|
||||
| Струшките ракометни репрезентативци пречекани од неколку илјади стружани |
Неколку илјади стружани попладнево во центарот на градот ги пречекаа своите сограѓани, македонските ракометни репрезентативци Наумче и Златко Мојсоски, Ацо Јоноски, Велко Маркоски и Никола Маркоски.
Ракометните репрезентативци ги поздравија стружани и им се заблагодарија за одличниот пречек, за кој како што рекоа, долго ќе го паметат. Тие се фотографираа со нивните сограѓани и им поделија маици на кои беа испишани нивните имиња. Заменик-капитенот на „црвено-жолтите“ Наумче Мојсоски изјави оти не го очекувал она што ракометарите го постигнаа, но дека се надева на бројни успеси и понатаму, потенцирајќи ги Олимписките игри во Лондон. - Никој од нас не очекуваше толку многу народ. Се надеваме дека квалифификациите за Олимписките игри ќе донесат уште поголема радост за сите нас. Од овде упатувам апел да се инвестира повеќе во спортот во Струга, бидејки Струга е спортски град и од овде потекнуваат најголем број ракометари, но и голем број спортисти, рече десното крило Златко Мојсоски. Ацо Јоноски кој беше претставен како „врховен командант во македонската одбрана“ истакна дека Струга покажала дека знае да ги цени своите спортисти. - Иако е мал град, во Струга се наоѓа најголемиот расадник на ракометот во Македонија, додаде Јоноски. |



Неколку илјади стружани попладнево во центарот на градот ги пречекаа своите сограѓани, македонските ракометни репрезентативци Наумче и Златко Мојсоски, Ацо Јоноски, Велко Маркоски и Никола Маркоски.

















