|
||||
| Да бидеме горди што имаме навивачи со срце |
Да престане наметнувањето негативна атмосфера околу навивањето за македонските репрезентации, бараат спортските федерации
Кик Боксинг федерацијата на Македонија, навивачката група „Фемили Аеродром“ и Боречка федерација на Македонија денеска преку соопштенија до медиумите побараа да престанат забелешките и коментарите кои наметнуваат негативна атмосфера околу навивањето и бодрењето на натпреварите кои ги играат македонските спортски репрезентации. - Како луѓе кои се разбираат и занимаваат со спорт цел свој живот, би сакале да појасниме дека навивачите и поддршката од матичната земја и тоа како е потребна во вакви ситуации и на каков било поголем или помал спортски настан. Со тоа би се издвоило дека навивачите не се никаков притисок врз нашата репрезентативна делегација, ниту пак поддршката од медиумите и љубителите на спортот. Оние стотици Македонци кои во приватно организирани аранжмани одеа и ќе одат до крајот на Европското ракометно првенство да ја бодрат нашата репрезентација знаат што е љубов кон спортот и кон својата држава, стои во соопштението од Кик Боксинг Федерацијата на Македонија. - Сега кога главна светла спортска точка е ракометот и играта на нашата ракометна репрезентација на Европското првенство во Србија нашите срца треба да чукаат како едно во ритамот на ракометот, а не да се наметнува таа вештачка, тензична, негативна атмосфера за навивачита и навивањето од страна на некои луѓе кои оваа држава ја гледаат само преку призмата на следните избори. На спортистот му треба песна, ритам, навивање, храброст и што е најважно поддршка од своите, од своето, поддршка од нас, истакнуваат од „Фемили Аеродром“. Од Боречката федерација на Македонија истакнуваат дека ова е време на големи подеми и успеси на нашата ракометна федерација и она што им треба најмногу на нашите ракометари е поддршката од македонските навивачи во голем број. - Како спортисти, ракометарите на ова првенство ја претставуваат нашата држава и нормално и логично е нашата држава некако да им врати. Почитувани, народот е она што му треба на секој спортист, ние дишеме за народот и со народот кога станува збор за претставување на нашата татковина на каков било натпревар надвор од земјава. Затоа уште еднаш апелираме да престанат политичките препирања и идеолошките размислувања на одредени политички структури да не се наметнуваат во никакви јавни документи кои немаат и не треба да имаат врска со политиката, стои во дописот од Боречката федерација на Македонија. |



Да престане наметнувањето негативна атмосфера околу навивањето за македонските репрезентации, бараат спортските федерации


















