Петок, 16 Октомври 2009    PDF Печати Е-пошта
Претседателот Ѓорге Иванов во посета на Турцијa

Турција е голем и искрен пријател на Македонија
ivanov-turcija
Пријателството кое  се негува помеѓу Турција и Македонија не отстапува од својот континуитет.  Овојпат гостопримството е наклонето кон нашиот претседател Ѓорге Иванов.

Средбите започнаа со претседателот на турскиот Парламент, Мехмед Али Шаин, а продолжуваат со претставници од државниот врв  на Турција, со претседателот Абдуха Ѓул, по што на пленарната средба на двете делегации се потпишува  Договор за протокол за цивилно воздухопловство.

Во прооколот на нашиот претседател Ѓорге Иванов е и средба  со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, и полагање венец во Мавзолејот на основоположникот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк.

Претседателот Иванов почести со предавање на ТОББ-ЕТУ универзитетот, кој го прогласува со титулата почесен доктор на науки.
По престојот во Анкара, посетата продолжува во Истанбул каде ќе се остварат среби со здруженија и организации на иселеници од Македонија.

Претседателот Ѓорге Иванов ќе го посети и Вселенскиот патријарх Вартоломеј- поглаварот на Цариградската патријаршија.
Уште од 1991 година наваму Турција во сите клучни моменти  од аспект на националните и државни  интереси на Република Македонија ја дава својата принципиелна поддршка не само на билатерален туку и на мултилатерален план, турската поддршка ја имавме и во процесот на меѓународното признавање на Македонија, кога Турција беше една од првите земји што ја призна независноста на нашата држава и тоа под уставното име.

Кога во 2008ма година во Македонија допатува претседателот на Големото национално собрание на Турција, Ќоксал Топтан, во своето обраќање во македонскиот парламент рече:

„Турција е голем  и искрен пријател на Македонија  и поддржувач во нејзините  евроатлантски аспирации. Македонија повеќе од потребното ги исполни критериумите за членство во НАТО“.

Многу е значајно Македонија да биде под чадорот на НАТО, како најсилен безбедносен систем во светот. Членството во НАТО и безбедноста на Македонија се важни за регионот и секаков негативен развој на настаните на овие простори ќе има негативно влијание кон сите земји. Како што заслужи да го заземе своето место во НАТО, така Македонија има заедничка иднина и со ЕУ. Многу значајно е тоа што огромен број државјани на Македонија даваат поддршка за зачленување на земјата во овие институции. Се надевам дека НАТО и ЕУ соодветно ќе го вреднуваат тоа“.

Ваква силна порака до македонските граѓани беше само потврда дека политичките односи меѓу двете земји од ден на ден се' повеќе се зацврстуваат. И дава уверување колку е силно пријателството помеѓу Македонија и Турција и колку се интензивни и искрени односите помеѓу двете пријателски земји.

Турција и Македонија се пријателски земја који се длабоко  поврзани - со меѓучовечки односи, културата и минатото.

Показател за наклонетоста на Турција кон Македонија е и  податокот што 369 од 564 пратеници  во турското Собрание се членови на парламентарната група за пријателство со Македонија.

Турција останува најсилен поддржувач на Македонија.

Турција меѓу првите ја призна Македонија под уставното име  во 1991 година и преку претседателите Тургут Озал, Сулејман Демирел, многу премиери, министри за надворешни работи и за одбрана, бизнисмени. Турција секогаш изјавуваше дека со Македонија има исклучително добри односи.

Македонија и Турција воспоставија дипломатски односи во 1991 година во моментите кога Македонија се најде  под силен притисок од Грција и  беше ставена на листа на чекање од повеќето членки на ЕУ како држава  која треба да се докаже како таква за да биде призната.

Република Турција  ја поддржува нашата земја за полноправно  членство во Евроатлантските структури  и е цврсто уверена дека Република  Македонија дава придонес во мирот, стабилноста  и просперитетот, како на регионално, така и на меѓународно ниво.

Неодамна беше унапредена воената соработка мегу двете  земји, како и билатералната соработка  меѓу министерствата за одбрана, за прашања  од областа на воената индустрија и регионалните случувања.

Договорено е, од 1 јануари 2010 година во Кабул, Авганистан, македонските мировници заедно со турските војници да ја обезбедуваат регионалната команда која ќе биде преземена од Франција.

Министерот Ѓонул  неодамна на  Македонија и посака колку е можно побрзо да стане членка во НАТО и потенцира дека Македонија е надвор од НАТО само заради блокадата од само една земја.

И трговската размена  меѓу Македонија и Турција ја следи  тенденција за пораст.

Трговската  размена меѓу Македонија и Турција  за неколку години ќе достигне 1 милијарда  доалри, а вкупните инвестиции на турски бизнисмени во Македонија се очекува до 2011 година да се зголемат за уште околу 500 милиони долари.

Турција може да  стане главен инвеститор во Македонија

Турција ги повика турските инвеститорите да дојдат во Охрид во Битола во Скопје дефинитивно тие се едни од најсериозните каднидати да бидат најголемите инвеститори во Македонија.

Пријателството со Турција се продлабочува во сите сфери.

Во Турција започна  и изработка на копија на саркофагот со релјефна претстава на Александар Македонски, кој датира од 2 век од нашата ера и се наоѓа во Археолошкиот музеј во Истанбул, оваа копија пријателска Турција планира да ја поклони на Македонија, како дел од договорот помеѓу Управата за заштита на културното наследство на Македонија и институции за заштита на културното наследство на Турција.

Саркофагот е откриен во Сидон (денешен Либан) во 1887 година во кралска некропола со уште 22 саркофага. Во Турција го пренел Осман Хамди-бег.

Копијата би имала идентични димензии и би била изложена во наш музејски простор.

Турција исто така, помага во реставрирањето и конзервацијата на спомениците на културата од османлискиот период во Македонија, а има иницијатива  и за соработка на Истанбул и Скопје за довршување на Камен мостот и на плоштадот „Карпошово востание“ на влезот на Старата скопска чаршија.

klaudija
Клаудија Лутовска
 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.