблиски роднини, вклучително и браќа, да носат различни унифиорми. Тоа значело дека тие морале да се борат едни против други и да гинат за туѓи интереси. МАКЕДОНИЈА - ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА Грците не ги прогонуваат само сите живи Македонци, кои еднаш ги именуваат ’бугарогласни’, втор пат ’словеногласни’ туку и сите мртви Словени (Македонци) чии гробишта се наоѓаат во цела Македонија. Тие ниту во гробот не ги оставаат на мир, од крстовите ги бришат натписите на македонските натписи , ги вадат коските од гробовите и ги горат“. Овие зборови ги запишал еден Англичанец кој во 1928 година пропатувал низ повеќе места во Егејска Македонија вчудовиден од теророт што го вршеле Грците врз Македонците.
Злосторства од страна на грците врз македонското население во Егејска Македонија
За Македонците особено тешки биле годините по Грчко-турската војна од 1919 до 1922 година. Со потпишувањето на Конвенцијата за размена на население, Грција населила 640.000 бегалци од Мала Азија во Егејска Македонија, што целосно го изменило етничкиот состав на населението. Бегалските семејства ги сместувала во куќите на Македонците и им ги делела нивните имоти продолжувајќи со нивно принудно иселување, со насилства и убиства. „Оваа појава беше најкарактеристична во пограничните реони со цел животот на Македонците да се направи неподнослив. Присилното сместување беше проследено и со одземање ниви, инвентар и друга покуќнина“, пишува Тодор Христов Симовски во "Населените места во Егејска Македонија“. ![]() Во тие страшни години најголемиот терор врз Македонците го вршеле ултранационалистичките организации создадени од грчката држава или, пак, со нејзин благослов. По насилствата што ги вршеле врз нив Македонците најмногу ги запаметиле „Грчко-македонска тупаница“, Националната организација на младите (ЕЕЕ) и организацијата "Павлос Мелос", Националниот сојуз на Грција, попознат меѓу македонското население како „Челични шлемови“ со профашистичка ориентација, и Тајната национална организација (ЕМС).
Грци
Симовски подвлекува дека истовремено во цела Македонија биле формирани специјални одреди, наводно, за да ги гонат комитите, а всушност да го малтретираат македонското население. Тогаш тие вршиле масовни апсења и убиства. Во меморијата на македонскиот народ најдолго остана запаметено убиството на 19 Македонци од селата Трлис, Караќој и Ловчен. По невиденото крвничко тепање биле ликвидирани на 27 јули 1924 година. За колежот дознала цела Европа, чии весници нашироко пишувале и го осудувале теророт што го вршела Грција врз словенското население. ![]() Но, критиките на демократска Европа како да не допирале до грчките власти. Една година подоцна биле извршени масовни апсења на повеќемина Македонци од Лерин и неговата околина. Голем број од нив биле осудени на смрт и стрелани, а другите испратени во грчките затвори. Во асимилирањето и протерувањето на Македонците од просторите на кои живееле со векови грчките власти најчесто ги користеле националистите кои биле нивна моторна сила. "Тој метод на грчкиот национализам му бил познат на светот. Во едно списание на француски јазик од 1927 година е објавена мала статистика за резултатите од грчкиот терор во Егејскиот дел на Македонија меѓу 1919 и 1926 година. Според неа, биле извршени 104 убиства, 95 силувања, од кои 26 врз девојчиња под 14-годишна возраст, 17 пожари, 3.464 притворања, 2.327 мачења, 1.165 ограбени и истерани семејства", пишува академик Катарџиев во книгата „Македонија во 20 век“ издадена од „Култура“. ![]() Положбата на Македонците станала уште понеподнослива со воведувањето на диктатурата на Метаксас. „Балкан коресподенц“ во 1934 година пренесува една куса информација од режимскиот весник „Хеленикон Мелон“, кој пишува: „Македонците со оковани раце и нозе се транспортираат во визбите на жандармериските згради, каде што ги мачат со средновековни направи за мачење. Фашистичките агенти на организациите ЕЕЕ, на Павлос Мелас итн. го тероризираат сето македонско население во селата Каленик, Висоштани во Леринско и во сите македонски села во Костурско“. И една друга информација од истото списание говори на каков терор биле изложени Македонците. „Од Серес (Источна Македонија) се јавува дека секојдневно во тамошните затвори се затвораат ''славо''- македонци поради смешни долгови од 60 до 100 драхми кон државата или аграрната банка“, пишува „Балкан коресподенц“. (продолжува) |



























