Среда, 01 Септември 2010    PDF Печати Е-пошта
Воспоставување на комунистичка власт во НРМ

lazar-kolisevski-i-titoПресметката со учесниците на бунтот на некои воени единици во Скопје и во Штип е повод во македонските работи во почетокот на 1945 година да се вклучи сојузната ОЗН-а.

Македонската ОЗН-а веќе во септември 1944 година во Кавадаречко, Ресенско и во некои други подрачја има стрелано помали групи означени како народни непријатели, но со доаѓањето на сојузната ОЗН-а почнуваат помасовни стрелања без судења во Кумановско, Велешко, Скопско, Тетовско и во Гостиварско.

Македонија се ослободува кон крајот на 1944. На чело на државата се наоѓа президиумот на АСНОМ со Методија Андонов-Ченто и ред други патриоти интелектуалци. Се планира целосното ослободување на сите делови на Македонија со стапување во врска со тамошните Македонски единици. Македонија е ослободена со исклучиво домашни сили, во соработка со странски мисии. Президиумот има своја политика и Македонски интереси. Македонската војска е пред поаѓање за Солун.

Пречка за нејзино заминување се големите сили и договорот од Јалта, кои не се согласуваат со тоа. Тоа би значело менување на границите на Грција од 1912-1941.

Комунистичката партија на Југославија на чело со Јосип Броз Тито, не сакајќи да ги комплицира односите со сојузниците, не се ни обидува да делува на овие одлуки. Стравот од прогласување на независност на Македонската држава е втора но најзначајна причина. Во насока на задушување на Македонските планови, КПЈ инсталира свои кадри, луѓе кои никогаш не биле запознаени и не учествувале во Народно Ослободителната Војна во Македонија. Значи не ни ги познавале условите и идеалите кои ги негувало Македонското раководство. Предводени од Лазар Колишевски следните години го разоруваат раководството и скоро сите членови на президиумот се осудени и отстранети засекогаш.

Тоа е периодот на елиминација на осомничените „народни непријатели“ поради соработка со окупаторот.

Во Македонија почнува борба за власт, која трае некаде до крајот на 1947 година, а што ја води Комунистичката партија.

ОЗН-а на Комунистичката партија и служи како инструмент на насилство.

На удар на партијата и ОЗН-а се:

• Македонската Интелигенција (особено високообразованите кадри и учениците на повисоките класови од гимназиите во Битола, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Велес и др.);
• Поимотните луѓе во градовите и селата;
• Македонското православно свештенство.

Македонската Интелигенција доаѓа во судир со власта, бидејќи не ја прифаќа опцијата за решавање на македонското прашање исклучиво во рамките на Југославија. Тие сметаат дека постои историска шанса за обединување на Македонија со помош на САД и на Велика Британија и под нивни протекторат до целосна независност. Припадниците на таа група не биле меѓусебе организациски и политички поврзани, иако имало повеќе изолирани мали кружоци.

Раководството на КП преку ОЗН-а јавното дејствување и искажаните мисли и замисли на тие луѓе, го оквалификува како „непријателско дејствување против народот и државата“. Иако тие заговарале демократизација на политичкиот живот во земјата, воспоставување и други гласила покрај „Нова Македонија“ (тоа го барал на пример Илија Чулев), ним им е судено како на заговорници за „насилно рушење на државата“.

Методија Андонов - Ченто на пример е осомничен за намера да пребега во Грција, за таму да формира терористички чети за напад врз властите во југословенскиот дел од Македонија. На тие луѓе им се наместени судски процеси и осудувани се на долгогодишна робија, а некои од нив на смрт. Таков е случајот и со некои гимназијалци, кои, како на пример во Струмица, веднаш се стрелани, а некои други го загубиле животот во затворите.

Поимотните луѓе во градовите и во селата, иако најголем дел од нив го помагал партизанското движење, осудувани се на долгогодишен затвор за да им се земе имотот и да се создаде база на државна сопственост. Така е уништуван економскиот граѓански слој во Македонија и земјата е комплетно пролетаризирана.

Партијата го осудува барањето на свештениците за Автокефална Македонска Православна Црква прогласувајќи го за сепаратистичко и непријателско кон државата

Спорот со Македонското православното свештенство  избива 1945 г. во врска со прашањето за статусот на Македонската Православната Црква во новата Македонска држава. Македонското свештенство бара Автокефална Македонска Православна Црква.

Раководството на Комунистичката Партија на Македонија  ја лансира идејата за „Југословенска православна црква“, во чии рамки Македонската Православна Црква би имала автономија.

Поаѓајќи од тој став, Комунистичката партијата го осудува барањето на Македонските свештеници за Автокефална Македонска Православна Црква прогласувајќи го за сепаратистичко и непријателско кон државата.                                 Бидејќи би се компромитирала ако јавно брани таква политика,Комунистичката  партија преку ОЗН-а и преку нејзините соработници настојува и успева да конструира случаи за компромитација на угледните свештеници во тоа време, тврдејќи дека тие се крадци и неморални, за да може да ги затвори и осуди.

Бидејќи припадниците на интелигенцијата, на економски имотниот слој на градот и на селото и на свештенството не биле меѓусебе политички и организациски поврзани, Комунистичката Партија на Македонија во тие години зазема став во најголем дел од судењата на таквите луѓе да се докаже нивна поврзаност со ВМРО на Ванчо Михајлов.
 

На прво место

News image

НАТО да ја прифатат Македонија како членка на Алијансата

Македонија од аспект на придонесот што го дава во НАТО е веќе де факто членка на Алијансата. Дојде в...

Историја

News image

Историски корени на одбраната

Во ретроспективниот поглед низ периодот на поновата македонска историја, од аспект на воено-одбранбе...

Иселеници

News image

Организацијата „Обединети Македонци“ во Канада ја организираше 40. „Гоцева вечер“

Македонската заедница во Канада вчера се собра во црквата ...

Култура и туризам

News image

Втората светска војна и обновувањето на Охридската архиепископија

Познато е дека Македонија зеде активно учество во Втората светска војна, со цел да се ослободи од ф...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (16)

И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме ка...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.