|
||||
Македонско-словенскиот јазик е коренот на глаголицата и кирилицата |
На јужната страна на црквата „Света Богородица - Перевлепта“ во Охрид и на камената плоча во мегалитската опсерваторија Кокино се откриени слоговни знаци од македонско-словенскиот јазик, идентични со оние на „демотските“ текстови на Каменот од Розета и Конупус, соопштија синоќа во Струмица академик Томе Бошевски и професорот Аристотел Тентов. Охрабрени од првото и позначајно признание од Филолошкиот факултет во Санкт Петерзбург и пошироките научни кругови од Русија што следуваше по нивното успешно дешифрирање на текстот од Винча, академик Бошевски и професор Тентов во 90 минутното предавање во Центарот за култура „Антон Панов“ ја разрешија тајната на т.н. демотски, среден текст на Каменот од Розета. Тие ја потврдија својата теорија дека македонско-словенскиот јазик е структурална целина и во основа е коренот на глаголицата и кирилицата како азбучни системи. Според Бошевски и Тентов, систематското и вандалско уништување на се што било создадено од древната македонска култура и цивилизација е причина за многу малиот број артефакти. За нив е нелогичен поимот „антиквизација“ и делење на македонското ткиво, како што нагласија, на антички и словенски македонци. Академик Бошевски и професор Тентов се надеваат дека овие нивни научни сознанија наскооро ќе бидат и институционално поддржани, а се поголемиот број следбеници и млади истражувачи се само потврда на нивното десетгодишно работење на ова поле. |