На прво место

Интервју на Бранислав Нушиќ со Јане Сандански – „Политика“ од 21 јули 1908 г.

nusic-sandanski

nusic-sandanskiПо расцепот на Рилскиот конгрес, целата дејност на Јане Сандански се заснова на неговата определба за самостојноста на Македонското ослободително движење. Меѓутоа по започнувањето на младотурската револуција во 1908 година, тој  влегува во контакт со Младотурскиот комитет. Набрзо ова востание се проширило во цела западна Македонија, била ослободена и Битола каде биле пуштени сите македонски и албански политички затворениц. Под паролата братсво и единство, настанало општо братимење помеѓу некогашните крваво закарани народи. Слично како и во Битола во Солун се одржале масовни демонстрации по што биле ослободени сите политички затвореници. Прогласена е општа амнестија од страна на младотурската влада, но таа важела само за Турција.

Бранислав Нушиќ, истакнат српски комедиограф, сатиричар и критичар бил извесно време конзул во Битола, Скопје, Серез и соработник на белградскиот весник „Политика”. Во јули 1908 го интервјуирал Јане Сандански во хотелот „Англетер” во Солун.  Иначе Јане Сандански и Тодор Паница, еден од најблиските соборци на Ј. Сандански, биле амнестирани од младотурската влада, но смртните пресуди сеуште важеле во Бугарија.

Разговоров што овде го прикажуваме  е објавен во „Политика” од 21 јули (3 август) 1908 год.

„Откако му ја честитал слободата на Јане Сандански и враќањето во мирен живот, Бранислав Нушиќ го запрашал:

–  „Дали верувате, г. Сандански, во трајноста на сегашната состојба?”

– „А како кај вас, се верува ли таму? Што пишуваат весниците? – ми одговори Сандански со своето прашање.

–  „Па во Европа не се верува толку многу како овде!” – „Европа нема интерес да верува толку многу во искреноста на овие настани. Овие настани, сепак, најмногу и најнепосредно се однесуваат на нас, малите народи на Балканот. Затоа и јас дојдов тука (во Солуун) за да ја констатирам вистинската вредност на овие настани. Натамошниот живот на малите народи е без добри изгледи. И Бугарија и Србија, во досегашната работа (во Македонија), грешеле што се раководеле од своите најтесни интереси. На нивната работа главната цел не и беше слободата на овој народ тука, туку нивните себични интереси, проширувањето на нивните држави. По овие настани тие ќе останат таму каде што се, а ние тука ќе ја градиме нашата татковина.”

Бранислав Нушиќ, со извесна доза на недоверба, продолжува со прашањето:

– „Убаво, г. Сандански, јас се согласувам да верувам во искреноста на овие настани, на овој чин, и верувам дека новиот режим ќе биде воведен, но нели не може да се оспорува фактот дека причините, мотивите за прогласување на Уставот не лежеа во тоа дека се согледувало оти на овој народ треба да му се даде слобода, туку исклучиво во тоа да се отстранат европските реформи (Мирцштешката програма за реформи – н.з.)?

Ј. Сандански: „Овој чин не само што ги отстранува европските реформи, кои се главно неискрени, но тој ги потиснува и претензиите на малите (балкански) држави и ги осудува на бел -леб. Нивната пропагандна девиза „Ослободување на своите браќа” – изгуби секоја основа и стана беспредметна. Тоа е уште гаранција за мир и правилен развиток на нашата татковина.”

Б. Нушиќ : „Мислите ли сериозно, г. Сандански, дека Вие и јас, да речеме, по три месеци веќе, ќе можеме пак слободно да се состанеме во Солун, во хотелов?”

Ј. Сандански: „Јас зборувам за денешната ситуација затоа што верувам во неа. Ако нешто се измени, и кога ќе се измени, тогаш ќе зборуваме. Но ние ќе умееме да се потрудиме да не дојде до тоа.”

Б. Нушиќ : „Се разбира, оваа амнестија за Вас и за г. Паница,  важи само за Турција. Вие не смеете да одите во Бугарија?”

Ј. Сандански: „Во Бугарија не смеам да одам, но и не ми треба. Тука е мојата татковина.”,,

Политика, 21. VII 1908;

Најново од: На прво место

Мицкоски ја најави кампањата „Очи в очи за подобро“: Ќе ги посетуваме општините и директно ќе разговараме со граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, ја најави новата кампања „Очи в очи за подобро“, во рамки на која тој лично, заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата, ќе реализира интензивни посети на општинските и месните комитети низ државата. Кампањата беше најавена на 35. годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна

СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, во постапката за Алта банка, која е јавна и транспарентна. Тие продолжуваат со ширење неосновани обвинувања за Алта банка, обидувајќи се од редовна и транспарентна постапка за јавна аукција во јавноста да претстават непостоечки скандал. Фактите, се следни. Продажбата на над 95 […]

Една лага ќе им пропадне, а од СДС се тука експресно да смислат нова

Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка СДС продолжува со ширење лажни, паушални и неосновани обвинувања и манипулации во врска со Алта банка. Откако им пропаднаа сите досегашни и не им успеа обидот за креирање страв и општа паника со […]

СОБОР НА СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ – АРАНЃЕЛОВДЕН

21 ноември / 8 ноември Овој празник во народниот живот на Македонците е познат како Аранѓеловден и претставува една од позначајните семејни слави во македонската православна традиција. Свети Архангел Михаил во христијанското предание Името Михаил потекнува од еврејското име Михаел, што се толкува како „Кој е како Бог?“. Во Светото писмо Архангел Михаил е претставен […]

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА)

Воведението на Пресвета Богородица во храмот, во македонската народна и православна традиција познато и како Пречиста, е еден од големите Богородични празници во православното христијанство. Се празнува на 21 ноември според јулијанскиот календар, односно на 4 декември според грегоријанскиот календар. Во македонската православна традиција празникот е познат под името Пречиста или Воведение на Пресвета Богородица. […]

Кога се сака, речиси сè се може: Комерцијална банка влегува во трката за Алта банка Битола

Опис за главната слика: Илустративен колаж на Алта банка Битола и Комерцијална банка, изработен со ChatGPT во формат 3:2. Одлуката на Комерцијална банка да учествува на берзанската аукција е конкретен чекор кон изнаоѓање нов сопственик за битолската банка. На 30 ноември на Македонската берза ќе бидат понудени 95,336 отсто од нејзините акции. Премиерот Христијан Мицкоски […]

Македонија ја потврди поддршката за праведен и траен мир во Украина

На состанокот на Коалицијата на волните во Берлин беше нагласена потребата од заедничко дејствување на европските партнери и САД за завршување на војната. Македонска делегација, во која учествуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, присуствуваше на состанокот на Коалицијата на волните во Берлин, посветен на актуелната состојба во Украина и на […]

To top