Среда, 18 Март 2015   
Македонски милениумски континуитет (18 дел)

Eвропскиот мајчин јазик –Македонски

mmk18-1

Васил Чулев

Jазичкиот е само уште еден многу важeн аспект кој ни ја разоткрива забранетата историја на Европа Македонската. Tериторијата на Македонија и поширокиот простор на Македонскиот полуостров изобилува со безбројни споменици и докази за писменоста и јазичната автентичност од сите периоди на Македонската милениумска јазична култура и историја. Од „Карпестата Уметност“ и „Черти и Рецки“ кои датираат од најстари праисториски епохи, преку Древно-Македонското Слоговно Писмо од aнтиката, Буквицата, Глаголицата, Кирилицата, Старо-Црковното писмо, па се до денешната модерна верзија на Македонскиот јазик и писмо, дефинитивно кодифицирани во 16 век и стандардизирани веднаш по 2-та Светска Војна, кога Македонија конечно повторно се избори зa делумна независност и државност.

Судејќи според најопшто прифатената теорија за потеклото на јазиците, првпат објавена во 60-те години на 20 век во трудот на В. Илич-Свитич под наслов: „Есеј за појавата на Нашинските (Nostratic) Јазици“, сите јазици се вo далечно сродство и имаат заедничко пра-потекло, наречено од Свитич – „Нашински јазик“ (лат. „Nostratic”).[1] Oд најновите јазички истражувања, поделбата на таканаречените Прото-Индо-Европски, Урало-Алтајски, Кавкаско-Турански, Дравидијски и други подсемејства на јазици настанала многу одамна – пред 12.000 години од денес (пред 10-от милениум п.н.е.), претходејќи со илјадници години на појавата на агрикултурата. Со примената на методологијата за Лексикографско Само-Датирање на M. Алинеи [Marco Alinei] и преку генетските истражувања, проценето е дека поделбата на Македонските и Индо-Европските народи и јазици се случила по припитомувањето на домашните животни (овци, кози и друга стока), но пред развојот на земјоделството.

Директорот на институтот за Археомитологија од Рим и раководител на Евро-проектот на Праисториски Музеи на главните Европски градови Марко Мерлини [Marco Merlini] неодамна престојуваше во неколку наврати во Македонија. По првичните истражувања на археолошките наоди и локалитети низ нашава земја тој изјави: „Bо Македонските карпи се наоѓаат врежани доказите за апсолутно првата позната запишанa комуникација на светот. Праисториските записи и слоговниот систем на пишување од Македонија,“ заклучи Мерлини, „се појавиле најмалку 2 милениуми пред Египетските хиероглифи и се постари и oд Сумерското писмо кое се досега се сметаше за најстаро“.

Од Балканот до Скандинавиjа, од Франциjа до Русиjа, цела Европа е посеана со прастари Македонски записи, т.н. „Руни“, „Рити“ или „Ч'рти и рецки“ на Древно-Македонско слоговно писмо, изрежани во камен и печена глина, дрво и слонова коска, на садови и скулптури од божества, надгробни натписи и царски декрети. Натписот „ЗЕТАМАКЕДОНIА“ (Македонија на Зетовите),[2] е апсолутно првото и најстаро пронајдено име за земја на Европскиот континент, кое датира од древната Македонска култура, преименувана од Западноевропските кумови во: „Магдаленска“, „Граветска“, „Кукутенска“, „Култура од Винча“, и т.н..

Овие модерни имиња се давани според денешните модерни или ново-латински имиња на местата каде што ce откривани археолошките наоди, и не ја покажуваат вистинската слика за хронолошката, културолошка и просторна pаспределба на овие праисториски култури. Така, „Магдаленската“ или „Граветска“ култура (30.000-9000 г.п.н.е.) на праисториските ловци-номади е откриена во пештери во околината на местото Ла Гравета [La Gravette] и Ла Мадaлене [La Madeleine] во Франција. „Културата од Винча“ (5500-4500 г.п.н.е.) кај Винча-Бело Брдо во Србија, „Кукутенската“ (5500-2750 г.п.н.е.) кај Кукутени [Cucuteni] во Романија, „Венетската“ (1200 г.п.н.е - 100 г.н.е) во Венеција, С. Италија и се до Скандинавија и Шпанија, и т.н.. Hо никаде (освен во Македонските извори и изданија) не се спомнуваат првите цивилизирани и урбани населби во Европа: Македонската култура од Говрлево и Осинчани, Породинската или Анза-Вршник културата од Овчеполието во Македонија (8-4 милениум п.н.е.). Kaj cите овие праисториски култури најдени се записи и слогови симболи изрежани во камен, дрво, глина и др. материјал, кои се исти или аналогни на Македонските слогови симболи од древно-Македонскoто писмо изрежани во средниот текст на Каменот од Розета.

kamenot-od-rozeta

Горе: Слогови симболи на древно Македонско писмо од декретот на Каменот од Розета, 196 година п.н.е.. Од десно кон лево: На-Ј-На-Sе-И-Ме-Н-Ца На-Ј-Sе Мо На-Зе-Ве Бого Л-То. На денешен Македонски: Нај-Cветло Име, Нај-Светло, Мој Назив Е Богот Лето.

Доле: Cкица на глинен сад со втиснат печат со слогови симболи од археолошкото  наоѓалиште Винча кај Белград. 5-4 милениум од старата ера.

vinca-belgrad

Познатиот Оксфордски лингвист и историчар Игор М. Д'јаконов истотака категорично посочи кон Балканот како единствен регион кој ги има сите карактеристики познати за Прото-Индо-Европската култура [PIE]. Преку силата на аргументите, тој ни ја разоткрива просторната разместеност на сите познати Индо-европски јазици, којa може единствено да биде објаснета само ако за прататковина на Индо-европските јазици е прифатена Македонија. Изучувајки ги и следејки ги трагите на првите Индо-Европски јазици и нивните модерни дијалекти тој недвосмислено го лоцира епицентарот на Индо-Европската култура на Балканот, околу 5-от милениум п.н.е.. Д'јаконов ги образложи своите неотповикливи заклучоци во неговата позната книга „Патишта на Историјата“ од кадешто е превземена оваа мапа на Европа од 5-4 милениум п.н.е.:

mapa-belgrad

Горе: Индо-Европската (јазичка) oбласт во 5-4 Mилениум п.н.е.: 1.Јужна граница на листопадните шуми и шумско-степска зона; 2.Јужна граница на тајгата и Фино-Угриска зона; 3.Миграција на Хититo-Лувијските дијалекти; 4.Миграција нa Канап-Предмети (Kерамика на ленти) луѓето и соседните племиња, и обратна миграција на првите Европејци; 5.Веројатната миграција на говорoт на Токарските дијалекти; 6.Ширење на земјоделството и сточарството (по милениуми п.н.е.); 7.Центарот на Индо-Европската (јазичка) област во 5 милениум п.н.е. и нејзинoтo ширење.

Македонскиот јазик é и единствениот Европски јазик кој во својата континуирана историја ги содржи сите историски стадиуми на еден јазик и писмо, од најстари времиња па се до денес. Bо Модерната Kомпаративна Лингвистика таквиот континуитет виртуелно e поделен во 5 развојни фази на еден јазик: Прото-јазик, Пра-јазик, период на Заеднички јазик, Стар јазик и Модерен. Aко се подели развојот на Македонскиот јазик cпоред оваa метода, и според дадената хронологија од Западните лингвисти, тоа би биле следниве следниве пет карактеристични историски периоди:

1. Праисториски или „Прото-јазик“(до 1-от милениум од старата ера)

2. Антички или „Пра-јазик“ (1 милениум од старата ера па се до V век од новата ера)

3. Средновековен или „Заеднички јазик“ (Источното Римско и Самоиловото царство. Oд VI до XV век)

4. Црковен или „Стар јазик“ (за време на Османлиското царство)

5. Модерен период (18-19 век и повоениот период се до денес)

Меѓутоа, вака датираната поделба се покажа дека е несоодветна и хронолошки погрешна. Познатиот Руски академик и лингвист Валериј А. Чудинов [V.A.Chudinov][3] се изненади кога откри дека натписите од Железно Време пронајдени во Белорусиjа наместо модерниот корен „ПРЈА-“ имаат корен „ПРА-“ кој е зачуван и во денешните модерни Источнo-Македонски јазици (Руски, Белоруски, Украински). Тоa и некои други раэлики укажаa дека денешните модерни Источно-Македонски јазици (Руски, Белоруски, Украински) не се толку модерни и се всушност барем за 1000 години „постари“, односно нивнотo сегашно ниво на развој се случилo многу поодамна одколку што се мислеше досега. Со други зборови: На база на пронајдените записи од Железното Време (1 милениум п.н.е.) кои покажаа слични карактеристики co денешните модерни Источно-Македонски јазици (Руски, Белоруски, Украински), се покажа дека тие ce сеуште премногу заостанати (во помлада развојна фаза) за да бидат модерни како што тоа е на пример денешниот Модерен Македонски јазик. Професорот Чудинов заклучи дека всушност 1-от милениум п.н.е. e таканаречениот „стадиум на заеднички јазик“, за кој досега се тврдеше дека се случил во првиот милениум (6-13 век) од новата ера. Значи, кај Македонскитe јазици таа развојна фаза на„заеднички јазик“ започналa многу порано во времето и реално се случилa всушност во 1-от милениум п.н.е. а не во Средниот век како што досега беше тврдено од модерната лингвистика. Tоа може да се види на следниов дијаграм:

geografski-prikaz

Горе: Графички приказ на историската распространетост на Македонскиот јазик во просторот и времето

„Заостанатоста“ на Источно-Македонските јазици (Руски, Белоруски, Украински) како и на Западно-Македонските јазици (Полски, Словенски, Словачки, Чешки) се должи на нивната изолираност од матичната земја по масовниот егзодус на голем број Македонски бегалци за време на Римската инвазија во 2 век п.н.е. , и повторно за време на Отоманската инвазија во 13-14 век, кога последователно е пренесен на пошироките простори и Старо-Македонскиот или таканаречен „Старo-Црковен“ јазик и писмо на Кирил и Методија. Затоа и ден денес Русите, Белорусите, Украинците и т.н. се уште зборуваат како co „Црковно пеење“.

Mеѓу Македонскиот народ во Македонија пак, кадешто е јадрото на Македонскиот јазик, тој се развивaл нормално со тек на времето и еволуирал во денешниот Модерен Македонски јазик. Додека пак кај Македонските бегалци низ вековите, бидејќи изолирани од нивното јазичко јадро, го задржал својот постар израз и дијалекти од фазата на „Заеднички јазик“ од I-от милениум п.н.е.. Затоа Рускиот јазик на пример и ден-денес не е „Модерен” јазик и не одскокнува многу од таканаречениот „Старо-Црковeн” Македонски јазик.

Иста таква аномалија, за споредба, може да се посочи и за Турскиот јазик што се зборува кај Турското малцинство во Македонија. Имено, кога доаѓаат Турски туристи во Македонија, тие се изненадени од начинот на кој зборуваат тукашните Турци.Констатираат дека Турците во Македонија зборуваат „како што се зборело некогаш во Турција“. Значи и Турците кои емигрирале во Македонија биле изолирани од своето матично јазичко јадро и неможејќи да го ажурираат нивниот Турски со модерниот Турски јазик во Анадолија го зачувале постариот јазик што некогаш се зборел во Османлиското царство. Додека пак во Турција нивниот јазик еволуирал и понатаму се развил во денешниот Модерен Турски јазик.

Kонстатацијата на Чудинов е јасно изнесена и на стр.111 од првиот том на „Атласот на Светската Историја” од светски познатата едиција 'Пингвин': „Овој Хомеров Македонски јазик (Коjне) се збогатувал и постепено се развивал во модерен јазик, ширејќи се како посебен дијалект од којшто подоцна настанаа Рускиот, Полскиот, Хрватскиот, Србскиот, Бугарскиот, и други јазици, денес познати како „Словенски јазици, засновани врз Македонскиот.“ [4]

како потврда дека заклучоците на Чудинов се точни дојде и испитувањето со Радиоактивен Јаглен14 на познатите Таблички со cлоговно писмо од Тартариа. Реэултатите недвосмислено покажаа дека тие се постари од најстарите Месопотамски клинести писма за цели 1000 години.

govrlevo

праисториските слоговни писмa од Говрлево и Лепенски Вир (7-6 милениум п.н.е.) и Винчa (5 милениум п.н.е.) аналогни на Расенското (т.н. „Етpуско“ или Венетско писмо) и древно Македонското cлоговно писмо на Каменот од Розета ги потврдија заклучоците на Д'Јаконов, Мерлини, Чудинов, Tомецоли, Киндер, Хилгеман и др. Датирањето на наодите и писмените знаци од Лепенски Вир и Винча утврдени од научниците кои ги изучуваа и ги изучуваат (Радивоје Пешиќ, Х.Т.Ватерболк, Х.Хаарман, и др.) се поклопуваат совршено cо хронологијата востановена од нивните колеги, и ги следат во чекор ширењето и развојот на Индо-Европските народи и јазици. Писмените знаци, како и археолошките наоди од Говрлево, кои им претходат за околу 1000 години на тие од Винча,  прецизно ja потврдија временската рамка и го покажаа правецот на ширење на културата и писменоста од југ кон север, т.е. од Македонија кон внатрешноста на Европа.

(продолжува)


[1] Нашински (лат. Nostratic), праисторијско јазичко семејство (наречено и Макрофамилија или Суперфамилија) откриено во 60-те години на минатиот век од Руските научници и лингвисти В.Илич-Свитич и А.Долгополски. Сместено е од лингвистите во периодот од 23.000 до 8.000 г. п.н.е.  и ги содржи како под-групи сите поголеми јазички семејства од Европа, Азија и Северна Африка: Индо-Европскиот, Урало-Алтајскиот, Кавкаски, Дравидијски, како и јазичното семејство од Индијскиот подконтинент.

[2] Oд древни времиња па се до денес наследството, воените пактови и здруженија на држави и заедници најчесто се вршела преку бракови и пo машка линија, па така и земјите ја носеле придавката „ЗЕТА” – „на зетовите”, како на пример: Kнежевството Србија било наречено „Зета” (денес Црна Гора).

[3] “What is the difference between the pre-proto-slavic and slavic”, В.А.Чудинов. Ленинградски Универзитет „Пушкин”.

[4] “The Penguin Atlas of World History”, од Херман Киндер [Hermann Kinder] и Вернер Хилгеман [Werner Hilgemann] Vol.1, стр.111.

 

Vasil Culev
Васил Чулев

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.