Среда, 26 Август 2009    Печати
Нотарски документи од 1915 и 1916 година сведочат дека македонскиот јазик и идентитет бил неоспорен факт за Грците

Продолжуваме со серијата официјални документи со кои се побиваат грчките и бугарските тврдења дека македонскиот јазик и нација се измислени и дека се формирани со одлука на Јосип Броз Тито и Коминтерната.

Благодарение на поранешниот македонски амбасадор во Полска, Петре Наковски кому  се отстапени овие оригинални документи од страна на македонските бегалци од Егејска Македонија, продолжуваме со демаскирањето на грчката пропаганда.

neosporen_fakt
neosporen_fakt_1

Во нотарскиот акт заверен на 6 март 1915 година, пишува:

„Пред мене, нотарот Василиу П. Кувела, во присуство на сведоци, грчки државјани кои ми се познати, здрави и неосудувани жители на Лерин, трговците Теодор Керамици и Христо Данаил, ми се јавија и се легитимираа Ставро Стојчев, земјоделец, жител на Опсирина, Околија Флорина и Алим Јузеир, жител на Флорина, земјоделец. Тие не го знаат грчкиот јазик. Првиот зборува МАКЕДОНСКИ, вториот турски. Го повикавме преведувачот Наум Грива, трговец со тутун, кој се заколна пред Светото евангелие дека верно ќе врши превод од македонски и турски на грчки и обратно“.

neosporen_fakt2

Нотарски акт бр. 1023  заверен на 18 Септември 1916 година во село Владово ( сега преименувано во Аграс*) во Воденскиот регион, официјално потврден од Грчкиот нотар Лука Василеиу, дека и двајцата локални жители, продавачот и купецот не го знаат грчкиот јазик, а единствено МАКЕДОНСКИОТ јазик.

Документот е потпишан од сите присутни и завeрен со печат на нотарот и на грчката административна управа.

Водејќи се од големата христијанска традиција со која Грците се гордеат, би ги запрашал како истите тие се колнеле пред Библијата дека верно ќе преведуваат од македонски на грчки и обратно, а сега истиот овој македонски јазик не го признаваат!?

*Дополнителен доказ кој сведочи за оригиналните имиња кои биле македонски, а прифатени и од самите Грци.  Но, со грчкиот декрет заведен под бр. 332 од 1926 година беше наредено итно преименување на сите македонски називи на реки, планини, села и градови со грчки имиња. Истото се случило и со поранешното Владово, кое било преименувано во Аграс.

Меѓутоа повеќе за бришењето на македонските топоними во продолжението на “Создавањето на Грција“.

mihail_barak
Михаил Барак