|
|
До Македонската организација Обединети Македонци за Европа и учесниците на мирниот протест во Берлин на 4 септември за одбрана на државното име Македонија, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров упати поздравна телеграма:
- Почитувани браќа и сестри Македонци, во 1871 година канцеларот Ото фон Бизмарк обедини 38 германски држави во единствено Германско Царство, а во 1990 година канцеларот Хелмут Кол ги обедини Источна и Западна Германија во единствена Сојузна Република Германија! Со Букурешкиот договор од 1913 година Македонија остана поделена, но во 1991 година Република Македонија се возобнови во самостојна и суверена држава! Обединете се во одбраната на државното име Македонија и името на македонскиот народ, обединете се пред Парламентот и Владата на Сојузна Република Германија во барањето за признавање на Македонија под нејзиното државно име! Бидете единствени и обединети против грчкиот геноцид врз македонскиот народ, антимакедонизмот на Елада и наци-фашистичкото барање на Грција за промена на државното име Македонија! Нека Господ Бог ја благослови Македонија и Македонците каде и да се! Нека Господ Бог го благослови македонско-германското пријателство! |