|
||||
| Американците го сместија Солун во Македонија, Грците збеснаа |
Авторот на текстот за да ја претстави нашата земја, одбрал фотографија на која се наоѓа знаменитост од Солун, факт што ги разлути грчките интернет-корисници. Македонија беше главна тема кај Грците. Најавија протести доколку грешката не биде итно исправена![]() Грчката пропаганда влијателна врз американските медиуми. Тие издејствуваа промена на фотографијата објавена во текст за Македонија. По интернет-војната американскиот медиум Bussinesweek попушти и ја промени фотографијата од солунскиот споменик Камара која беше ставена со статијата за популацијата во земјата. Солунскиот споменик Камара, според Bloomberg Bussinesweek, му припаѓа на Скопје објавија грчките медиуми. Авторот на текстот за да ја претстави нашата земја, одбрал фотографија на која се наоѓа знаменитост од Солун, факт што ги разлути грчките интернет-корисници. Македонија беше главна тема кај Грците. Најавија протести доколку грешката не биде итно исправена. Според нив ова значи дека за Американците Солун и припаѓа на Македонија. Се чини Bussinesweek попушти пред револтот на Грците. Вчера претпладне на местото на Камара се појави пејзаж од зајдисонце. По самиот текст е нагласено дека е направена промена на фотографијата. Во текстот објавен на сајтот Bussinesweek предвид се земени земји од светот кои имаат над еден милион жители, а Македонија, меѓу 25 држави со значително намалување на популацијата се најде на 21 место. Објавено е дека популацијата е 2 054 000 жители. Нивната прогноза е дека во 2050 година земјава ќе има 1 867 000 жители, што би значело намалување на бројот на жители за 9,1 отсто. - Земјата има ниска стапка на плодност, а населението е под влијание на надворешни миграции. Економијата на земјата помина релативно добро во текот на глобалната економска криза, но многумина ја напуштиле државата - пишува Bussinesweek во делот што се однесува на Македонија, повикувајќи се на податоците добиени од ЦИА. (Б.З.) |





















