Среда, 13 Април 2011    Печати
Намалена акцизата за горивата

benzin-1Владата ја намали акцизата за безоловниот бензин за 4.5, а на дизелот за 2.5 денари по литар

Во насока на ублажување на ефектите од растот на цената на нафтата на светските пазари и со цел заштита на стандардот на граѓаните, Владата на РМ донесе одлука за намалување на акцизата на безоловниот бензин за 4, а на дизел горивото за два денари по литар.

Истовремено, како што информира владината прес-служба, намален е и надоместот за задолжителна резерва на нафта за 0,5 денари.

Со тоа цената на безоловниот бензин ќе се намали за 4,5, а на дизел горивото  за 2,5 денари по литар.