Понеделник, 24 Август 2009    Печати
Поштенска марка е доказ за Грција дека Македонија е Вардарска
clip_image001Поштенска марка што Југославија ја прифатила во 1933 година, а била испечатена во 1944 е документ од голема важност за Грција и недвосмислено го соборува митот дека Скопје е Македонија, всушност ова докажува дека името е Вардарска, објави грчкиот весник “Елевтери Ора“.
Весникот потсетува на зборовите на поранешниот премиер на Грција Андреас Папандреу, кој при говор во Парламентот вети дека Грција  никогаш нема да признае држава што во името содржи Македонија или негов дериват.

Во текстот се обвинуваат грчките власти за соработката со нашата држава, наведувајќи дека доколку со нешто работиш тогаш и го признаваш.
“Не ни кажувајте додека соработувате со државата, но не ја признавате. Нешто што не го признаваш значи дека нешто не постои и со тоа не може да се соработува“, се вели во текстот на “Елевтери Ора“.
Се бара комплетно прекинување на врските со нашата држава.
“Се уште има време да се спречи ова. Веднаш да се прекинат сите врски со Скопје  - политички релации, дипломатски, економски, трговски да исчезнат дури и да не се помислува на нив. Ќе бидете непотребни и недостојни за да го носите тешкиот товар на културно наследство на Земјата, ако го напуштите патот на државата на Грците“, пишува грчкиот весник. 
Текстот завршува со зборовите дека оние кои соработуваат со Македонија се недостојни да ја носат културата на Грција.

Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 22.08.2009

п.с. Како надополнување на текстот, следи коментар од Михаил Барак.

Од 1929 година, Кралството Југославија беше поделено на девет нови провинции (геог. подр.) управувани од Бан – административен управник назначен од кралот, а географските подрачја кои потпаѓале под неговата управа биле наречени Бановини или Банати.
Нивните граници намерно беа поставени на тој начин да неможат да кореспондираат, одговараат на етничките граници или на империјалните граници пред Првата С.В.
Имињата ги добивале според различните географски маркери, а најчесто според имињата на реките. Незабележителни промени беа направени во граничните предели со новиот Југословенски Устав од 1931.
Меѓутоа, она што нас не интересира, а што многу ефективно ја отсликува грчката игнорантност, се имињата на деветте бановини:


1. Дравска бановина ( делови од Словенија )

2. Савска бановина (центр. Хрватска со Славонија)

3. Приморска бановина ( Далмација )

4. Врбашка бановина (Западна Босна )

5. Дринска бановина ( Источна Босна и дел од Србија )

6. Дунавска бановина ( Војводина и мал дел од Србија )

7. Моравска бановина ( Источна Србија и половина Косово )

8. Зетска бановина ( Црна Гора и делови од Хрватска, БиХ и Косово)

9. Вардарска бановина ( Р.Македонија и делови од јужна Србија и Косово)

Што значи дека НИТУ ЕДНА бановина не го носела името на некоја од денешните постоечки држави и нации како Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Србија и Македонија.
Имињата биле давани според теченијата на најголемите реки во даденото географско подрачје.

Според Грчката логика, овој нивен т.н. “аргумент“ ги брише сите поранешни Југословенски народи.