Среда, 23 Декември 2015   
Развој на писмото и јазикот во Античка Македонија (8)

anticka-makedonija-1

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Според многу лингвисти, писмото на човечката цивилизација датира од околу 3.000 години п.н.е. (Тхе Тимес Атлас, 1986). Овој изум бил од основна важност за развојот на културата и цивилизацијата воопшто. Во почетокот служело за евиденција на луѓето, стоката, инвентарот, производите во земјоделието, техниката и други, како и за праќање разни пораки на далечина, за генеолошка евиденција, религиски пораки, сметководствени потреби итн.

Покрај археологијата, пишаните податоци во вид на епиграми на глинени плочки, папирус и слично, претставуваат извонредни и автентични историски сведоштва и можат да послужат како важни извори за изучување на историјата, економијата, географијата, јазиците, разни дијалекти и друго.

Не навлегувајќи во еволуцијата на писмото воопшто, се сметало дека тоа во егејскиот свет навлегло од исток, од Месопотамија и Египет. Така на пример, на Крит се употребувало линеарно писмо А, околу 1.700-1 450 г. п.н.е.,а подоцна, на Крит, во Микена и на Пилос линеарното писмо Б, од 1 450-1. 200 г. п.н.е., а потоа е користено феникиското писмо. Бидејќи папирусот бил редок, според Херодот (V, 58), „се пишувало на овчи и козји кожи, а варварите и ден денес уште пишуваат на такви кожи”.

Феникиското писмо е прилагодено најпрво во Мала Азија од Хетитите, а потоа од Јонците, кои според истиот автор „научиле од Феничаните како се пишуваат буквите, па изменувајќи ги малку се служеле со нив и ги нарекувале феникиски букви, бидејќи Феничаните ги донеле во Елада”. Ова писмо подоцна е наречено алфа-бета, со погрешно дадено име „грчка алфабета”, зашто сите негови суштински елементи, како што е обликот на буквите, редоследот, називите, етимологијата и правецот на пишувањето, се идентични со феникиските.

Продорот на феникиското писмо во Егејот бил различен. Ако тоа се развило во Феникија во околу 1.200 г. п.н.е., на Крит стигнало меѓу 1.100-900 г. п.н.е., на Тера во околу 700-600 години п.н.е., во Атика, Коринт и Македонија околу 600 г. п.н.е., во Рим во околу 700-500 година п.н.е., додека во Атина дури во 403 година п.н.е. Овој настан во Атина се случил во време на Архонт Евклид, кога феникиското писмо е прифатено официјално, а дотогаш се користело „пелашкото писмо” (пелазгики графи), (Папаставроу, 1972, 61 и Лекс. Арх. Елин. Глоссис, 1916).

Спротивно на овие тврдења, археологот Гимбутас (1982), повикувајќи се на радиокарбонското датирање на археолошките наоди на Анзабеговската и Вршник културата во Македонија, истакнува дека линеарните знаци кои обично се наоѓаат на фрагменти на вазни, фигури и слично, потврдуваат дека првото линеарно писмо се јавува на крајот на VI и почетокот на V милениум п.н.е. Исто така се изнесува дека ова писмо е постаро од сумерското околу 2. 000 г и дека ова писмо се поврзува со религијата и изведувањата на култните обреди, што е речиси традиција на сите архетипски писма.

Најсовремените археолошки наоди на камената-карпеста култура на карпите кај Кратово во Источна Македонија од страна на археологот Алексовски, со артeфактите во вид на графити, стари помеѓу 5.000-900 година, каде се прикажани цртежи на ракотворби, христијански крстови и астромапите, сведочат за континуитетот на праисториското движење и дека Македонија била еден од центрите на културата на Балканот (Симјаноски, 2001 година).

За исконската старост на писмото во Македонија потврдуваат и археолошките пронајдоци на локалитетот во Илина Гора, Горно светилиште, Осинчани близу Скопје, кои датираат помеѓу 7.000-6.000 година п.н.е. (Иљов, 2.000 година), или на лoкалитетот во селото Дупјак (Диспилион) на југозападниот брег на Костурското Езеро во Западна Македонија. Покрај мегалитските утврдувања и остатоци на соеници-населби на колци, камени секири и други остатоци од материјалната култура, установена е и штичка со натписи, со линеарно писмо кое уште не е дешифрирано.

Сите овие материјали кои со помош на Ц-14 датирани дека потекнуваат уште од 5.260 година п.н.е., се чуваат во археолошкиот музеј во Костур и Дупјак. Инаку, локалитетот се наоѓа на околу 3,5 км од Рупиште или Арг Орестикон, од каде потекнува и Аргеадската македонска династија. Во Македонија исто така е пронајден и бронзен овален печат со старомакедонски текст, на локалитетот „Церија” кај Говрлево, близу Скопје, кој датира од околу 1.500 година п.н.е. (Иљов, 2.000 година).

anticka-makedonija-2
Орфеј, Александар Македонски

Покрај овие наведени факти, за автохтоноста и староста на писмото на Балканот сведочат и други многубројни истражувања, зашто слични наоди се најдени на околу четириесет локалитети, претежно во централниот дел на Полуостровот (Њинн, 1.981, 421). Овие пишани споменици на културата сведочат дека линеарното слоговно писмо е со сакрален карактер и е постаро од сликовното месопотамиско за околу два милениума. Така на пример Пешиќ (1.980 и 1.985), на база на петрографите на лепенската култура од VII и VI милениум п.н.е. и испитувањата на керамичките пронајдоци на винчанската култура од IV милениум п.н.е., реконструирал низа знаци кои смета дека го сочинуваат оригиналниот алфабет на линеарното писмо со фонетски вредности. Тој истакнува дека ова претставува праписмо на палеобалканската глосологија и извор на досега најстарите познати писма и наречено е „винчанско писмо”.

Досегашните истражувања влијаеле да се промени и дополни утврдената хронологија на појавата и развојот на писмото, која по негов предлог, со извесна модификација, гласи:

Хронолошка систематизација на историјата на писмото

1.  Протописмо или графити на Лепенски Вир (8.000-6.000 година п.н.е.)
2.  Македонско-костурско линеарно писмо (5.260 годи-на п.н.е.)
     Македонско-ресенско слоговно (фонетско) писмо (5.000 год. п.н.е.)
3.  Винчанско писмо-„винчаница” (5.300-3.200 година п.н.е.)
4.  Сумерско во Месопотамија (3.100 година п.н.е. до 75 година н.е.)
5.  Протоеламско (околу 3.200 година п.н.е.)
6.  Протоиндиско (околу 2.200 година п.н.е.)
7.  Протокинеско линеарно на кралот Фу Шиа (околу 3.000 година п.н.е.)
8.  Кинеско идеограмско (1.300година п.н.е. и трае до денес)
9.  Египетско (3000 година п.н.е.- 400 година н.е.)
10. Критско линеарно писмо А (1.700-1.450 година п.н.е.)
11. Критско-микенско линеарно писмо Б (1450- 1.200 година п.н.е.)
12. Хетитско (1.600-770 година п.н.е.)
13. Феникиско слоговно (1.200 година п.н.е.)
14. Феникиско-јонско абецедно (900 година п.н.е.)
15. Етрурско (Рашанско) (900 година п.н.е.)
16. Латинско (600 година п.н.е.)

Од изнесените научни истражувања се гледа дека протописмото на Балканот, посебно во Македонија, во вид на линеарно писмо, не дошло од Месопотамија. Тоа е автохтоно, со централнобалканско потекло, најдено по истовремена хронолошка старост во Западна Македонија, на Костурското Езеро и во Србија на керамичните артфакти на виничанската култура. Македонско-костурското (Дупјак) писмо, во најново време е дешифрирано и транскрибувано од страна на Иљов (Макед. Рев., 583, 2.000, 58). Според него, преводот на современ македонски јазик би гласел „Дупјак VII колиште”, што се однесува на седумте соеници. Истиот автор изнесува и епитаф на ученичка од с. Долно Дупени, Преспа, меѓу 5.000-4.500 го-дина п.н.е. со алфабетско слоговно писмо.

Индоевропскиот јазик е еден од првобитните, архетипски јазици на одредена популација индоевропски народи. Се претпоставува дека прото-индоевропскиот јазик како опш начина на комуникација допира до 3.000-5,000 година п.н.е. Типолошки тој припаѓа на двосложните или синтетички јазици и со него зборувале околу милион луѓе во светот. Одвојувајќи се од своето главно еднојазично семејство, тој многу рано се развил во две главни дијалектни групи, во западен-центум и источенсатем, према употребата на бројот сто. Палеоглосологијата на Балканот ѝ припаѓа на западната група на индоевеопски јазици.

Најновите научни истражувања на италјанските автори, од доменот на историјата и географијата на човечките гени, утврдиле прецизно коинциденција меѓу човечките миграции, антропологијата и лингвистиката (Савалли-Сфорза, 1.991, 72-78).Поаѓајќи од претпоставките на Дарвин „За постанокот на видовите”, генеологијата на човештвото и распоредот на генеологијата на човечките раси, тие ја потврдиле неговата теорија која ги поврзува генеолошката и лингвистичката еволуција. Нивните триесетгодишни истражувања опфаќале разни популации, кај кои се вршени анализи на лимфоцитите, ДНК (дезоксинуклеинската киселина), лингвистички, етно-лошки и антрополошки испитувања. Резулатите се прикажани на 716 страници текст, обогатени со математички формули, графикони, карти, хистограми итн. По опширна дискусија дошле до заклучок дека сите јазици во светот потекнуваат од единствен предок и единствен говор, што значи дека постои моногенеза на јазиците.

Овој единствен јазик се зборувал околу 100. 000 години п.н.е. Постои ген кој учествува во настанокот на јазиците и гените веројатно многу се вмешани во способноста за владеење со јазикот. Меѓутоа, главните јазични фамилии не се постари од 50. 000 години, а најголем дел се создадени пред 5.000-25. 000 години. Се претпоставува дека денес во светот се зборуваат околу 2.000-4.000 различни јазици од кои најпознати се 100. Тие се оние јазици кои имаат општо историско, политичко и економскосоцијално влијание. Овие многубројни јазици со примена на историско-компаративни методи во глосолошката анализа, можат да се класифицираат и распределат во 17 сродни групи или семејства.

Најзначајни јазични групи се: индоевропска, урало-алтејска, јапонско-корејска, сино-тибетска, семито-хамитски итн. На крајот авторите изнесуваат дека Хомо сапиенс, па и човечката раса, потекнуваат од Африка. Со време, поради демографска експлозија и поради некои климатски промени, пралуѓето, кои имале посебни анатомски карактеристики, долги нозе и тесни карлици, ја напуштиле Африка, се упатиле на север и преку Египет се населиле прво на Блискиот и Среден Исток, а потоа во Мала Азија и Европа, Америка и Австралија.

Заради ледениот период, Европа останала долго ненаселена. Со повлекувањето на ледениот покривач, на некои места се создадени услови за животот. Пред 30.000 години, исто така во Европа стасале народи од Кавказ, кои долго време останале изолирани. Тоа биле палеолитски ловци разбиени во групи, кои зборувале на кавкаски јазик, сличен на оној на кој зборуваат Баските на Пиринеите. Подоцна, околу 11 и 10 милениум п.н.е., од Кавказ и Блискиот Исток тргнале овчарите и земјоделците, се доселиле најпрво на Ѓердап („Ветената земја”) и преку Средно Подунавје, Поморавје, Повардарие го населиле Балканот, додека другите тоа го сториле и по друг пат, преку Мала Азија. Тие со себе го донеле индо-европскиот јазик, ден денес втиснат во ономастиката на Балканот.

Пишуваат:

antonie-donco

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски -
Катин

 

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.