Петок, 03 Септември 2010    PDF Печати Е-пошта
Груевски: Исправен концепт кој дава резултати
Исправен концепт кој дава резултати преку отчетност, работа, посветеност и одговорност. Вака премиерот Никола Груевски го оцени четиригодишното работење на Владата што ја предводи, во денешниот отчет за сработеното.

gruevski-press-vlada

- Константа за оваа Влада во изминатите четири години е работата. Имавме конкретна порграма со рокови и работевме на нејзино оставрување. Не ветивме невозможни работи, туку работа, посветеност и одговорност. По четири години тоа останува обврската по која се движиме и веруваме дека ќе не довде до вистинската цел - достоинство, рече Груевски.

Времето на функционирањето на Владата го подели на два периода - првите две години без економска криза и вторите две години, како што посочи, со најголема светска екекомска криза во изминатите 80 години што ја погоди и македонската економија.

Груевски истакна дека во првите две години е оставарен најголем пораст на БДП од осамостојувањето на Македонија од 6 односно 5 проценти, раст на извозот од рекордни 60 отсто, зголемени директни инвестиции од близу милијарда евра, драстично намален јавен долг...

- Тоа го почувствуваа илјадници пензионери кои добија над 30 отсто зголемување на пензиите во просек и јавниот сектор со зголемни плати од 22 процента за првите две години, изјави претседателот на Владата. Ги посочи и воведениот рамен данок од 10 отсто, намалената стапка на пензиско и инвалиско осигурување, регулаторната гилотина, реформата бруто плата, проектот за самовработување, 20-кратното зголемување на субвенициите за земјоделците, издвојувањата за образованието, инвестирањето во здрaвството од над 100 милиони евра, предвреме исплатениот дел од надворешниот долг...

Потврда за сработеното, како што рече, се признанијата што ги доби Македонија од Светската банка и од други меѓународни организации.

- Таа исправност на политиките ја призна и НАТО во 2008 кој потврди дека Македонија ги заврши сите реформи и модернизација за да стане членака на Алијансата. Ја потврди и Европската комисија минатата година оценувајќи дека Македонија го достигна потребното ниво на развојни реформи врз база на кои даде позитивен извештај и препорака до Европскиот совет за да започнат финалните преговори за членство на земјата во ЕУ, истовремено добивајќи ја и визната либерализација како едно од нашите крупни ветувања до граѓаните, рече премиерот Груевски.

Тој додаде дека добрите резултати постигнати во првите две години ги прекина светската економска криза, но оти со владините антикризни мерки биле намалени последиците од кризата и не се дозволило зголемување на даноците, кратење на пензиите и платите, отпуштања, опропаѓања на банки, како во други земји кои беа погодени од кризата.

- Можеме да бидеме незадоволни од штетите што ни ги нанесе кризата, но и горди што успеавме да избегнеме најголем дел од тешките последици и што успеавме да се справиме со кризата подобро од повеќето европски земји, рече премиерот. Како потврда на ваквиот став ги посочи фактите што бил остварен најмал пад на БДП, задржана финаниската стабилност, стабилен буџетски дефицит, не се зголемија даноците, не се намалија платите и пензиите....

И покрај кризата, според него, Владата продолжила со спроведување на проектите, со инвестирање во образованието, здравството, инвестирање во капитални инвестиции, изградба на повеќе објекти.

- По ова, прашање е каде досега одеа парите во минатото, зошто не се градеше, зошто не се инвестираше во образованието, здравството, зошто немаше поддршка и субвенции за земјоделието, зошто немаше компјутери во училиштата и бесплатни учебници..., рече премиерот.

Тој најави дека Владата во иднина ќе продолжи со својата политика која дала резултати оти очекува оние кои биле постигнати во првите две години ќе се повторат и подобрат. Грешките, рече тој, направени во брзањето да се надомести пропуштеното во минатото ќе се поправат. Побара граѓаните, иако уморни од дваесетгодишното чекање , да веруваат дека Македонија има сила целосно да се исправи од ударот на транзицијата.

- Нема да се заборави на главниот генератор на секој успех националниот дух. Љубовта кон своето, минатото, наследените вредности подигнале од прав и пепел многу нации. Скопје 2014 е затворање на едно поглавје на Македонија без споменици, спомен обележја и државни обележја и секавања, со дозволена и делумна историја, обид за омасовување на национална неписменост и намалена самопочит. Притоа сето ова проследено со постојани негирања на нашата нација, јазик, идентитет, историја од сите страни... Цели 60 години, со мали исклучоци, немало ниту еден споменик на наши херои и историски настани или историски објект кој сведочи за нашата државност во центарот на нашата претолнина, рече Груевски, додавајќи дека поглавјето ќе се затвора со секоја цигла и камен во градбите кои, како што рече, ќе останат за сите поколенија како сведоштво за почит кон сите кои се вградија во оваа земја.

Владата ќе бара решение и за спорот со Грција поврзан со името и идентитетот. - Секој компромис кој би бил понуден ќе заврши пред вас и одлуката ќе биде ваша. Тоа право никој не може да ви го одеземе без оглед колку силна пропаганда се води барем додека јас сум на чело на оваа Влада. Одлуки од ваков тип се носат заедно, не заради немање храброст и визија ние да преземеме одговорност, за што не обвинуваат, туку заради основните демократски постулати, во кои ние како луѓе веруваме, а тоа е дека волјата на народот е неприкосновена, рече премиерот Никола Груевски во отчетот за сработеното.

Тој истакна дека Владата внимание посветила и на спроведувањето на Рамковниот договор и на градење на добри меѓуетнички односи меѓу Македонците и Алабанците, Турците, Србите, Власите, Роми..
 

На прво место

News image

СМК бара потекло и конфискација на имотите на Љубчо Георгиевски

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со внимание ја проследи веста на порталот “Македонска нација“ за ...

Историја

News image

Мајски манифест

Мајскиот манифест од 1924 година бил манифест на Внатрешната македонска револуционерна организација...

Иселеници

News image

АПЕЛ ЗА СПАС НА ФК. ПРЕСТОН МАКЕДОНИЈА

Не постои ниту еден Македонец денес во Мелбурн, Викторија,...

Култура и туризам

News image

Зубовце - обичаи за Св. Трифун

Во чест на Св.Трифун, заштитникот на лозјата и градините, на 14 фебруар оваа годинава во Зубовце ќ...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (17)

Во моите рани христијански години, поголемиот дел од моето религиозно образование, ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.