Понеделник, 06 Јули 2009   
Сојуз на Македонците од Егејот „Македон“
КОНСТИТУТИВНО СОБРАНИЕ НА СОЈУЗОТ „МАКЕДОН“

zname6 јули 2009 година, Велес, Македонија - Вчера во големата сала на Советот на општина Велес со почеток во 11 часот се одржа конститутивно собрание на сојуз на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, во кого се обединија десет здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Собранието донесе Одлука за основање на сојузот под име „Сојуз на Македонците од Егејот „МАКЕДОН“, Статут и Програма на Сојузот и утврди резолуција за одбрана на државното име Македонија, за отфрлање на секоја промена на државното име Македонија и за правата и слободите на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија до Обединетите Нации и Европската Унија.

01B-sojuz---MAKEDON_500За претседател на Сојузот е избран Ташко Јованов, за потпретседател Ацо Петров, а за секретар Александар Ѓорѓиев. Собранието избра надзорен одбор во состав Вангелица Гаврилова, Герман Јанев и Лазо Котевски.    

Присутните ги поздрави претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров и претседателката на Македонското здружение „Кочо Рацин“ во Белград Лидија Демниева.    

Приоритети на Сојузот на Македонците од Егејот „Македон“ се трајно решение на македонското прашање и враќање на граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913 година. Сојузот очекува Владата да ги продолжи активностите за постигнување македонско-грчки меѓудржавен договор со решенија за граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913 година.    

- Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, во името на Светскиот Македонски Конгрес03-sojuz---MAKEDON_500 како највисок Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, Ви упатувам искрени поздрави и Ви посакувам успешна работа и плодни резултати. Светскиот Македонски Конгрес ви стои на располагање за координација, соработка и размена на искуства и информации по прашањата од остварувањето на граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни во 1912-1913 година, преку Граѓанската војна во Грција од 1948 година до денес. Македонските работи се без крај, бидејќи Македонија е вечна тема. Но и македонските делби се без крај. Бевме сведоци на поделбите меѓу Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија со седиште во Скопје и Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија со седиште во Битола. Светскиот Македонски Конгрес направи обид за обединување на сите здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Национална конференција на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, која се трансформира во Конференција за координација на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и Координативно тело на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија. Координативното тело на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија денес прераснува во Сојуз на Македонците од Егејот „Македон“, во кое се обединети 10 здруженија. Остануваат пет здруженија во Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија со седиште во Скопје и битолското здружение преименувано во Заедница на Македонците насилно прогонети од Грција. Се разбира, тенденцијата не е да останеме поделени, туку да се обединиме во функционална целина за да бидеме почитуван фактор и пред владите на Македонија и во Атина и пред меѓународните организации, за да ефектуираме македонско-грчки меѓудржавен договор со конечни ефективни решенија за граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од балканските војни до денес. Денес овие десет здруженија истапуваат од Сојузот на Здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија со седиште во Скопје и од Конференцијата за координација на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и декларираат нејзино престанување. Процесите на интеграција ќе ги продолжиме, но мора сериозно да понудиме поквалитетни решенија за сите отворени прашања меѓу двете земји и двата народа за да не останеме фолклорна организација. Обединети мора да упатиме јасна порака до парламентите, претседателите и владите на Македонија и на Грција и до Европската Унија, НАТО и Обединетите Нации, дека отфрламе секаква промена и референдум за промена на државното име Македонија. Обединети да побараме Резолуција за осуда на грчкиот геноцид врз македонскиот народ и репарации, - рече претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.    

Претседателот на СМК Тодор Петров упати покана за деветнаесеттото Генерално собрание на СМК што ќе се одржи на 8 август 2009 година со почеток во 10.00 часот во големата сала на Советот на Град Скопје и за триесетиосмата светска семакедонска средба во Трново на 2 август 2009 година со почеток во 10.00 часот на која се очекува да зборуваат претседателот на Републиката Ѓорге Иванов, митрополитот Петар и претседателот на Сојузот на Македонците од Егејот „Македон“ Ташко Јованов.    

СМК
 

На прво место

News image

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Историја

News image

Во есента на 1943 година се формира Иницијативен одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ

Воените и политичките успеси во 1943 година го забрзаа развитокот на органите на народната власт, та...

Иселеници

News image

НОВ ПАТ КОН АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

“МОЈАТА ОМИЛЕНА ПРИКАЗНА” И ОД “БУКВА ДО БУКВА АЗБУКА” Н...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20)

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20) МОЛИТВЕНИ ТЕКСТОВИ – МОЛИТВА КОН СВЕТА...

Фељтон

News image

Александар Македонски (61)

Александар Македонски (61) КОВАНИТЕ ПАРИ НА АЛЕКСАНДАР ВО АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ИМПЕ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.