|
||||
Министерката Јанкулоска се сретна со изрелскиот вицепремиер Јалон |
Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска вчера (10.03) се сретна со вицепремиерот на Израел, Моше Јалон, којшто во рамките на својата дводневна посета на Република Македонија а по повод отворањето на Музејот на холокаустот во Скопје, го посети и македонското МВР. На средбата м-р Јанкулоска изразувајќи благодарност за поддршката што Израел и ја дава на Република Македонија, потенцираше дека во рамките на досегашната извонредно добра соработка меѓу двете држави успешно се одвива и соработка во рамките на заедничките проекти во делот на безбедноста и обуката. Од своја страна, пак, изралескиот вицепремиер се заблагодари за почитта укажана со отворањето на меморијалнит Музеј на холокаустот и пријателските односи што ги одликуваат двете земји. При кусата средба, исто така, се разговараше и за актуелните случувања во Медитеранот, од аспект на безбедноста поради опасностите од масовната миграција кон Европа, по политичките случувања во земјите од тој регион, како и околу евентуалните закани од глобалниот тероризам. |