|
||||
| МЕКЛИНС ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ |
Најпрестижниот канадски неделник зборува со македонскиот амбасадорНајпрестижниот канадски политички неделник преку разговор со Македонскиот Амбасадор во Отава ги претстави Македонија и Македонските евреи. Видниот неделник забележува дека со изградбата на Меморијалниот центар на Холокаустот со поддршка на Владата, Македонската престолнина се приклучи на Париз, Берлин, Вашингтон и Ерусалим. Амбасадорот Тевдовски во своето интервју за Меклинс нагласува дека Меморијалниот центар говори многу за Евреите од Македонија, но во исто време тој подеднакво говори и за вредностите на Македонците. Престижниот неделник, пак, дава јасен историски осврт за овој дел на македонската историја, за окупирањето на Македонија во втората светска војна, но и за современите политики на македонската влада и македонската држава. Во својата сто и седум годишна традиција најпрестижниот Канадски политичко-социјален неделник Меклинс за прв пат пишува за политиките на Македонија и македонската влада. Неделникот го забележува автентичниот модел на формирање на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, преку кој Македонската влада има оддаде почит на македонските Евреи. Во исто време, како поранешен помошник-директор на Фондот на Холокаустот, Македонскиот амбасадор говори пред канадската јавност за развојот и различните аспекти на Македонскиот Меморијалниот центар на Холокаустот, а како археолог и историчар на уметност тој ја прераскажува долгата историја и богатата култура на Евреите од Македонија. Во интервјуто за Меклинс, м-р Љубен Тевдовски пред мултикултурната канадска јавност говорејќи за македонските специфични вредности, нагласува дека Македонците, кои биле принудени да живеат како малцинства под туѓа власт до освојувањето на независност, имаа чувство дека треба да ја развиваат културата и историјата на малцинствата во современата македонска држава. Македонскиот амбасадор поентира „Поскапо е да се изгради мултикултурна држава, но ние тврдиме дека тој модел е поодржлив“. Овој натпис во Канадските медиуми е кулминација на повеќе активности во насока на промоција на овој подвиг на Македонската држава, велат од Македонската амбасада, каде неодамна се одржа предавање за Археолошкото и Етнолошкото наследство на Евреите од Македонија. По повод актуелните написи во канадските медиуми за Македонското Патриотско Радио, Амбасадорот Тевдовски нагласи: „Ние Македонците, секогаш сме ги почитувале историјата и културата на другите народи, како и малцинските и човековите права. Тоа се гледа и во зборовите на Македонскиот Апостол Панко Брашнаров, и во документите на АСНОМ. А истото го бараме и од другите народи и држави.“ Тој, во исто време, нагласи дека се радува на успешната соработка со Амбасадорот на Израел Миријам Жив, како и на контактите помеѓу истакнати членови на еврејската и македонската заедница во Канада. Во прилог, линк со оригиналниот текст од електронското издание на Меклинс, http://www2.macleans.ca/2012/01/19/honouring-a-lost-community/ |



Најпрестижниот канадски неделник зборува со македонскиот амбасадор

















