Среда, 02 Февруари 2011    Печати
Лекување на борците на ДАГ во Македонија

ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ МАКЕДОНСКАТА ГОЛГОТА

Жаклина Трпевска

lekuvanje-dag-makedonijaАко некогаш се боревме за национална слобода на Македонците, денес, иако имаме држава, се бориме за опстанокот на нашиот идентитет, не само во Република Македонија, туку и во нејзините етнички делови. Да веруваме дека со влегувањето на Македонија во НАТО и во ЕУ државните граници ќе станат поинакви од денешните. Дека ќе се надминат денешните омрази и скаменети погледи, лугето ќе имаат поинаква свест да си го уредуваат животот. Ова е една од пораките која до македонскиот народ беше испратена од промоцијата на книгата- Лекување на борците на Демократската Армија на Грција во Македонија од авторот Раде Гогов- Црноречки.

Промоторите на книгата, проф. д-р Љубица Јанчева, проф. д-р Трајче Грујоски и генерал Тодор Атанасовски, потсетија на Граганската војна во Грција, на учеството на Македонците во таа војна, со единствена цел, овие настани да не се заборават, односно да останат запаметени во македонската историја.

Во предговорот на книгата, авторот Црноречки посочува дека борбата за власт мегу спротивставените групи со различни политички и идеолошки програми започнала уште за време на борбата против фашистичките окупатори во Грција.  Граганската војна 1946- 1949 била продолжение  на таа борба во која учествува голем дел од народот. Од една страна биле припадниците на ЕАМ и борците на ЕЛАС, а од друга страна- силите кои се бореле за кралот и приврзаниците на стариот монархофашистички систем. ЕАМ и ЕЛАС биле предводени од КПГ, а нивните противници биле граганските партии помогнати од Англија. Масовно било учеството на Македонците од Егејскиот дел на Македонија под Грција во ЕЛАС, поради изјавите на КПГ за признавање на нивните национални права.

Во книгата се наведени и некои историски факти, формирањето на македонските партизански одреди, кои лесно ја преминувале границата со Грција и воделе борба со окупаторите во пограничните села населени ислучиво со Македонци. Наведен е притисокот од големите сили за расформирањето на ЕЛАС, како и неопходноста од формирањето на Демократската Армија на Грција, која требало да се бори против монархофашистите.

И покрај наведените историските факти, сепак, сепак, во овој труд најголем дел зафаќа организирањето на лекувањето на борците на ДАГ во Македонија.

Откако војната се разгорела во Грција, се формирале посебни комисии, од Југославија пристигнувала помош за ДАГ, а почнале и преговори за транспорт и лекување на борците на ДАГ во Македонија.

Нашата помош, вели авторот, беше во доставувањето воена опрема и лекување на ранетите борци во Македонија. Јас бев  еден од организаторите за лекување на ранетите бориц,  па затоа почувствував потреба да ги опишам  тие настани за да останат во сеќавање на нашиот народ во Грција, особено кај Македонците во Егејскиот дел на Македонија.

Договорената обврска ранетите борци на ДАГ да се лекуваат во Македонија морала брзо да се организира. Од предлозите кои ги добиле одбрале еден кој го предложиле од Кочани. Тоа бил некој воен објект кој војската на Кралството Југославија во 1930 г. го изградила на падините на Осоговските планини, на местото наречено  Пониква. Местото било погодно за лекување на борците на ДАГ, зашто било далеку од границата со Грција, каде се воделе борби во Граганската војна.

Во почетокот на ноември 1947 болницата од Пониква ја преселиле во Катлановска бања. Борците се лекувале и во болницата во Јасеново.

Низ овие болници поминале 6.316 ранети борци на ДАГ.