Четврток, 14 Април 2011    PDF Печати Е-пошта
Претседателот Иванов- почесен доктор на науки на Универзитетот Истанбул

-1_copy_copyПретседателот Ѓорѓе Иванов денеска на Универзитетот Истанбул беше прогласен за почесен доктор на науки. Титулата му ја предаде ректорот на Универзитетот Јунус Сојлет, кој го оцени претседателот како демократ и миротворец, човек кој често ја истакнува меѓуетничката толеранција.

- Претседателот Иванов е еден миротворец за дијалог меѓу државите на Балканот, со кои тој сака да воспостави мирољубиви и чесни односи, истакна ректорот на Унивеверзитетот, јави известувачот на МИА.

Посочувајќи ја соработката на истанбулскиот Универзитет со универзитетите во Македонија, најави дека таа соработка во областа на образованието, културата, како и поддршката на позитивните активности, ќе продолжи и во иднина.

Универзитетот во Истанбул е еден од најстарите универзитети во светот и историски наследник на Универзитетот на Константинопол каде во 9 век се образувал и воедно предавал Константин Филозоф, односно Кирил, кој заедно со братот Методиј ја создаде словенската писменост.

- Како професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје моето присуство овде го доживувам како своевиден академски аџилак, бидејќи доаѓам во историскиот центар на знаењето, науката и уметноста. Во градот каде учеа, се надградуваа и твореа, просветителите на мојот народ и воедно патрони на мојот универзитет ослунските браќа Кирил и Методиј, рече претседателот Иванов во предавањето на Универзитетот, по неговото прогласување за почесен доктор на наука.

Предавањето на Универзитетот го посвети на Истанбул, име кое го носи и оваа образовна институција, односно на градот како еден од 25-те најголеми во светот.

- Истанбул спојува два континента. Тој е крстосница на луѓето, културите и цивилизациите. Овој голем град со векови ја поврзува Европа и Азија, Балканот и Анадолија. Тој е трговски центар кој ги сплотува турскиот економски, социјален и културен живот,  оцени претседателот Иванов.

Тој додаде дека Истанбул како град кој е  стар  и модерен, мирен и динамичен, мултиетнички и мултирелигиозен, мултијазичен и мултикултурен, е повеќе од Турција, односно дека Истанбул е светот.

Претседателот Иванов со ова го заокружи работниот дел од посетата на Турција, каде учествуваше на 14. Евроазиски економски форум што секоја година од 1998. го организира Мармара фондацијата.

 

На прво место

News image

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Историја

News image

Во есента на 1943 година се формира Иницијативен одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ

Воените и политичките успеси во 1943 година го забрзаа развитокот на органите на народната власт, та...

Иселеници

News image

НОВ ПАТ КОН АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

“МОЈАТА ОМИЛЕНА ПРИКАЗНА” И ОД “БУКВА ДО БУКВА АЗБУКА” Н...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20)

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20) МОЛИТВЕНИ ТЕКСТОВИ – МОЛИТВА КОН СВЕТА...

Фељтон

News image

Александар Македонски (61)

Александар Македонски (61) КОВАНИТЕ ПАРИ НА АЛЕКСАНДАР ВО АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ИМПЕ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.