Среда, 09 Март 2011    Печати
Национални симболи

grb-mk1. Македонскиот Лав Симболот на античко-македонската воена сила и надмоќ бил лавот. Во битака помеѓу Македонците и Елините кај Херонеја во 337 г.п.н.е., Македонците победиле и македонскиот цар Филип Втори гради огромен споменик на лав, кој е се` уште зачуван. Александар Трети Македонски ковал пари со својот лик, заедно со маска од лав. Во средниот век, македонскиот лав станува македонски хералдички грб и на современиот македонски народ, под кој македонските револуционери од 19 и 20 век се борат за македонската слобода.

makedonsko-sonce2. Македонското Сонце Другиот национален антички македонски симбол било сонцето. И тој е задржан кај македонскиот народ во континуитет. Знамето на крушевската република е карта на цела етногеографска Македонија, од која изгрева сонце, македонскиот грб од 1945 г. содржи сонце, Знамето на Македонската Колонија од Петроград на Чуповски содржи сонце и коњот Букефал на Александар Македонски, како и мијачкото знаме. Интересно е што дури во 1977 г. во Кутлеш (Вергина) се открива сонцето од филиповата гробница како македонски национален симбол, но Македонците го користат сонцето како национален белег многу порано; не само сонцето, туку и лавот.