|
|
Богомили – Средниот Век во Македонија (5 дел. Ширењето на Богомилите во Европа) |
До крајот на 12 век, Богомилско движење прво стигна до Босна, каде неговите следбеници познати како ‘Патарени’ и ‘Кутуѓери’ се појавија за време на владеењето на Бан Кулин (1180-1204). Потоа Екберт фон Шонау (лат. Eckbert von Schönau) ни го обезбедува и првото запишано сведоштво за употребата на терминот ‘Катари’, осудувајќи ги овие гностички еретици и нивната појава во Немачка уште во 1181 година: „Osi Nostra Germania catharos appellat.“ Постојат контроверзни мислења за обредната ориентација на Босанската црква во тоа време, но во официјалната наука преовладува мислењето дека се работи за дуалистичка институција која имаше слични тенденции со Богомилското движење по прашања на теологијата и догматa. Централна и Југо-Западна Босна со своите специфични карактеристики претставуваа преодна територија за Богомилството. Евиденцијата на Римскиот папа Јован XXII во писмата до кнезот Стефан од Босна, сведочи за предупредувањето за "собир на еретици" кои мигрираат низ неговата провинција Херцеговина. Во Босна Богомилите создадоа културен феномен на надгробни камења, т.н. стечци, кој има очигледно врска со езотеричната доктрина на Богомилството и Патарените / Катарите. Воглавнo се формираа две камено-резбачки училишта на територијата на Босна: во Источна Херцеговина и Источна-Босна (камени саркофази со цветни мотиви, сонце, и т.н.) Според статистиката најбројни некрополи со стечци (2000-3000 парчиња) се наоѓаат на територијата на Невесиње, Коњиц, Рогатица, Требиње, Столац, Лудмер, Ливно, и речиси половина од натписите доаѓаат од овие области. Дубровник cо Требиње го диктиралe развојот на регионот, карактерот на населението, нејзината култура и верска припадност, во согласност со социјалната и политичката ситуација. Овие околности понудиja поволни услови за ширење и разминување на Богомилството. Тоа било пренесено понатаму преку основањето на Далматинската Еретичката црква – повторно поради близината на исклучително силните Босански Богомилски (Патарени) центри, а исто така и поради силните трговски врски меѓу Македонија, Босна и Далмација, каде патиштата на движење на Катарите и Богомилите може да се следи во периодот од 1250 година. И Сплит, како значаен политички, трговски, дипломатски и комуникациски центар на средновековниот период, ја одигра улогата на мост за стоки и религиозни движења од исток кон запад. Многу Богомилски следбеници ги основаа нивните цркви на бројните Јадрански острови, со цел да се избегнат прогоните од страна на црквата во Рим. Признавајќи дека Катарското движење во Албa беше многу силнo помеѓу 1185 и 1227, Ели Гриф (Grif) сепак вели дека бидејќи не постојат докази за тоа сеуште не е можно да се заклучи со сигурност дека во тие места катарите биле многубројни или мнозинство. Катарскиот епископ Бернард Олиба (Oliba) и Ајмерик (Aymeric) од Колет (Collet) беа сведоци на проповедта и организирање на Катарската хиерархија во Ломбардија околу 1272-1273. За тоа време може да се даде само релативна слика за бројот или силата на Катарските движења во Северна Италија, особено во Ломбардија, која стана ветена земја за еретиците после падот на Монт Сегур (Montségur) во 1244 година. Во втората книга на Инквизицијата Жерард ги споменува 'ductoreshereticorum ", како и имињата на луѓето кои ги пренесуваа овие Богомилски лидери од Октиканиа (Octicania) преку Медитеранските Алпи, Ница и 'Кол де Тенд' (Брдото на Шаторите) до Рокавионеа (Roccavionea), и од таму до долината на Кунео, познат како IntroitisLombardiae. Ова се докази за живите и динамични врски на Катарите во регионот на Октиканиа и Ломбардија. Во пресрет на Албигенската Крстоносна Војна, тие имаa 6 епархии: Аген, Ломберс, Св. Павле, Кабаре, Сервиан и Монтсегур („Сигурна Планина“). Меѓу седиштата на бабуните-ѓакони беа Моизак (Moissac), Корд (Cordes), Тулуз, Пујлауренс, Авињонет, Фанжо (Fanjeaux), Монтреал, Каркашон, Мирепои (Mirepoix), Ле Безу (Bézu), Пејрепертуз, Кверибус, Тараскон на Ариж. Борст неодамна дознава дека во радикално дуалистичката Октиканиа (Octicania) до крајот на 13 век учењето на Богомилите беше честа појава, и дека Италијанските Катари-пратеници често оделе и ја посетувале нивната духовна татковина и епархиите во Македонија, со што се докажуваат и нивните чести односи во подоцнежниот период. Актите на Катарското Собрание, што се одржа во 1167 година во Сан Феликс де Кармен, во близина на Тулуз, Франција, претставува друг важен историски извор кога станува збор за постоењето на Богомилската еретичка организација. Попот Никита од Константинополитаната Нов Рим, кој припаѓал на еретичката Богомилска Црква од областа Драговитија (во Егејска Македонија), позната по нејзината строга дуалистичка ориентација, претседаваше со соборот. Таму тој зборуваше за постоењето на Богомилските Цркви во Ромеја (Источното Римско царство), Драгометија, Македонија, Meлингиа, Бугариа и Далмација, и укажува дека тие биле одвоени од црквите на Рим и Константинополитаната Нов Рим, и дека се силни и живеат во мир. Овие сведоштва ја поддржуваат релевантноста на идејата за континуиран трансфер на идеи во средновековниот период. Васил Чулев (продолжува) |