|
||
| Македонија и Косово се разграничија - Кој губи кој добива? |
Македонија е прва земја во регионот која успеа да го реши граничниот спор со сите свои соседи.Овој чекор покажува дека нашата држава е спремна и дека сака да има добрососедски односи. Демаркацијата на границата со Косово е добар сигнал за сите во регионот. Македонија е отворена за соработка со соседите, тоа деновиве го покажа и со решавањето на овој проблем, кој реално беше единствен услов за воспоставување на дипломатски однос помеѓу двете земји. Проблемот со демаркацијата на границата почна уште во 2001, но се досега не беше изнајдено соодветно решение, како најдобро и најправилно да се изведе обележувањето на самата граница. Според досегашните извори во медиумите, очигледно е дека имало и размена на земјиште, што сметам дека тоа е сосем нормална појава кога станува збор за поделба на територии во кои има население. Или подобро да објаснам (бидејќи во јавноста излезе една многу страшна шпекулација од страна на опозицијата, силно поткрепена од медумите, за територијална поделба на нашата држава), имено станува збор за размена на приватен имот на население кое живее во тој пограничен дел, па оттаму некои „ниви“ завршија во Косово, а некои во Македонија. Нестанува збор за никаква територијална поделба помеѓу двете држави. Македонија во овој случај е во добивка и тоа во неколку сегменти, ако збориме за територија: Македонија доби 30 хектари повеќе земјиште; Ако збориме геостратешки позиции: Кодра Фура е комплетно на македонска територија; Луково поле каде уште во минатото е планирано изградба на брана и хидроцентрала е на македонска територија, или пак ако сакаме да зборувамеме за меѓународниот фактор; Кон Македонија беа упатени само пофални зборови од сите меѓународни релевантни фактори кај нас, но и од странство. Замерки, очекувано имаше само од страна на Србија, Албанија го пофали овој крупен чекор од страна на македонската и косовската влада. Деновиве се изнаслушавме се и сешто, нормално решавањето на проблемот со демаркацијата на границата со Косово, наиде на различни реакции кај владејачката гарнитура и кај опзицијата. Власта очекувано со позитивен став околу решавањето на едно од клучните прашања за чекор понапред кон евроатланските интеграции, а опозицијата деструктивна како и секогаш кога се во прашање важни, прашања за напредокот на нашата држава. Прво по медиумите проструи веста , дека веќе почна територијалната поделба, потоа почна да се шпекулира со бројки за тоа колку територија изгубила Македонија, па продолжија за тоа дека ќе имаме и граничен премин под вода (се мисли на хидроцентралата во Луково, која е во план за иградба), за јагодата на шлагот да ја стави Андреј Жерновски со „најконструктивната“ изјава „ одлуката за демаркација на границата со Косово ЛДП ќе ја обжали на Уставен суд“! На прв поглед е смешно, но со оглед на тоа кој го контролира Уставниот суд, не е баш смешно, бидејќи од одлуката ќе зависи меѓународниот углед на Македонија а во исто време треба да се мисли што ќе се случи ако волку важна ситуација за билатералините односи со Косово, „падне“ на Уставен суд? Како ќе се развиваат настаните понатаму за напредокот на нашата држава, како ќе не гледа меѓународниот фактор, што е посилно Одлуката на Уставниот Суд или меѓудржавен потпишан договор? Многу прашања се отворија, но да се надеваме дека и опозицијата еднаш за секогаш ќе се вразуми, и дека ќе почне да работи во корист на сопствената држава. Пред Македонија останува уште еден голем меѓусоседски предизвик, кој треба што поскоро да се реши - спорот со името. Да веруваме во Владата , да веруваме во напорите кои ги прави заедно со своите соработници за Македонија што побргу да влезе во европското семејство. Со ваква работа и темелност, може да очекуваме само напредок. ![]() Слаѓана Димитровска |