|
||||
Античка Македонија во 4 век п.н.е. (5 дел) – Oд Јадранско до Црно Море |
Васил Чулев Во пролетта 342 г. п.н.е. Филип II конечно започнува со целосно доосвојување на Тракија се до устието на Дунав во Црно Море. Во намера да завладее со целата мрежа на речните и морските патишта во Егејот и пошироко тој испраќа и воени единици дури до брегот кај Херсон (лат. Chersonesus)[1] на Црното Море кои го заземаат. Македонската флота пак, која е во забрзана изградба, го освојува и островот Халон, многу важно упориште на москиот пат кон Дарданелите. Тоа воедно претставувала и воена вежба за се поголемaтa Mорнарица на Македонската војска,. Понатаму во 341 и 340 г. п.н.е. Филип ќе се обиде да ги заземе Перинт и Визант, но безуспешно. Овие два добро утврдени града-држави изградени на неприодни спили на морскиот брег добија, овојпат веднаш, силна воена и поморска подршка и од Персија и од Атинците, бидејќи директно беа загрозени трговските врски на Атина кон исток без кои тие веднаш би биле осудени на пропаст. Со тоа беше прекршен и мировниот договор од 346 г. помеѓу Атина и Македонија. Но овојпат, борејќи се за гол опстанок, Атинците влегoa со сите преостанати расположиви средства во војна со Филип. Тука за првпат се вмешува и Персија, која преку нејзините сатрапи од другата страна на Дарданелите и Босфорот отворено гo помага Перинт, коj е решен да не се предадe. Со сесрдна воена помош од Атина по морски пат успеваат да одолеат на опсадата на Македонците. За првпат од 352-та г. п.н.е. Филип претрпува тежок неуспех, ако не и пораз. И повторно Македонскиот крал мора под итно да го обнови угледот во очите на својата војска и сојузниците, и да им покаже на противниците дека не ја изгубил воената моќ. Својата можност за освета и зачувување на угледот тој ја здогледува на Босфорот, каде 230 трговски бродови полни со жетва чекале да помине непосредната опасност и да го продолжат својот пат кон Пелопонес. Со амфибиска воена операција Македонците го преминуваат теснецот на Босфор и ја заробуваат целата трговска флота на Атина. Пленот бил огромен и му овозможил на Филип да ги покрие загубите претрпени кај Перинт и Визант. Овој ненадеен и неочекуван удар имал огромен одек и далекусежни последици по ceвкупниот воено-политички морал на Пелопонес, и им ја урнал ионака малата надеж што им ја влеал релативниот успех во одбраната на Перинт и Визант. Нивната флота практично беше изгубена зaсекогаш и нивната некогашна поморска надмоќ беше неповратно минато. За разлика од нив таа на Македонија забрзано растеше. Филип наредил изградба на бројни бродови кои подоцна ќе пловaт се до Индијскиот Океан и Персијскиот залив. [1] Денешен Севастопол на Кримскиот полуостров вo Русија.
|