Среда, 13 Јануари 2010   
Ослепените Самоилови 15.000 војници станале просјаци- гуслари а просјачењето станува професија

Македонските слепи гуслари од битолската просјачко- гусларска традиција ги опевале битките и живееле од милoстина. Од тука самиот принцип на музичар – просјак и воопшто просјак станува традиција и професија, па просјаците до ден денешен ги има на овие простори. Османлиите казнувале со ослепување, а на слепиот му преостанувало само да проси и пее. Од тука излегуваат многу значајни епски песни.

(Прв дел)

Цар Самоил15.000 ослепени воини, изгубена битка, јад и ужас. Се запрашал ли некој што се случило со ослепените воини, како им продолжил животот, од што живееле? Слепи и разочарани од животот, гладни и немоќни. Ни храброста не била веќе нивно обележје, туку само стравот и гладот биле нивни единствени пријатели. Се имале и самите себе си, и нивните пријатели по битка, останатите ослепеници.Македонскиот народен раскажувач и пејач отсекогаш со посебен интерес ја следел впечатливата појава на просјаците и на просјаците-свирачи и во своите записи ја регистрирал со поединости и верно. Причината била едноставна, биле толку бројни и катадневни што, всушност, станале неодминливи.

Има две предајни токувања и за нивната бројност и потекло и сепак се извлекува заклучок дека корењата треба да се бараат во ослепените Самоилови војници.

Според оваа хипотеза, најголемиот број Самоилови ослепени војници, и оние од првиот бран по Беласичката битка, кој изнесувал околу 15.000, како и од второто ослепување, потекнувале од градовите: Битола, Прилеп, Охрид и др. Неспособни за живот се оддале на просење пеејќи ги песните за битките во кои учествувале, но и песни што биле популарни. Така го заработувале својот леб и ја граделе македонската, пред се, битолската просјачко-гусларска традиција.

Од стотината фрески и икони што го обработуваат слепилото, а распространети се на подрачјата на поранешна Југославија, сосема мал е бројот на оние што го отсликуваат животот на просјаците-гуслари.

Сепак некои илустрации од средновековните книжевни споменици го поправаат впечатокот. Така, една минијатура од “Александрида“ од 14 век отсликува група трпезариски свирачи.

На дрвената порта од манастирот Св. Јован Продром од село Слепче (Демир Хисар-Битолско), која, инаку потекнува од крајот на 15 или почетокот на 16 век невешто и грубо, но со јасни контури изрезбарена е едноструна гусла во рацете на гуслар кој седи во типичната, скрстнозе поза.

На иконата “Хвалите Господа“, псалм 149 од село Кучевиште, Скопска Црна Гора, а која потекнува од 17 век, прикажана е триструна гусла.

Имиња- Иако се тврди дека “просјак“ е понов термин и дека него го употреувале “разумните“ (школуваните луге), во Македонија има долга традиција и широка примена. Го среќаваме во книжевните дела на К. Пејчиновиќ, во лексичкиот фонд на К. Шапкарев, во тетовскиот и гевгелискиот говор кога се говорело за битолските просјаци. Се наоѓал и во говорнатa комуникација во Егејска Македонија, каде покрај “просјак“ го имало и “просек“, додека во дебарските говори наспроти “просач“ паралелно го имало и “питач“. Се среќавал и во говорот на Кратовската каза, оттаму и терминот “просјачки песни“, кого го употребувал Е. Каранов.

Прилепско просјачко-гусларски центар

Разгранет и голем по значење, кој не ретко се идентификувал со најголемиот во Македонија, Битолскиот, е Прилепскиот просјачко-гусларски центар. Почетоците можат да му се поврзат со ослепените Самуилови војници, но и со прилепските бројни цркви и манастири, со панаѓурите, посебно со најголемиот, познат во целата Турска империја, Прилепскиот, но и со локалната и семејната традиција да се има разбирање и почит кон оние што ја имаат потребата од милосрдие на другите.

Инаку, и прилепските просјаци-гуслари, како и сите други од нивниот ранг, живееле со животот и правилата на еснафлиите. Се помагале меѓусебно, меѓусебно го предавале занаетот, имале поединци кои го стекнале звањето “протомајстор“, имале и заеднички враталишта, имале и заеднички еснафски празници, засебни продавници во кои го нуделе испросеното за продавање и од каде, кога се појавувала потреба тие или нивните семејства додека биле на пат, позајмувале пари и прехрамбени или други производи.

Прилепските просјаци-гуслари имале и богат и разновиден репертоар. Покрај обврзните преткуќници и клањалици, за кој укажува М. Цепенков, пееле и епски песни, најмногу јуначки. Па така, изгледа Ј. Цвијиќ е во право кога прилепските просјаци-гуслари ги прогласува за главни сејачи на “крали марковските песни“ на Балканот.

Прилеп не само што бил центар на просјаците-гуслари, ами и станал и центар за изработка на прочуената низ големиот дел на Македонија “пролепска гусла“, која ќе стане урнек за многу други. Ја правеле мајстори-дограмаџии. Инаку, оваа “прилепска гусла“ е крајно едноставна во изработката, оспособена не само да ги следи песните во индивидуалните настапи, ами да послужи по потреба и како ороводен инструмент.

Крајот на Центаров е 40-тите години на овој век и тој наполно премина во историјата со смртта на последниот претставител, стариот, многу ценет и почитуван, третиран за рудимент на едно одминато, но славно време, гусларот Апостол Секуловски. Тој не прифати подмладок, зашто немаше таков и заедно со него замина и неговиот занает и уметноста што се градеше низ вековите, можеби и милениуми во Прилеп.

Божјаци-Толку честиот термин “божјаци“ во некои балкански говори, а со значење просјак и во македонските говори станал вообичаен. Се среќавал во говорот во Прилеп и Прилепско, Тетовско, во Гостивар и Скопје. Една збирка раскази од Б. Станковиќ го има името “Божјаци“. Како во минатото така и денес со него се именува оној што проси.

Првиот македонски свирач од 14 век е Преде Свирец. Терминот го среќаваме во една “Александрида“ од овој век, но и во турските документи од овој век во кого се забележани околу 30-тина имиња на македонски свирачи.

Основната стратегија врз која го граделе успехот било предизвикување сомилост. Искинатите, парталави, мрсни и одбивни алишта требало, притоа да бидат на ударен поглед. Од тие причини некои, кои во кругот на семејството и во местото каде што живееле, се движеле со чисти и понови алишта, а некои сосема нови, држеле во ковчезите за посебни прилики и за умирачка, на пат тргнувале со специјалните, искинати злишта. Така постапувале и последните просјаци-гуслари од Прилеп и Охрид, Апостол и Ѓелија

Покрај христијанските, проселе и муслиманските калуѓери.

Група просјаци станале верни чувари на муслиманските свети гробишта. Денот и ноќта ги врвеле таму издржувајки се исклучиво од милоста на минувачите. Сепак побројни биле оние што крстосувале по патиштата.

Забавувачи-Средновековниот забавувач не е свирач, не е пејач, тој е и свирач и пејач и глумец, тој, всушност е синкретична појава.

Во “Александрида“, препис на Псевдокалистеновиот роман за Александар Македонски од крајот на 14 век, се наоѓаат свирачи на дувачки инструменти покрај кои стои забелешката “праскавници“, а од групата од четири свирачи на мал барабан (тарабука) псалтир (харфа), лаута (мала тарабука) и гусла.

Не еднаш е истакнато дека 15 век за јужнословенскиот фолклор, посебно за јужнословенската епика е пресвртниот миг кога се вршат длабоки и коренити промени, кога старите теми им отстапуваат место на темите на денот: на пленувањата и одведувањата во ропство, на ограбувањата, рушењето на слободата на балканските државички, на поединечните или воените судири, но и на појавата на новите заштитници од форматот на Марко Крале, Милош Обилиќ, Волкашин, Момчило војвода и др. , кои, токму заради таа улога влегуваат во новиот мит и го градат новиот профил на народниот предводник. Овој век врши и длабоки промени и во оркестариумот, зошто со туѓите војници и доселеници од Мала Азија, доаѓаат и новите музички инструменти и новите тонови, кои полека се втиснуваат освојувачки во нашиот музички живот.

Слепило и слепи - Големата сипаница (Вариола вера, “Баба шарка“) е основниот виновник за огромниот број лични трагедии и за масовниот број слепи во нашите краишта. Од оваа болест останале слепи речисиси сите просјаци-гуслари меѓу кои и Ванѓел Кипаризовски, Апостол гусларот, Коста Михајлов Најче и др.

Дека болеста била честа гостинка во нашите краишта и дека луѓето имале долго искуство со неа и дека рано сватиле дека таа е заразна и дека болните треба да се издвојат во карантин, покажува и фреската “Чудата на Михаил Архангел“ од 1341 год. во Лесновскиот манастир.

(продочжува)
 

На прво место

News image

СМК бара потекло и конфискација на имотите на Љубчо Георгиевски

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со внимание ја проследи веста на порталот “Македонска нација“ за ...

Историја

News image

Мајски манифест

Мајскиот манифест од 1924 година бил манифест на Внатрешната македонска револуционерна организација...

Иселеници

News image

АПЕЛ ЗА СПАС НА ФК. ПРЕСТОН МАКЕДОНИЈА

Не постои ниту еден Македонец денес во Мелбурн, Викторија,...

Култура и туризам

News image

Зубовце - обичаи за Св. Трифун

Во чест на Св.Трифун, заштитникот на лозјата и градините, на 14 фебруар оваа годинава во Зубовце ќ...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (17)

Во моите рани христијански години, поголемиот дел од моето религиозно образование, ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.