|
|
Значењето на поимите „елинизам“ и „македонизам“ (4) |
ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА Поимот „елинизам” воведен е во историографијата од страна на германскиот историчар Дроѕсен, 1877-78 година, а подоцна е прифатен и од други автори (Фергусон, 1911, Хеусс, Лаунеѕ, 1949, Белоцх, 1927 и други). Појдовна точка на овие автори била дека македонската култура и историја припаѓаат на елинскиот корпус. Тие тоа го сториле земајќи ја во предвид архетипската праисторија на Централниот Балкан и неговата култура која од север се селела на југ, исток и запад. Тоа пред сè ни го потврдува мезолитската архетипска уметност на „Стара Европа” со епицентар на културата во Лепенски Вир, меѓу 7.000-6.000 години п.н.е., каде е остварена сакрална архитектура и монументална камена скулптура, како и наодите на глинени модели на куќи од Породин, Битолско и други локалитети, додека во останатите делови на Европа во тоа време се живеело по природни засолништа или скромни колиби и шатори. Од друга страна, пак, уметноста се сведувала само на по некоја гравура на коска или рог (Срејовиќ и Бабовиќ, 1983 година). Потоа следат најновите откритија во Македонија како што се неолитските гравури на карпите, т.н. карпестата уметност од Кратово, со ѕвезвени мапи, христијански симболи и уметнички мотиви (Алексовски, 2001 година). Или пак најстарите пишани споменици со помош на „македонското” линеарно писмо од 5.260 година п.н.е., на дрвена штичка, од Костур, на локалитетот Дупјак (Диспилио-Касториа), кои ги открил во пронаоѓалиштето на колсојаница, Хоурмоѕзиадес (1996година). Овие и други пронајдоци, како и постојната топонимија, претставуваат најстари пишани споменици за архетипичноста, староста, развојот, распространетоста и континуитетот на македонската култура и цивилизација. Ако тоа се спореди со пишаните документи на тлото на Елада, најдобро е да се повика на систематизација на писмата, која ја направил глосологот Мпампиниоти (1986, 76). Според него, хиероглифското писмо кое е најдено на Крит, користено е во вид на печат, меѓу 2.000 – 1.750 година п.н.е. Линеарното писмо А, востановено е исто така на Крит и користено е меѓу 1.700 – 1.450 година п.н.е. Овие две писма не се дешифрирани. Линеарното писмо Б од Крит, Пил и Микена, кое е дешифрирано, било во употреба меѓу 1.450-1.200 година п.н.е. Кипарското слоговно писмо се јавува околу VI-IV век п.н.е., а феникиското во X век п.н.е. Од ова следи дека најстарите графики на тлото на Елада биле помлади за повеќе од 3.000 години од оние во Македонија, за 2.000 години од „винчанското” писмо. Понатаму, дека македонската, а не елинската култура била подоминантна и можела да им се наметне на Елините не само со подобра организација на државата и со силата на своето оружје, туку и со посупериорна цивилизација, од матерјален, општествен и културен аспект. Македонските освојувања во Европа, Азија и Африка ги создале македонските кралства, а не елинските. На чело на тие кралства биле македонските династии Антигонида, Селевкида и Птолемеида, а ниеден во тие кралства не бил елински монарх. Насекаде е спроведувана македонската традиција, а не елинската. Пишуваат:
Академик Антоније Шкокљев-Дончо
|