Четврток, 13 Август 2009    Печати
Петте струмички студенти
k_studentiНа 13 август 1951 година биле убиени петте струмички студенти, убиени биле блиску селото Орманли на планината Беласица, до границата кон Грција.

Тогаш се убиени, Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев. Млади луѓе, од 20 до 23 год. старост.
Нивната идеја била слободна, независна Македонија. Идеја која не и се допаѓала на тогашната власт.  
Убиени се со по два куршума, еден во градите, еден во челото.
Вечерта, тие се собрани од игранка во Градскиот парк, однесени се на Беласица, и -  егзекутирани.

Нивните мртви тела покриени со шаторски крила, следниот ден биле донесени пред Општинското собрание, од каде во присуство на нивните семејства се погребани, освен Борис Белев кој е закопан во протестантските гробишта, сите биле погребани надвор од гробиштата.
Сите тие потекнувале од угледни градски семејства.

По убиството се прогласени народни непријатели.

Семејствата веднаш по настанот им изградиле споменик од бел мермер во вид на отворена книга на кој пишувало дека се УБИЕНИ.
Набрзо, споменикот е искршен на парчиња, ..., и се подигнува нов, бетонски... За на властодршците да не им боде очите и пак да го урнат.
Денес, околу гробот стојат неколку парчиња од првобитниот споменик.
Тој настан беше табу тема се до 1991 кога прв пат се одржа парастос за покој на нивните души.
Во 2001 во малиот парк карши Собранието на општина Струмица беше подигнат и споменик кој во својот долен дел е отворена книга од бел мермер на која се запишани нивните имиња.
Таму е поставен со одредена симболика. Оттаму почнува улицата на која сите тие живееле, од која за последен пат излегле заедно.

Вечна им слава