Среда, 30 Март 2011    PDF Печати Е-пошта
Македонскиот литературен кружок во Софија

ПОРАКАТА НА МАКЕДОНСКАТА МЛАДИНА
БЛАЖЕ РИСТОВСКИ (14-16 Јануари 1999)

venko-azbuka

Какви биле вистинските национални чувства и патриотските разбирања на Кружокот покажува и случајот со обидот за меѓународна афирмација на македонската борба. На специјално заседание Кружокот решава на еден своевиден и ефикасен начин да се испрати порака до Москва за целите на борбата на Македонците. Шансата е да се искористи доаѓањето на еден советски фудбалски тим во Софија. Кружокот подготвува специјално излеан бронзен медалјон, на кој на едната страна има релјеф на македонско знаме, на кое пишува (на македонски јазик): Слободна независна Македонија, а под него-етничката карта на цела Македонија, врз која е испишана Гоцевата мисла: Јас го разбирам светот само како поле за културен натпревар меѓу народите. Под неа со поголеми букви пишува: Гоце Делчев. На реверсот на медалјонот е изгравирана посветата: Преку другарите спортисти македонската младина праќа поздрав до младите во СССР 1940, август, Софија.

Значајно е да се одбележи дека идејата за медалјонот била на Вапцаров, кој и требало да им го предаде на фудбалерите, а изработката е дело на бугарскиот уметник и пријател на кружочниците, Николај Шмиргела. Бидејќи предавањето било неуспешно, медалјонот останал зачуван во оставнината на кружочникот Ѓорѓи Абаџиев и сега се наоѓа во Скопје.

Татковината е постојана преокупација на кружочниците. Не случајно се распишува и посебен конкурс на темата да се изрази во уметничка форма маката на емигрантот за својата родна земја и народ, да се изрази како се чувствува тој далеку од нив, какви чувства преживува и на што мисли во таа состојба.

Во своите Попатни белешки и размислувања, Антон Попов во 1940 год. исто така точно ја индивидуализира својата родна земја, својата непреболна татковина. При една од посетите на Пирин Попов пишува дека тоа е најсвидната личота на мојата земја, наша радост, наша надеж, горда закрила на мојот бунтовен народ. Тој гордо извикнува: Ние сме на македонска земја, низ солзи наша, скапа за нас со жртвите што ги зема борбата за слобода, со крвта пролеана, триж посвидна станата со борбата на најсвидните чеда на мојот народ за нашата слобода, скапа за нас со едно големо и херојско минато што го споило целиот народ во една борба, една судба, скапа за нас од црните спомени за една жестока и подла братоубиствена борба, станата скапа и непрежалена за сите прогонети од неа што сонуваат родна стреа, родни ниви, родна реч; свидна во нашите занеси, во копнежите да ја видиме таа голема правда за таа разорена окрвавена земја, за тој претепан, поруган, понижен и угнетен и обесправен народ - да биде слободен, да ни биде земјата слободна...
Оваа голема ода за родната земја Попов ја завршува со истата интонација и со истата егзалтација дека толку умни се станати овие луѓе од патилата што ги изживеале, та ми се чини дека при првиот обид за поделба на оваа неделива земја тие балкански и вонбалкански грабачи ќе си ги искршат главите во првиот пристап. Затоа што ова не е ничија земја, а просто наша македонска земја, наша таткова земја, земја на рибарите покрај Егејот, на селаните, на орачите, на работниците, на еснафите, на разгонетите наши браќа по светот, на сите македонски луѓе, затоа што тоа е македонска земја така како што е наша крвта што ни блика во жилите, така како што е наша крв и тело идеалот да ја видиме слободна...
 

На прво место

News image

Полувековно новинарско творештво сублимирано во монографија

Деновиве од печат излезе монографијата „Погледи на времето“ на Киро Кипроски, доајен на маке...

Историја

News image

Македонија со векови била делена, но Македонците опстанале

„Со потпишувањето на Букурешкиот договор, Македонија беше прв пат поделена и оттогаш судбината и е о...

Иселеници

News image

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ВЕЛУШКА ТУМБА“ (5)

Поврзаноста на браќата Јановски со родното село е голема. ...

Култура и туризам

News image

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир, во храмот на архистратег Миха...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (43)

МОСИНИКИЈА, МИЗИЈА, ДАРДАНИЈА И ТРОЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.