|
||||
| Трета средба на македонците од егејскиот дел на Македонија во Скопје на 28 август на плоштадот во Автокоманда |
На 28 август 2010 година, сабота, на Успение на Пресвета Богородица, со почеток во 19.00 часот, под покровителство на градоначалникот на општина Гази Баба, ќе се одржи традиционалната Трета средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Скопје, како дел од манифестацијата Културно лето 2010-та, што ќе се одржи на плоштадот на општина Гази Баба во населбата Автокоманда. Присутните ќе ги поздрават градоначалникот на општина Гази Баба, претседателот и генералниот серкетар на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, претставници на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, а повеќечасовен концерт ќе одржи македонското културно-уметничко друштво од село Воштарани и музичкиот ансамбал од село Неред, Леринско, Република Грција, како и пеачи од Република Македонија. На Третата средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија ќе бидат упатени пораки за итен и безусловен преки на разговорите за државното име Македонија и продолжување на членството на Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под нејзиното државно име Македонија со можност за употреба на уставната референца „Република“, без латинична транскрипција на македонскиот јазик, туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia”, со меѓународниот код МК односно МКД! Македонците ја преферираат ирската формула за трајно решение на македонското прашање: „Република Ирска“ и „Северна Ирска како дел од Кралството Велика Британија“, соодветно „Република Македонија“ и „Јужна Македонија како дел од Република Грција“, макар и само „провинција Македонија“. Во Република Грција не постои ниту „Западна Македонија“, ниту „Централна Македонија“, ниту “Источна Македонија“, туку Јужна Македонија, ниту пак државата Македонија ќе биде „Северна Македонија“. Единствена држава со името Македонија во светот била и ќе остане: „Република Македонија“! |



На 28 август 2010 година, сабота, на Успение на Пресвета Богородица, со почеток во 19.00 часот, под покровителство на градоначалникот на општина Гази Баба, ќе се одржи традиционалната Трета средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Скопје, како дел од манифестацијата Културно лето 2010-та, што ќе се одржи на плоштадот на општина Гази Баба во населбата Автокоманда. 
















