|
||
| Филипче живее во свет на тајни зделки – затоа што од таму доаѓа |
|
Има една стара вистина во политиката: секој тргнува од себе. Кога човек доаѓа од систем во кој политиката се водеше зад затворени врати, во четири очи, со посредници и кеш-договори, тогаш нормално е да мисли дека и сите други работат исто. Но реалноста е многу поинаква и болна за СДС. Нема никакви тајни врски, нема никакви скриени агенди. Постојат јасни, транспарентни договори и соработка меѓу Македонија и Унгарија, како што и доликува на две европски држави. Сè е јавно, институционално и во рамки на државни политики. Но, за Филипче тоа е неразбирливо. Зошто? Затоа што тој е производ на политичка матрица создадена од Зоран Заев, матрица во која се нормализираа сомнежите за корупција, бизнис-договорите под маса и личните интереси пред државните. И наместо денес да направи пресек, да расчисти со тоа наследство и да покаже барем минимум политичка зрелост, Филипче продолжува да живее во сенката на својот ментор. Наместо да ја реформира партијата, тој ја брани. Наместо да се огради од сомнителните зделки, тој ги релативизира. Наместо да понуди визија, тој нуди конструкции. Ова не е само политички проблем, ова е симптом на длабока криза во СДС. Партија која не може да се одвои од своето минато, е партија која нема иднина. Затоа, ако Филипче навистина сака да биде релевантен политички фактор, прво треба да се ослободи од товарот што го носи, товарот на Заев, на старите навики и на политиката на „тајно и криминално“. Во спротивно, ќе остане само уште еден глас кој вика за „скандали“, додека јавноста сè појасно гледа кој навистина работел така. А институциите? Тие немаат изговор. Сè што е изнесено во јавноста мора да биде проверено. Не селективно, не политички, туку темелно и законски. Само така ќе се стави крај на оваа политичка хипокризија. |