|
||||
| Копање дупка во вода - Е.З. |
|
Кризата на Е.З. се приближува многу од поодамна и подолго отколку што мислите, а потоа ќе се случи многу побрзо отколку што би помислиле.
Од летото минатата година, тресејќи се на преку некои 40-ина самити, на европските лидери им стана повеќе од јасно дека ова не е краткорочна тековна криза туку вистинска долгорочна економски крах. За многу земји ова ќе биде и крај на играта. Тоа е воедно и крај на долгиот задолжувачки супер-циклус. Долгот се зголеми до таа мера што цели западни развиени капиталистички земји почнаа да банкротираат. Пазарната економија наложува повеќе да не можат да се добиваат кредити под привилегирани услови, а сите напори за намалување на трошоците и зголемување на даноците резултираа со влошување на економската криза, рецесија, намалување на приходите и зголемени трошоци. Трите главни проблеми на ЕвропаПроблемите во Е.З. може да се сублимираат главно во 3 точки. 1. Се поголем број на земји од Е.З. се банкротирани или блиску до банкрот. 2. Поради растечкиот страв од бројни банкроти (само Грција ќе беше доволно лошо!) се смета дека повеќето банки во Европа исто така ќе одат под стечај и ќе им треба финансиска помош од стотици милијарди евра свеж капитал. 3. Но вистинскиот проблем во Европа е всушност големата економска разлика помеѓу периферните земји и т.н. централни земји. И по две години институционална инволвираност (мешање) во Грчката економија од страна на ММФ и Е.З., тој проблем сеуште не е ни чепнат! Трошоците на работната сила (платите) - се сеуште на нереално ниво неодржливо за една мала економија како на пример Грчката. Ниеден од овие проблеми не може да се реши без решавање на сите три. Целата Еврозона е надвор од рамнотежа, и никој не прави било какви чекори да се справи со тоа, или барем да го признае основниот проблем. Европа сега засега се обидува само да ги реши проблемите 1 и 2. Се зборува за „нов договор", сериоэно штедење, појаки правила, „жими мајка”, и т.н., а од друга страна Германија веќе стави својa клаузула која и дава екстра време за да си го спастри само својот буџет. Зјапајќи во безднатаС.А.Д. едвај преживеаја една ваква криза која им се случи во септември 1998-та година. Одеа по работ на бездната, и погледнаа надолу во длабочината. Њу Jоршката Федерална Резерва (ЊJФР) тогаш повика на округла маса 14 главни Американски банки кои беа принудени да извадат од џеб $ 3.625 милијарди (да, 3.625 милијарди долари!) за да го спасат Американскиот капитализам од катастрофа. Единствена голема банка која се оглуши на повикот беше Беар Стернс (Bear Stearns), една од причините зошто тие немаа пријатели десет години подоцна. Претседателот на ЊJФР ги повика сите раководители на големи банки, на кои им беше наложено лично да бидат присутни, и да ги носат своите чековни книшки. ЊJФР и беше единствената институција која можеше да присили ајкули и лихвари од тој калибар воопшто дури и да седнат во иста просторија еден со друг. Сега дојде време и за банкарите и лидерите на Европа да се прошетаат по работ на бездната. А таа е длабока удолу, и изгледа како 9-от круг од Дантеовиот Пекол. Нивниот прв вистински поглед надолу ќе дојде брзо, во следниве неколку недели, додека Грција е во преговори со заемодавците за тоа колкав дел од долгот ќе им биде простен и каков вид на гаранции Грција ќе обезбеди за преостанатиот долг. Правниот еуфемизам кој е употребен тука е дека кредиторите кои се излажале да ја кредитираат Грција сега „доброволно” прифаќаат 50% губиток. Арно ама, и со 50% намалување на долгот кај приватните кредитори Грција (во најдобар случај) само ќе се врати на задолженост од околу 120% од БДП, од сегашните растечки 170%! Задолженост од околу 120% од БДП е сепак стечаj, малку помал но сепак стечаj, и инвеститорите и понатаму ќе се држат настрана од таква банкротирана држава. Европа е соочена со безизлезна ситуација. Тие можат да продолжат да и позајмуват пари на Грција на ветувања дека ќе се сменат работите, но и самите знаат дека тоа нема никогаш да се случи. се додека се спроведуваат сурови мерки за штедење кои го спречуваат развојот и инвестирањето, и се додека Грција има 10% трговска негатива во однос на остатокот на Европа. A ако не и даде пари ќе има неконтролиран банкрот и хаос, а Европа ќе се приближи до бездната поблиску отколку што би сакала. Тоа ќе значи стотици милијарди евра загуби во Европските банки, кои на крај ќе треба да ги санираат даночните обврзници. Покрај сето ова Европа се соочува и со потенцијална многу опасна "епидемија". Ако Грција добие 50% намалување на нејзиниот долг - зошто да не добие и Португалија, Ирска, Шпанија, Италија, Унгарија,... Халуциногени податоци и други забавни активностиЕвропскиот естаблишмент предвидуваше позитивен БДП за регионот само еден месец порано. Но, неодамнешниот тренд укажува дека податоците што се изнесени мора да биле правени под дејство на халуциногени супстанци. Германија е во минус веќе од 4 квартал на минатата година и веројатно ќе биде таму и во овој квартал, што е техничка дефиниција за рецесија. Како и сите периферни Европски земји кои се во рецесија, некои изгледа дури до толку што би можело да се нарече и депресија. Господа, изберете ја вашата катастрофаПрво, да ја земеме Грција на пример. Грција има две опции. Тие можат да изберат катастрофа А, која е да се остане во Еврозоната, намалувајќи ги трошоците и зголемувајќи ги даноците, за да може да се квалификува за уште една финансиска помош; преку контролиран стечај и се подлабоко задолжување и страдање проследено со недостаток на лекови, енергија и други основни стоки. Тие ќе бидат заглавени во депресија за наредниве 20-30 ако не и повеќе години. Демонстрациите ќе станат уште поголеми и почести, бидејќи владата ќе мора да спроведе нови рестрикции за да се справи со загубите, како на пр. 2,5% од БДП кои излегуваат од земјата секој месец. Tоа е масовниот одлив на депозитите - секој Грк кој може да извади пари од банка ги префрлува надвор од земјата. Грција ќе биде на Европска милост и немилост многу долго време, ако остане во Еврозоната. Тоа ќе значи и стотици милијарди евра нов долг, што ќе води во уште подлабока криза и никако не е добар избор. Грција да излезе од Еврозоната, што е планот Б, исто така e катастрофа. Оставањето на еврото е кошмар од библиски пропорции, што е еквивалентно на околу 7 од 10-те зла кои го снајдоа Египет. Прво тука е „банкарскиот одмор”, потоа сите сметки се претвораат во драхми и сите пензии и плати ќе бидат во драхми. Што ли ќе биде со приватните договори склучени во евра со не-грчки бизниси само господ знае. И без разлика дали тие ќе одлучат или не да одат директно на драхми (катастрофа Б) тоа е само прашање на време. Тие сигурно ќе одат таму, и тоа наскоро. A Грчкиот естаблишмент во меѓувреме само се труди да добие на време до следните избори, сметајќи на претпоставката дека светот ќе продолжи да ги финансира со кредити, без оглед на се. Европа се доближува до точката каде што ќе мора да донесе одлука што да се прави со Грција. Таа ќе мора да го направи својот избор оваа година. Или многу построга, помала фискална унија со централна банка која агресивно ќе може да печати евра во оваа криза, или распад, контролиран или не. Економистите се на мислењење дека Европа нема да може да лажира и да се бламира уште долго, зошто пазарот нема да дозволи уште една година на неизвесност. Најверојатно ова е годината кога судниот час за еврото пристигна. |






















