Среда, 13 Ноември 2013    PDF Печати Е-пошта
Решавање на името во Обединетите нации
Политичко решение за името со Грција, како билатерално, не може да биде реално, туку да бараме да се исправи административната грешка на ОН.

Нудејќи ја својата стручна помош до владата на Република Македонија, проф. д-р Игор Јанев, со неговото гледање на овој наметнат спор од страна на Грција, во интервју на македонската ТВ програма  24 Вести, зборуваше во врска со одбраната на уставното име на Македонија. Тој покажа подготвеност во секое време да помогне за одбрана на уставното име во ОН, при што во главни црти ги изнесе своите видувања со стручни и правни предлози, од кои  дел од нив се:

-Во Генералното собрание на Обединетите Нации, треба дипломатијата на Република Македонија да поднесе барање за продолжување на членство, но за  измена на привремената референца ПЈРМ;

-Македонската дипломатија треба на ОН да и разјасни зошто референцата ПЈРМ не е веќе легална;

-Грците имаат провинција Македонија, но немаат држава Македонија;

-Обединетите Нации, во почетокот кога ја примаа Република Македонија, згрешија и тоа административно и правно, усвојувајќи ја референцата, вели  Игор Јанев и никој од македонските политичари, во тоа време, немаа потребни знаења да се спротивстават;

-Политичарите треба да објаснат дека е прекршена повелбата на ОН за привременото име;

-Политичко решение за името со Грција, како билатерално, не може да биде реално, туку да бараме да се исправи административната грешка;

-Имаме доволно факти, кои сами по себе зборуваат дека не е можно политичко решение на наметнатото името од Грција и со Грција и со било кој посредник;

-Ние имаме право, според фактите, да го задржиме членсатвото во ОН, но да бараме да се смени референцата и да се користи уставното име на Македонија. За таа цел, г-дин Јанев предлага поголема агилност на нашата дипломатија, со  објаснувања на државници и лидери на институции, посебно од неврзаните земји членки на ОН. Така подготвени за преговорите со ОН, тие земји кои ќе станат наши пријатели, во мнозинство ќе ја усвојат резолуцијата на Генерслното собрание на ОН и Република Македонија официјално ќе се здобие со своето уставно име.

prof-igor-janev
Проф. д-р Игор ЈАНЕВ

Предлагам  проф. Игор Јанев, кој долги години доброволно и со лојалност кон Македонците и кон суверена Република Македонија, работи за собирање факти, за овој акутен и актуелен наметнат проблем од Грција, да биде еден од главните советници на владата на Р.М. во основање на дипломатски стручен тим, а и нејзин редовен член за промена на навредливата референца, со вистинското уставно име на Суверена Република Македонија.

Спротивно на горното, не само од странство, како од Соросоиди, туку и внатре од „наши“ опозицииони политичари се спрема велепредавство на национална и суверена основа, пропратена со уцени, закани со заплашување и глумење на „спасители“ на животниот стандард.

Од Агенцијата за иселеништво на Македонија, се послуживме со статијата од нивното интернет издание, кое е во рубриката Истакнати Иселеници-професионалци, за поблиско запознавање со проф. д-р Игор Јанев:

Игор Јанев е роден 1964 година во Белград, Србија.  Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1994 година, а пост-докторски студии завршил во САД (Вашингтон, Шарлотсвил и Медфорд - Харвард) во дисциплините на Меѓународната политика и Меѓународното право. Член е на неколку престижни меѓународни здруженија за Меѓународното право и меѓународните односи, меѓу кои се АСИЛ и АЦУНС. Д-р Игор Јанев е и член на Њујоршката Академија на науките (НЅАС). Од 2000 година Игор Јанев е вработен во Институтот за политички науки во Белград, а во 2010 година ја добива и највисоката научна титула Научен советник (во ранг на редовен професор на Универзитетот во Белград).

Во македонските историски движења познато е дека д-р Игор Јанев беше Специјален советник на Министерот за надворешни работи во 2002 година. Во научните анализи од 1998-та година за легалитетот при приемот на Македонија во ООН открил кршење на Повелбата на Обеднинетите нации. Овој исклучителен научен придонес е објавен во списанието со највисок научен рејтинг во правните науки American Journal of International Law. Ставовите на Игор Јанев ги презентираше и македонскиот претседател Ѓорге Иванов на 67-то Генерално собрание на ОН во 2012-та година, кога го искажа ставот дека при приемот на Македонија во ООН Република Македонија беше условена со два дополнителни услови надвор од пропишаните според Повелбата на ОН. Имено таквите услови, посебни за македонскиот прием, се спротивни на Поевелбата на ОН (на член 4 од овој основен документ),според Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата (од Хаг) од 1948 година, во кој се искажува ставот дека за специфични услови надвор од општите пропишани во член 4, во време лимитирани, не смее да се гласа во ОН, ниту таквите услови можат да бидат поставувани на кандидатот за прием. Ова Советодавно мислење на Меѓународниот суд на правдата од 1948 година беше прифатено и од Генералното собрание на ООН истата 1948, како толкување на член 4 на Повелбата.

По откривањето на кршење на Повелбата на ОН при приемот на Република Македонија (РМ) со нелегалните дополнителни услови, Игор Јанев предложи стратегија за решавање на проблемот со името во ОН, која има два модалитета. Првиот модалитет подразбира дека уставното име се воспоставува со политичкиот приод преку Резолуција на Генералното собрание на ОН (ГСОН), каде поаѓајќи од Советодавното мислење на Меѓународниот суд од 1948, и од фактот дека Република Македонија ја поминала постапката во Советот на безбедност на ОН со искажан став дека општите услови за прием се исполнети, треба да побара продолжување на македонското членство во ОН под уставното име Република Македонија.  Имено, прифакајќи ги ставовите на Мегународниот суд од 1948, со простото мнозинство од присутните и кои гласаат во ГСОН (според модел од 1948), Јанев покажа дека Македонија може да го продолжи членскиот статус во ОН под уставното име Република Македонија (заменувајќи ја референцата односно деноминацијата”the Former Yugoslav Republic of Macedonia”). Вториот модел е правната варијанта во која Јанев предлага еден мегу чекор, а тој е поставување прашање од ГСОН до Меѓународниот суд на правдата, слично како 1947, за тоа дали се специфични услови за прием на Македонија во ОН дополнителни во однос на пропишаните во Повелбата. По добивање на Советодавното мислење на Меѓународниот суд дека условите се дополнителни односно дека референцата “the Former Yugoslav Republic of Macedonia”, и преговорите за името се нелегални, при прифаќањето на таквото мислње од Генералното Собрание на ОН би било воведено во ОН и правото на Република Македонија да го користи своето уставно име (односно со резолуцијатата на ГСОН членството би било продолжено со уставното име Република Македонија).

Ставовите на Игор Јанев се прифатени во научната периодика во светските научни списанија. Покрај American Journal of International Law (AJIL) ставовите на Јанев се објавени и во Review of International Affairs, Political Review и во други меѓународни списанија.

Игор Јанев објавил над 150 научни трудови пред се` во меѓународни списанија надвор од Македонија, како и 17 книги и монографији од областите на Меѓународната политика, надворешената политика и на Меѓународното право и организации. Меѓу другото, Игор Јанев е и основач на Релационистичко-дијалектичка теорија во општата Онтологија (Филозофија). Основното филозофско прашање на постоењето е идентификувано како: Од каде се` што постои? Јанев доби соодветно решение на ова филозофско прашање со преформулацијата во форма: Од каде се` што постои , во однос на Ништо? Со негација на овој парадокс, поставувајќи прашање: Во кои услови вакво прашање е нелогично? Јанев покажа дека еден од двата аспекта е нужно невозоможен односно дека полот означен како Ништо е невозможен. Решението е најдено во нужната релација меѓу Ништо и (спротивно на тоа) Нешто, кои се во системска врска. Како што заклучил Јанев, од ова произлегува дека основната релација е пофундаментална од елементите, односно половите на која било релација. Оваа филозофска концепција е и основа на новата релационистичка теорија на меѓународните односи, која ја застапува Игор Јанев.

Јанко Томов

 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.