Среда, 23 Јули 2014    PDF Печати Е-пошта
Александар во малата црква Свети Ѓорѓи во с. Бањани

Димитрија Дичо Зограф покажува добро познавање на историјата и својот народ преставен преку македонскиот цар Александар Македонски го издвојува од пеколот. Одамна Судот пресудил дека таму нема место за македонскиот народ.

aleksandar-crkva

Македонските цркви и манастири распослани низ целата територија на Македонија, се сместени во најубавите предели со природни реткости и убавини. Создадени низ вековите високо во планините, во близина на градовите и селските населби, овие духовни и културни споменици на македонскиот православен народ, пленат со својата архитектура, со прекрасните фрески, икони и резби. Тие денес преставуваат вистински трезор на македонската духовна и световна култура, отворена книга која говори за името, идентитетот, јазикот, но и за голготата на македонскиот народ. 

На група на цркви поредени во подножјето на Скопска Црна Гора, припаѓа и малата средновековна православна црква Свети Ѓорѓи во селото Бањани, посветена на светиот воин Ѓорѓи Победоносец. Натписот над влезната врата, од внатрешната страна на црквата, говори дека таа била завршена во 1548/49 година, во време на султанот Сулејман, а во истата година била и живописана. Црквата е изградена на свето место. Тука се наоѓаат силни извори од кои водата била носена до античкиот град Скупи.

Црквата Св. Горѓи е еднокорабна, со мали димензии, солидно градена од добро обработен делкан камен, оживеана со редови тули, по принципот на старите византиски градби, засводена со полуцилиндричен свод. На источната страна се наоѓа тристрана апсида.


Живописот кој датира од времето на ѕидањето на црквата се одликува со високи уметнички квалитети. Непознатиот зограф неоспорно припаѓа на групата најталентирани сликари на своето време. Неговиот цртеж е смел и динамичен, а колоритот е богат, внимава на обработката на ткаенините што е многу редок случај. Композициските проблеми се добро решени, а одделни детали се работени со многу фантазија и грижливост. Според тие свои вредности, ѕидните слики на црквата во Бањани стојат многу близу до најубавите современи остварувања на подоцнежните творби од Атос и од Костур.


Во 1846 година иконостасот на црквата го сликал Димитрија Дичо Зограф (1810 - 1872), кој го извел целиот нов живопис на црквата. Од ктиторскиот натпис над западната врата која води од припратата во наосот, се дознава дека со сликање во овој храм Дичо завршил на 5 декември 1846 година. На западната страна бил доѕидан еден широк трем, за што постои натпис над вратата од ктиторот Петар Каовче. На неговата западна и северна страна се  сликани светители во цел раст. На западната фасада, од фреските што ги извел Димитрија Дичо Зограф најголемо внимание привлекува композицијата Страшниот суд која зафаќа половина од насликаниот простор. Во зимата 1845/46 година, Димитрија Дичо Зограф и неговите соработници ги изработиле престолните икони за иконостасот во црквата. Од раката на Дичо Зограф се изработени иконите на апостолите со композицијата на деисизот и празничните икони.

Долго време за комплексната композиција на Страшниот суд, постоеја различни мислења дали таа е Дичово дело. Сепак, според стилските карактеристики и иконографското решение на композицијата со сигурност може да се тврди дека е дело на Дичо Зограф, а воедно е и единствениот досега откриен примерок во ваква форма во ѕидното сликарство насликан од овој зограф.

Сепак она што го привлекува вниманието на оваа фреска е тоа што на неа е прикажан Александар Македонски кој стои заедно со кралевите Дариј, Пор и Кир. Под нивните нозе прикажани се митолошки суштества кои го симболизираат царството на Вавилон, Персија, но и лавот како симбол на Македонското царство.

Авторот преку сликата како да сакал индиректно да порача дека ќе дојде денот кога пред пред Божјиот суд ќе одговараат сите оние кои ги потчинуваат и тероризираат народите. Дека еден ден пред Страшниот суд, кој ги опфаќа сите луѓе од сите времиња, на основ на Правдата и Љубовта, ќе бидат измерени сите човечки дела, сите мисли и чуства, со сите вредности и мани, па сите добри ќе наследат вечно блаженство во Царското Небесно, а сите лоши кои ја отфрлија божјата љубов  ќе го имаат пеколот.

Меѓутоа, Димитрија Дичо Зограф покажува добро познавање на историјата и својот народ преставен преку македонскиот цар Александар Македонски го издвојува од пеколот. Одамна Судот пресудил дека таму нема место за македонскиот народ.

 

На прво место

News image

Потребно е да се напредува според квалитет

Мицкоски: Балансерот за вработување до сега се злоупотребуваше и фрустрираше, потребно е да с...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.