Среда, 29 Април 2015   
Дел од вистината за македонците во САД (4)

slave-katin
Пишува
СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

МАКЕДОНСКИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ЦРКВИ ВО БАФАЛО, СИНСИНАТИ, ЛОРЕИН И КЕНТОН

Во изминатиот период кај македонските иселеници во САД се постигнати видни резултати во духовниот и културно-просветниот живот. Создадени се бројни македонски друштва, организации, спортски клубови и други форми на дејствување, во кои масовно се собираат македонските иселеници.

Тоа може да се види во делото „Македонски православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ од авторот на овие редови во кое се дадени бројни материјали за македонските православни цркви и црковни општини во Бафало, Синсинати, Лореин и Кентон.

Така, во него се вели дека до 1968 година Македонците во  метрополата Бафало, во државата Њу Јорк ги задоволуваа своите верски потреби, главно, во други православни цркви, а пред се’, во српската православна црква „Свети Стефан“, во која и денес црквува одреден број македонски семејства.

Меѓутоа, идејата за изградба на македонска православна црква се роди 1968 година кога во ноември истата година е донесено решение да се изгради македонски православен храм во Лакавана.  Така, во март 1969 година е избрана првата црковна управа на црковната општина која одлучи да се гради Македонска православна црква која ќе го носи името на сесловенските македонски просветители сврти Кирил и Методиј.

kiril-i-metodij

Потоа на 11 мај 1969 година црквата е регистрирана кај властите на државата Њујорк и е купено место од околу 5 хектари на кое на 24 мај 1975 година е поставен камен-темелникот за новиот македонски храм. Црквата е завршена со изградбата на 7 септември 1975 година, кога е осветена салата, а на 13 септември 1981 година е осветена и црквата. Денес, до црквата е изградена сала, парохиски дом, фудбалско игралиште и простор за одржување  пикници.

За постигнувањата во оваа црковна општина се вклучени голем број Македонци од сите делови на Македонија, но посебно место и припаѓа на првите претседарели Живко Поповски, Владо Царовски, Цветко Фотевски и многу други.

Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Бафало е организатор на Македонскиот етнички фестивал од 1990 година кој се одржува во рамките на црковната општина. Во состав на црквата со успех работи женската секција, фудбалскиот клуб “Балкан”, фолклорната група “Гоце Делчев”, неделното црковно училиште и хорот. Секоја година оваа црковна општина во соработка со Македонската православна црква „Св. Ѓорѓи“ во Сираќуз, во државата Њујорк организира заеднички пикник.

Иницијативниот одбор за организирање на црквата „Свети Пророк Илија“ во Синсинати, Охајо е формиран на 7 февруари 1977 година, а во 1978 година е купено место од околу 3 декари, на кое е изградена сала што се користеше и како црква. Истата година, со одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ, оваа црква е примена во крилото на Мајката црква, а во мај 1980 година е положен камен-темелник за изградба на новата црковна сала. На 26 август 1982 година, салата е завршена и се отслужи првата богослужба на македонски јазик во Синсинати.

За изградбата и активностите во оваа македонска православна црква им заслуги  членовите на црквата, меѓу кои:Видан Стојановски, Кире карапаша, Митре лазаревски, Блаже Талевски, Пандо Стојановски, Методија Ангеловски, Благој Тодоровски, Корун Павловски, свештеникот Душко Георгиевски и многу други

sv-ilija-ohajo
Црквата „Свети Илија“ во Синсинати, Охајо

Денес е изградена нова црква „Свети Пророк Илија“, која целосно е завршена во 1996 година и е осветена од архиепископот охридски и македонски г.г. Михаил. Црквата е градена во неколку архитектонски стилови и е висока 16 метри, што е една од највисоките православни цркви во САД. Таа е градена со амфитеатарски стил и може да собере околу 500 души.

Црквата „Свети Пророк Илија“ е сопственик на сала за околу 300 посетители, каде се одржуваат разни манифестации и се игра томбола (бинго), а има и помала сала за 80-тина посетители. Во рамките на црквата, покрај женската секција, со успех работи и играорна група која ги негува македонските песни и ора и претставува собиралиште и место за другарување на младите генерации.

Во Лореин, Охајо, пак, идејата за изградба на Македонска православна црква под име „Свети Климент Охридски“.е реализирана на 9 април 1978 година, кога се одржа првиот собир. За оваа македонска заедница е забележано дека првата богослужба на македонски јазик во оваа македонска колонија е ослужена во Украинската црква „Успение на Света Богородица“ во август 1978 година. Во тој период е купено место каде е изградена сала со привремено адаптиран олтар, за денес до салата да се вишнее црквата „Свети Климент Охридски“.

Во историјата на оваа црква е запишано дека на 14 авгтуст 1983 година е осветена црковната сала и предадена во употреба. Потоа на 11 август 1985 година митрополитот Кирил, во сослужение на 5 свештени лица, пред голем број верници и во присуство на градоначалникот на Лореин ги освети темелите на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“. Потоа на 17 јули 1986 година салата е завршена и осветена. Тогаш е извршена и првата богослужба на мајчин македонски јазик во оваа македонска црква. Новиот храм е изграден и на 16 септември 1996 година е осветен од поглаварот на МПЦ, архиепископот  г.г. Михаил.

sv-nikola-ohajo
Црквата „Свети Никола“ Кентон, Охајо

Во состав на црковната општина, покрај играорната група и женската секција активни се црковниот хор, фудбалскиот тим, неделното училиште и секцијата за бинго. Македонците во Лореин, Охајо редовно учествуваат на „Фестивалот на нациите“ што се одржува секоја година во Лореин, на кој во 1985 година оваа црковна општина беше и  домаќин на Фестивалот.

Македонската православна црква „Свети Никола“ на Македонците од Кентон, Маслон и Акрон, Охајо има бурна историја. Таа е формирана на 10 јуни 1977 година, а на 14 август 1977 година се одржа првата конференција на која е решено да се изгради македонска православна црква, што ќе биде под јуриздикција на МПЦ.  Со акт на Светиод синод на МПЦ општината е примена во крилото на Свети Климентовата црква на 19 октомври 1977 година.

За одбележување е тоа што на 25 август 1979 година на купеното место од неколку хектари е поставен и осветен крст за изградба на црква и културно-просветен центар. Таа година за првпат е извршена богослужба на мајчин македонски јазик во тој регион. Потоа на 16 август 1981 година митрополитот Кирил го положи камен-темелникот за изградба на црковната сала. На 21 декември 1985 година на свечен начин салата е предадена во употреба.      

lave-katin-svetot-na-dlanka
Репортажите што беа објавени за САД се дел од книгата „Светот на дланка“ на Славе Катин, „Македонска искра“, Скопје, 2014, 1-444, додека наредните материјали што следат, се дел од публикацијата „Македонците во САД и во Канада“ на Славе Николовски-Катин, во издание на „Македонска искра“, Скопје, 2002, 1-380, која за прв пат беше промовирана во Детроит.

На тоа свето македонско место во Охајо, каде што е изградена сала за 500 луѓе се одржуваат пикници и други манифестации, а до неа е црквата „Свети Никола“, чиј камен-темелник е осветен на 17 септември 1989 година од архиепископот на МПЦ г.г. Гаврил.  Осветувањето на црквата „Свети Никола“е извршено на 13 септември 1998 година од владиката Кирил.

Инаку, новата зграда на црквата „Свети Никола“ е копие на архитектурата на црквата „Света Богородица“ во Калиште – Струшко. Покрај иконите во неа има живописен изрезбан иконостас изработен во Охрид, кој претставува убав пример од таков вид на северноамериканскиот континент. Во рамките на црквата работи: женската секција, играорната група “Пелистер”, неделното македонско училиште и бинго секцијата.   

Така, во книгата „Македонците во САД и во Канада“ на авторот на овие редови, се вели дека сите верско-национални и духовни  објекти, иселеничките организации и нивното членство постојано се зголемуваат, а нивната активност се проширува и квалитетно се подобрува. Така, во изминатиот период се постигнати видни резултати во духовниот и културно-просветниот живот. Создадени се бројни македонски друштва, организации, спортски клубови и други форми на дејствување, во кои масовно се собираат македонските иселеници.

Продолжува

 

 

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.