|
||||
| Повторно да се разгледаат заклуцоците од НАТО Самитот во 2008 |
|
Повторно да се разгледаат заклуцоците од НАТО Самитот во 2008 година во Букурешт кои се однесуваат на Република Македонија, да се земе предвид Хашката пресуда во која јасно се укажува прекршување на некои од одредбите во Времената спогодба од страна на Грција, почитување на Времената спогодба од 1995 година и од јужниот сосед, побара премиерот Никола Груевски од Генералниот секретар на НАТО Андрес Фон Расмусен. На денешната средба со Расмусен во Брисел, Груевски побарал и Грција, како членка на НАТО, да го почитува меѓународното право и во иднина да не ја злоупотребува економската криза во државата за избегнување натамошен дијалог под покровителство на медијатотрот Метју Нимиц како што се случи минатата недела во Њујорк. На состанокот на Северноатлантскиот совет (НАЦ), премиерот Никола Груевски доби потврда дека Македонија де факто функционира како дел од НАТО, со сериозен придонес и ангажман во сите мировни мисии. Амбасадорите ја поздравија улогата на Македонија како контрибутор, нејзината улога во обезбедувањето регионалата стабилност и реформате што ги спороведува Владата во сите сфери. |



Повторно да се разгледаат заклуцоците од НАТО Самитот во 2008 за Македонија и Грција да го почитува меѓународното право, побара Груевски од Расмусен

















