Среда, 16 Декември 2009    PDF Печати Е-пошта
Нашинци од Гора во Албанија, говорат македонски а најголем празник е Ѓурѓовден
GORA-1Ако не сте го гледале првиот македонски филм Фросина- гледајте го, или прочуениот Мис Стоун, или пак ако не сте го читале Васил Иљоски – приказната за Доста дојденката, Петре М.Андреевски- за последните селани и нивните раскажувања, или за калеш Анѓа- прочитајте ги. Тоа е типичниот македонски живот од минатиот и почетокот на овој век. Приказни за печалбари, љубов преку пенџере, маалски седенки, верски празници и веселби во народна носија.

А ако не сакате да читате тогаш е добро да ја посетите Албанска Гора. Таму во живо, од животот на населението секојдневно се одигруваат вистинските приказни, како да застанало времето и горанците како да сакаат да кажат оставете не, нас ни е вака убаво, весели, насмеани, скромни, гостопримливи.
slika-za-gora
За повеќето познати како торбеши, а за некои од соседите како луѓе со непознато потекло.

Но, еден млад горанец е Сејфидин Нашинец или Сејфидин Рочи од Гора, или Нашинец од Гора, кој ексклузивно за Македонска нација ја раскажа својата животна приказна, против која дуваат разни ветришта да угаснат македонскиот оган.

Сејфидин има само 24 години. Се школувал во селско училиште во Гора на албански јазик , а во графата националност во неговиот пасош пишува албанец. Наспроти ова Сејфидин сега е на печалба во Франција и еве што вели.
sejfidin
-    Јас сум нашинец, не сум арнаутин. Старите велат дека сме биле порано македонци, но сме го примиле исламот за вера и сега сме само нашинци од Гора. Многу е убаво во Гора и многу не има, млади сме повеќе и имаме фамилии со многу деца. Јас кога ќе се оженам ќе си земам горанка- нашинка.


Горанците се група на население што се дел од македонскиот народ што ја населуваат областа Гора, првостепено на Косово, па Албанија и сосем мал дел на Република Македонија. Главна карактеристика на Горанците е исламската религија што ги вметнува во групата на Македонци-муслимани

Или како што се познати „торбеши“ што значи дека македонци си ја смениле верата од православна во ислам.
Зборот торбеш има повеќе верзии за неговото настанување. Се смета дека се однесува токму на овие луѓе, нашинците од Гора.

Едната верзија кажува дека кога се потурчувале процентот бил според изреката- „ ако се потурчи еден во Гора (еден на албански тор), еден се потурчува во Љума (пет на албански беш) од каде кованицата значи еден на пет, или тор-беш.
Другата верзија пак за потеклото на зборот торбеш потекнува од заминувањето на овие луѓе на печалба. Со сене земале само една торба во која имало чекан, мистрија и пердашка и заминувале на печалба- на гурбет, и од таквата торба се така и наречени.
Третата пак верзија е најраспространета и најприфатена поради револтот кон потурчувањето и вели дека тогашните македонци за една торба брашно ја менувале верата, и така ги нарекле торбеши. А од тука и пренесеното чувство кое се провлекува низ времето кон торбешите како да ја предале верата.
GORA-2
Но, овие луѓе се оставени на милост и немилост на Господ. Живеат на надморска висина од 2.500м, без никаква инфраструктура- нема патишта, нема канализација, а вода имаат од локални водоводи кои сами си ги изработуваат. Живеат од празник до празник, со песни. Еве што вели младиот нашинец сејфидин:
-    Ние за песна сме први, пееме исти песни како вашите, а и обичаите ни се исти како во македонија, се е исто. И зборуваме како вас, македонски како во Преспа.


Горанците живеат исклучиво на територијата на областа Гора, која се наоѓа во денешните граници на Србија (Косово) со 18 села, Албанија со 11 села и Република Македонија со 2 села. Според статистиките сега на Гора живеат 15.000 Горанци, додека во светски рамки нивниот број се движи до 84.000. До сега околу 13.000 Горанци поседуваат македонско државјанство.

Сејфидин го запрашавме како се живее на Гора?
-    Најубаво е во Гора, дојдете кога сакате. Имаме големи куќи. Ние мажите одиме на гурбет. Прво се идело во македонија, сега не има секаде. Јас сум во Франција, а повеќето нашинци се во Англија. Таму има повеќе од 1000 нашинци. Многу добри мајстори сме, ѕидари.

Карактеристиките на Горанците кои ги делат од останатите македонски муслимански групи се нивното самонарекување Горанци и нивниот јазик кој го нарекуваат нашински или нашенски односно нашки, а кој е дел од македонскиот јазик, односно горански дијалект. Друга главна карактеристика е силното влијание на старите христијански обичаи, кои и по неколку века на исламизација ги задржале и не ги заборавиле.

Како најголем празник кој се слави дури пет дена со обреди и обичаи е Ѓурѓовден. Носиите се составен дел од секој верски празник, а песните и ората се македонски. Се слават и Божиќ, Водици, и Крстовден. И тоа по православни традиционални обичаи.


Села во Гора (Косово) се: Драгаш (претставува седиште на истоимената општина), Рестелица, Горна Рапча, Долна Рапча, Крушево, Брод, Диканце, Орќуше, Долни Крстец и Горни Крстец (Крстец), Млике, Глобочица, Бачка, Зли поток, , Лјубошта, Радеша, Лештане, Кукаљане, Враниште.

Села во Гора (Албанија) се: Шиштавец (Шиштејец), Борје, Орешек, Црнелево, Оргоста, Кошаришта, Запот, Пакишта,Ново Село и Очикле.

Горанци живеат и во две села и во Тетовско - Урвич и Јеловјане.

Топонимите на местата се типично македонски, а уште да ги споменеме местата Попова Нива и Црквиште кои се наоѓаат во близина на Шиштавец. Овде има и остатоци од православни цркви, најдени се фрески на ѕидови од куќи, а во темелите на куќите се најдени и икони и посебен примерок на свето писмо- евангелие и тоа со метална ружана корица во облагороден рачно изгравиран метал, што се типични симболики на православието. 

Горанците формираат семејства уште рано. Не се земаат со арнаути, туку само со нашинци. Нивните семејства се многудетни, и поголем процент се млади и дечиња.

Вкупен број на населението е 84.000 нашинци.

Сите Горанци се муслимани. Исламизирани се во текот на владеењето на Отомаската империја на Балканот. Најголемиот притисок се забележува после 1690 година кога започнува поголема забележителна преселба на населението на балканските простори под притисок на османлиите. Иако Горанците се муслимани, тие сепак ги задржале обичаите за прослава на најголемите христијански празници.

Најголем празник на Горанците е Ѓурѓовден. Тука најголем дел завзема култот на вегетацијата. Имено жените од селото уште во раните утрински часови одат во полињата и планините и собираат гранки од дрвата со кои после се китат дворовите, куќите и добитокот. Овој обичај е истотака забележан и во целиот полошки крај. Рано наутро се носат децата на ладните извори и се замиваат со вода и се протрлува лицето со насобраните гранки.

Најинтересно е тоа што Горанците го слават и Божиќ на свој начин. Тие на самиот ден готват пченка и потоа ја делат на соседите. Со гранки од брест се китат влезните врати и просториите каде што се чува добитокот. И на крајот се замесува божиќен колач во кој се става метална паричка и дака се дели помеѓу домашните. Кој ќе ја најде паричката, се смета дека ќе го следи цела година среќа. Овој обичај е потполно идентичен со православниот македонски божиќен обичај.

Со самиот факт дека целиот регион Гора е надостапен и ридско-планински, тука жителите имале тежок и сиромашен живот. Сиромаштија условувала на печалбарство, а отсуството на мажите било мета на арнаутските банди, особено на познатото племе Љумани, кое пустошело во регионот на Гора и Полог. Поради притисокот од Љуманите, а и од турците населението постепено почнало да се исламизира. Првото поголемо исламизирање е забележано за време на големата селба на словенско население на Балканскиот полуостров во 17 век. Последниот забележан христијанин е извесна Баба Божана која починала во 1856 година.

Постои и верзија дека Горанците пред исламизацијата биле Богомили, и дека ги снашла истата судбина како бошњаците, односно полесно подпаднале под налетот на менување на верата.

Од дамнешни времиња имало обиди да се асимилира горанското население. Во почетокот кога сеуште биле христијани, Србија ги сметала за срби, кои зборуваат на специфичен српски дијалект. Со самата исламизација населението се присилувало да се изјавува како турско или албанско. Во денешно време на територијата на Косово, врз Горанците има невиден притисок да се албанизира[4], но и притисок од страна на Бошњаците да се прикажат за Бошњаци. Во последните години присутна е и бугарската пропаганда која се труди да ги прикаже како Бугари кои живеат на Косово. Но кај горанците е силен идентитетот и тие полека полека почнуваат да учат на својот мајчин јазик -Македонски, кој владата на Косово го призна како јазик на кој ќе се школуваат Горанските деца. Постојат и неколку македонски друштва и организации кои се трудат да го задржат населението на тие простори и да ја спречи асимилацијата и иселувањето.

Горанците зборуваат на македонски јазик, односно на Горански дијалект кој е сличен со сверозападните македонски дијалекти од Долни Полог и Скопска црна Гора. Поради исламизациајта и обидот да се асимилираат во нивниот јазик има голем број на турцизми. Горанците во Македонија и на Косово пишуаваат на Кирилица, додека во Албанија на латиница. Но Мифтар Аџеми, кој е трговец од Призрен, а по потекло од селото Долно Љубине, Жупа измислил своја азбука која ја нарекол нашиница - азбука за нашенскиот јазик. Тој самиот, како и некои други интелектуалци од Косово, пишуваат проза и поезија на горанскиот говор со таа азбука. Следува пример на позната горанска песна

Што се бели, горе Шар планина?

Да л' је снегче, ил' је бело стадо?
Нит' је снегче, нит' је бело стадо.
Да је снегче, би се растопило,
Да је стадо, би се растурило.
Веч тој беше Милкино чадорче,
Под чадорче болна Милка лега.
Брата и гу Турци заробили,
Заробили, пај га обесили.


- Кога сакаш некоја девојка тоа кај нас се вига гледаница. Така ја викаме поради тоа што таа смее да излезе на прозорец а ти само да ја гледаш. А ако некоја не ја даваат родителите да се ожени за тебе може да ја земеш и бегалка. После се собираат нејзини роднини и доаѓаат да ја земат. Ако самата каже дека сака да остане, се прави помирување, а ако каже дека некој со сила ја грабнал, оти има и такви случаи- тогаш родителите и роднините прават се за да си ја земат.- вели сејфидин Нашинец.

Погодени поради тешката ситуација последните години, Горанците масовно се иселуваат од своите вековни огништа. Главни причини се сиромаштијата и постојаниот притисок од албанците да се асимилираат. Во Албанскиот дел, каде поради непристапноста на теренот, немање на основни услови за живот на Горанците, кој е дури невозможен во денешни услови. Поради тоа што во Република Македонија има само две села, неможе да се даде пример за ситуацијата, и со самиот факт што тие две села се скоро иселени и жителите живеат во Тетово. Во суштина тоа е и целта на политиката која се води. Во овие села нема никакви вложувања и инвестиции од владата, тие се заборавени од таа причина, или да се асимилираат или пар да се истиснат поради лошите услови за живот и да се исселат.

Поради неразвиеноста на Гора и неможноста на луѓето да се вработат, тие често низ историјата оделе и одат на Гурбет (Печалба). Намногу иселени има во Централна Србија (претежно Белград: 3.340), Војводина (606), Република Македонија (претежно во западните делови), Италија и Турција, и бегалците од комунистичкиот режим од Албанија и Југославија во доцните ’40 кои се иселиле во САД (претежно Њујорк и Лос Анџелес).

Познати Горанци

* СФРЈ Фахрудин Јусуфи, познат југословенски фудбалер, играч на ФК Партизан и Шалке 04.
* Албанија Намик Докле, албански политичар, поранешен вицепремиер на Албанија.
* Албанија Назиф Докле, историчар и ентограф.
* Миралем Сулејмани, е српски фудбалски репрезентативец, играч на холандскиот ФК Херенвен.
* Харун Хасани, академик
* Исмаил Бојда, претседател на Македонците од Гора

РЕГИСТРИРАНА МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА НА КОСОВО
Страдни за муабет на горански

Каде и да си за Ѓурѓовден дома да си, е мислата што со години ги собира горанските Македонци кои поради маките морале да се иселат од својот роден крај со надеж дека и до година повторно ќе се видат. Звуците на дајрето и тапанот развиорени по селската ливада, кои се слушаат до врвовите на Шара, не ги оставаа рамнодушни. Сите се фаќаат на традиционалното ѓурѓовденско женско оро. И старо и младо во свечена празнична облека. Областа Гора е сместена на тромеѓето помеѓу Македонија, Косово и Албанија и е населена со Македонци со исламска вероисповед. Балканските војни ги оставиле поделени во три држави. Девет села и припаднале на Албанија, додека 18 села му припаднале на Косово. Во Гора живеат околу 8.000 Македонци, речиси двојно помалку отколку пред триесетина години. Тие деновиве имаа и причина повеќе за задоволство. Со одлука на косовската влада, Горанците се регистрирани како официјална заедница на Македонците во Косово. Канцеларијата што ја отворија во селото Брод ќе им овозможи одржување врски со Македонија, како и заштита на културниот, верски, јазичен и историски идентитет. Горанците со радост ги пречекаа гостите од Македонија за да можат, како што велат, да си помуабетат со некого на горански.

За Исмаил Бојда, претседател на Сојузот на Македонци со исламска религија, Горанците се мост за унапредување на односите помеѓу Македонија и Косово. - Тие сакаат да се рамноправни со граѓаните во двете држави затоа што за нив Гора претставува иднина, но и значаен дел од минатото. Токму затоа сме и благодарни и на македонската влада што овозможи 13.000 Горанци од Косово, но и од Македонија, да добијат државјанства и да се почувствуваат како вистински Македонци - вели Бојда. Со отворањето на канцеларијата, Горанците се надеваат дека полесно ќе ги остварат заложбите регионот Гора во иднина да прерасне во европски регион. Тие сакаат да се отвори и граничниот премин Срезимир - Рестелица од каде што ќе можат полесно да влегуваат во Македонија. Областа Гора се наоѓа под пазувите на Шар Планина во речиси недопрена природа. Од Скопје е оддалечена околу 200 километри. Дотаму се стигнува за три часа по стрмни планински патишта. Патот од селото Драгаш до Брод од неодамна е асфалтиран.

За безбедноста на селаните се грижат единиците на КФОР од турскиот контингент. Месното население вели дека животот во Брод е тежок, особено во зима. Овде снегот знае да остане и по шест месеци во годината. - Повеќето од месното население во селото се невработени и живееме од одгледување добиток. Речиси секоја куќа со душа чека напролет да се вратат печалбарите и да донесат радост и по некоја пара во селото - вели Фатмир од Брод. Горанците, и покрај се, се уверени дека ќе успеат да го одржат својот вековен стремеж за зачувување на својот идентитет иако последниве години постоеле обиди и нив да ги поделат по разни политички и национални основи.

Македонската Алијанса за Евроинтеграција во Албанија вложува напори да им помогне на нашинците. Со вршење на притисок во владата на Албанија, поднесување на програми до министерствата во Албанија и Македонија, да се извлечат овие луѓе и да ги добијат условите за живот на 21 век, ако се може.


Посебна благодарност за соработката при изготвивање на оваа статиа до Васил  Стерјевски од Мала преспа Албанија и до достапните извори изготвени од Игор Чавески.
Посебно благодарам до Сејфидин Рочи- Нашинец за сите податоци и соработка.


К.Л
 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.