|
||||
| Груевски и Милошоски на своите позиции со доверба на Македонија |
|
ПРОДОЛЖУВА МАСКАРАДАТА ВО БРИСЕЛ Изјави за медиумите... ПРЕМИЕРОТ – Никола Груевски - Не сме многу изненадени, но овој пат е направен малку пософистициран начин отколку она што беше на Самитот во Букурешт, иако можноста да се навратат на прашањето за името во наредните шест месеци остава надеж дека нешто можеби ќе се приближи во тој правец, рече премиерот Груевски.- Тие сакаа да покажат аргументи на сила и тоа не е изненадување. Но, ние не можеме да промениме ништо. Тоа што зависеше од нас го направивме. Сега се соочуваме со проблем стар 18 години и со влада која не е подготвена да дојде до решение, наведе претседателот на македонската Влада. Тој најави дека Македонија ќе продолжи со напорите да се придвижи кон ЕУ и да најде решение за името. - Ќе ги продолжиме и внатрешните реформи и сите работи што се потребни за евроатланските инеграции. Но, ова е ситуација која не зависи само од нас. Ние нашето го сторивме, ги исполнивме бенчмарковите, сега имаме работи кои не зависат само од нас. Грција очигледно бара работи од нас кои никој од никого во светот не ги бара, потенцира Груевски и додаде дека од македонска страна постои подготвеност за средби со грчката, но тоа зависи од нив. Коментирајќи ги ставовите дека Македонија пропуштила историска шанса Груевски оцени дека за него таа шанса била откажување од името, јазикот и идентитетот. - Сите оние кои критикуваат дека сме пропуштиле историска шанса, да им одговорам дека таа шанса е себебришење од мапата на нациите и бришење на сопствениот идендитет, рече македонскиот премиер. - Многу сум задоволен што шведското претседателство вложи големи напори, дури и повеќе отколку што очекувавме, нагласи Груевски МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА РМ – Антонио Милошоски -Денешниот исход во Брисел може да се дефинира како нова грчка хипокризија, затоа што земјата која, наводно, се залага за сите земји од западниот Балкан да се приклучат кон Европската унија што поскоро, при првата шанса да и даде заслужена можност на нашата земја да ги отпочне преговорите тоа го блокира, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски - Тоа покажува дека сите останати земји-членки го ценат нашиот напредок, го валоризираат сериозно и тоа ќе биде нашата мотивација за дополнително да продолжиме со реформите и да успееме да најдеме начин како да ги оствариме своите амбиции на еден легитимен, реален и остварлив пат, рече Милошоски во Собранието на РМ. - Попречувањето од официјална Атина по однос на нашиот заслужен почеток на преговори нема да придонесе за подобрување на атмосферата во билатералните разговори што ги имаме во врска со спорот кој Република Грција го има со нашето уставно име, но во исто време Македонија ќе продолжи и тука, со она што се смета конструктивен придонес за да можеме да се придвижиме напред. Но, потенцирам дека блокадите нема да донесат предност, блокадите од Атина нема да не предомислат да продолжиме и понатаму да ги застапуваме и да ги браниме нашите уставни норми и нашиот национален, јазичен, македонски идентитет. Тоа е европска вредност и би било многу противречно ако една земја-членка очекува со своите злоупотреби на членството да му оневозможи на еден мал и мирољубив народ да си го изразува јасно и да го промовира својот национален и државен идентитет, додаде министерпт Милошоски. ШТО ВЕЛИ БРИСЕЛ- Оли Рен Европската унија го одложи донесувањето на одлуката за почеток на преговори со Македонија за наредната година, потврди комесарот за проширување во ЕУ, Оли Рен по завршување на состанокот на Советот на министрите на ЕУ во Брисел. - Советот на министрите на ЕУ констатира дека Комисијата препорача започнување на претпристапни преговори со Република Македонија и ќе го разгледа тоа прашање во време на следното претседателство на Унијата со цел да се види напредокот на земјата, рече на прес-конференција Рен. Тој посочи дека е охрабрен од позитивните резултати и обновените односи со премиерот и нагласи дека за спорот со името земјата мора да си го реши билатералниот проблем. Иако повеќето од членките на ЕУ беа за одредување датум за старт на преговорите, тоа, сепак е одложено поради противењето на Грција која инсистира на претходно решавање на спорот за името со Македонија. Грчката страна силно инсистирала да нема временска рамка за добивање датум за преговори, но претседавачот Карл Билт силно се спротиставил и имал став за доделување датум во март 2010 година. Силна подршка за Македонија покрај Шведска и Европската комисија имало и од министрите на Велика Британија, Австрија, Словенија, Финска, Италија, Чешка, Полска, Унгарија и Словачка. Во поддршката се приклучиле и Греманија, Франција, Шпанија, Португалија, Белгија и други земји. И покрај поддршката од страна на мнозинството земји, грчкиот министер за надворешни работи жестоко реагирал и влегол во дирекна расправија со Билт. Во последните неколку месеци пред одржување на состанокот на Советот на министрите премиерот Никола Груевски, вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски и министерот за надворешни посетија повеќе од земјите-членки во Евроспката унија, лобирајќи за добивање датум за преговори. Следниот преседавач на ЕУ Шпанија ротирачката функција ќе ја врши од 1 јануари до 30 јуни 2010 година Македонска нација |



- Не сме многу изненадени, но овој пат е направен малку пософистициран начин отколку она што беше на Самитот во Букурешт, иако можноста да се навратат на прашањето за името во наредните шест месеци остава надеж дека нешто можеби ќе се приближи во тој правец, рече премиерот Груевски.

















