Недела, 05 Септември 2010    PDF Печати Е-пошта
Благодарност од бугарскиот амбасадор до македонската јавност
Бугарскиот амбасадор во Македонија Симеон Раковски Лашев денеска им се заблагодари на Македонија и на Охрид што ја споделуват болката и тагата за жртвите од бродската несреќа на Охридското Езеро што се случи пред една година.

simeon-rakovski

- Независно што изминува една година од несреќата на Охридското Езеро, ние и натаму чувствуваме тага, чувство на огромна загуба на некој што ни е бескрајно близок. Времето не ја лекува таа тага. Благодарни сме што добрососедска и пријателска Македонија и особено Охрид, кој е мошне важен за нас, ја споделуваат истата болка и чувствата за огромната загуба. Тоа донекаде ја ублажува болката од загубата и несреќата што се случи минатата година, изјави амбасадорот Лашев по денешниот помен за жртвите во бродската несреќа што се одржа во охридската црква „Свети Никола - Геракомија“

Бугарскиот амбасадор и се заблагодари на охридската јавност, на здружението „5 Септември“, на Ротари-клубот од Охрид, на општината, на градоначалникот Александар Петрески за сите активности што ги презедоа за одбележување на годишнината од несреќата.

- На оние кои учествуваа во спасувањето на бугарските државјани во несреќата, на лекарите во охридската болница кои им пружија прва помош, како и на многу граѓани на Охрид и претставници на градските институции, бескрајно сме им и длабоко благодарни за сочувствувата, разбирањето и поддршката што ја добивме тука во Охрид, истакна амбасадорот Лашев.

Бугарскиот амбасадор изјави дека не верува оти минтогодишната несреќа на Охридското Езеро ќе придонесе за намалување на интересот кај бугарските граѓани да го посетат Охрид.

- Тешко ми е да проценам дали минатогодишната несреќа влијае врз бројот патувања на бугарски државјани во Охрид. Сакам да нагласам дека во кусиот период од 20 јули откако сум тука во Република Македонија, по различни причини неколку пати бев тука во Охрид. На сите места што ги посетив - Охрид, манастирот Свети Наум, Струга, насекаде каде бев среќавав поголеми групи туристи од Бугарија. Мислам дека интересот на бугарските граѓани за посета на Охрид и неговите културно-историски знаменитости не е намалена. Не би сакал тоа да се поврзува со трагичниот настан од минатата година што се случи на Охридското Езеро, додаде амбасадорот Лашев.

Претседателот на Советот на општина Охрид, Душко Јаковчески по поменот за жртвите од потонувањето на бродот „Илинден“, изјави дека оваа страотна несреќа не смее да се заборави.

- Се сеќавам на минатиот 5. септември, беше убав ден како денешниот и ништо не навестуваше дека ќе се случи таква трагедија, но ете се случи. Ние никогаш не смееме да го заборавиме овој ден и жртвите во страотната несреќа, но и спасителите благодарение на чија присебност беа спасени многу животи, рече Јаковчески.

За денеска попладне е предвидено делегации на општините Охрид, Антов и Пирдоп предводени од градоначалниците на трите града да го посетат местото каде што пред една година потона туристичкиот брод „Илинден“. Цвеќе ќе биде положено и на спомен-обележјето поставено на почетокот на Кејот на Охридското Езеро пред хотелот „Милениум“, во знак на сеќавање на жртвите чии животи згаснаа на 5 септември минатата година.

Спомен-паркчето на жртвите во бродската несреќа е иницијатива на ротари-клубовите од Охрид и бугарскиот град Пирдоп, од каде беа повеќето од настраданите, а предлогот за спомен-обележје беше поддржан и од нивните семејства, како и од Здружението на граѓани „5 Септември“ од Охрид и локалната самоуправа.

Се очекува во Охрид на годишнината од трагедијата да пристигнат десетици гости од Бугарија, како и еден автобус со роднини на загинатите.

Бродот „Илинден“ потона на 5 септември минатата година во водите на Охридското Езеро, на околу 250 метри од брегот во близина на автокампот „Елешец“.

 

На прво место

News image

СМК бара потекло и конфискација на имотите на Љубчо Георгиевски

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со внимание ја проследи веста на порталот “Македонска нација“ за ...

Историја

News image

Мајски манифест

Мајскиот манифест од 1924 година бил манифест на Внатрешната македонска револуционерна организација...

Иселеници

News image

АПЕЛ ЗА СПАС НА ФК. ПРЕСТОН МАКЕДОНИЈА

Не постои ниту еден Македонец денес во Мелбурн, Викторија,...

Култура и туризам

News image

Зубовце - обичаи за Св. Трифун

Во чест на Св.Трифун, заштитникот на лозјата и градините, на 14 фебруар оваа годинава во Зубовце ќ...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (17)

Во моите рани христијански години, поголемиот дел од моето религиозно образование, ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.