|
||||
Бизнисмени од Израел заинтересирани за изградба на хотелски капацитети во Струга |
Од општина Струга информираат дека на заинтересираните им биле понудени места каде со Деталните урбанистички планови се предвидени маркици за градба на туристички комплекси. Дел од понудените површини се во сопственост на државата, неколку се приватни парцели, но останува на бизнисмените сами да одлучат за која локација ќе се определат рекоа од општина Струга. - Мислам дека ќе има успешно решение, се надевам дека ќе изградат барем еден хотел на локациите кои им беа понудени. Ги видоа локациите кои им ги нуди државата за продажба, така што, од тоа што го видоа и од мое лично мислење се задоволни. Барањата на бизнинсмените од Израел ќе бидат дефинирани во Израел.Ни рекоа оти ќе испратат електронски писмо до Министерставото за надворешни работи на Израел по што ќе се потпишат договорите, изјави заменик директор на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот Владо Суклоски. Тој најави дека бизнинсмените од Израел најавиле повторно доаѓање во Македонија во февруари и оти со нив ќе дојде и претставник на голема туроператор агенција кој што ќе помогне да се обноват чартер летовите од Тел Авив до Охрид кои беа прекинати во јуни оваа година.
|