Недела, 07 Септември 2025    Печати
Македонците од Берлин во 1991 г. организираа референдум за самостојна Македонија

Прашањето на референдумот гласеше: Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверени држави на Југославија?  ЗА ---- ПРОТИВ

Иако во Германија не е дозволено гласање за друга држава, Ние одржавме состанок со службеници во берлинската полиција и ни беше кажано: Во Германија официјално не е дозволено, Вие сепак одржетего гласањето за референдум, ние неофицијално ќе внимаваме да немате некои проблеми и нека Ви е со среќа.

И така направивме, комисијата во Берлин составена од членови на Црковниот Одбор, Клубот Гоце Делчев и Задграничниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ организираме Референдум и на крај изготвивме записник со резултатот и го испратив по факс до Комисијата за организирање Референдум во Македонија.

 ЗА гласаа 97 %, незажечки или против 3%.

САД, Канада и Австралија гласањето беше извршено предвреме, сите гласачи кои излегле се изјасниле позитивно, односно 100% ЗА.

Кога контактирав вечерта по гласањето со комисијата им го кажав резултатот, ми беше кажано испрати го записникот на факс, гласачките ливчиња не ги испраќај, поштата оди преку Белград и ќе ги фрлат.

Референдумот е успешен, благодарност на сите во Берлин и цела Дијаспора и нека ни е честито САМОСТОЈНА СУВЕРЕНА МАКЕДОНИЈА.

Македонија гласаше вака:

-Гласачко тело 1.495.807

-Вкупниот број граѓани кои гласале ЗА: 1.079.308 или 95,26%

-Против                                                          39.639 или 3,54%

-Неважечки или празни ливчиња                 14.034 или 1,24%

-Вкупно гласови                                         1.132.981 или 100.00%

ЗА гласале:

-Берово 95,47 %, Битола 70 %, Валандово 70 %’, Виница 93,26 %,             Гевгелија 87 %, Гостивар 30,3 %, Дебар 30 %, Делчево 93,30 %,                  Демир Хисар 90 %, Кичево 28 %

-Берлин ЗА гласале 97 %, незажечки или против 3%.

-САД, Канада и Австралија гласањето беше извршено предвреме, сите гласачи кои излегле се изјасниле позитивно, односно 100%.

До

Комисијата за спроведување Референдум

Собрание на Македонија, Скопје

Ви се јавуваме во името на Македонскиот Самоуправен Одбор (МСО) претставништво во Берлин Германија.

По повод спроведувањето на референдум на сите граѓани на Република Македонија, ве исвестуваме дека ние Македонците на привремена работа во Берлин нашето гласање ќе го извршиме во Македонскиот Клуб „Гоце Делчев“....

Берлин, 26.08.1991

mak-od-berlin-2

981

981b

091c

981а

mak-od-berlin-4