|
||
| МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ОПФАТЕН ВО ЈАЗИЧНАТА ПЛАТФОРМА ВО АВСТРАЛИЈА |
|
Language Trainers е јазична платформа во Мелбурн, која ja започна својата мисија во 2004 година со цел да им помогне на учениците од целиот свет да учат јазици. Се нудат часови за над сто јазици меѓу кои од неодамна се вбројува и македонскиот. Имено, Language Trainers доби побарувања за изучување на македонскиот јазик па и понуди позиција на Гордана Димовска од Мелбурн. Гордана со задоволство ја прифати оваа позиција и гледа голема иднина во оваа платформа, можност за сите возрасни Македонци и луѓе од други националности да го учат македонскиот јазик во време кога тие сакаат. Засега се пријавени возрасни од Канада и сојузните држави на Австралија. Токму оваа платформа нуди можност на луѓе кои не можеле или не сакале да го научат јазикот во детството а им потребал на возрасни години. Најчести причини за барање часови се луѓе од мешани бракови, во кои едниот не е Македонец/Македонка па сака да го учи јазикот на својот сопатник. Друга група на заинтересирани се млади Македонци од Австралија измеѓу 20 -30 години кои немале можност да научат дома од никого или не посетувале јазично училиште. Нивната цел е да го унапредат зборувањето, читањето, пишувањето со цел подобро да комуницираат со свои роднини и пријатели или се спремаат да отпатуваат на подолг престој во Македонија. Гордана вели: Прекрасно е чувството што ни се отвори оваа нова платформа преку која ќе помогнам на сите кои сакаат да учат македонски. Токму преку јазикот се унапредува комуникацијата меѓу луѓето, се дознава повеќе за македонската историја, јазик и традиција. Ова е уште еден начин да се сочува нашиот убав македонски јазик и пренесе на наредните генерации, но и на луѓе од друго етничко потекло кои сакаат да го знаат македонскиот како уште еден јазик повеќе. Вработените наставници можат да даваат часови во локалните библиотеки, во домовите или онлајн во погодно време за двете страни. Без разлика кој јазик сакате да го учите, каде и да сте во светот и каков и да е вашиот распоред, Language trainers ви стои на располагање. Лесно прилагодува курс и специјализиран наставник за да ви го направи направи учењето удобно и ефикасно. Во Language Trainers, знаеме дека учењето нов јазик бара посветеност. Но, исто така, ги разбираме притисоците и предизвиците на современиот свет. Долгите работни часови и семејните и здравствените обврски можат да го отежнат постојаното посетување на јазичен курс. Затоа наша мисија е да обезбедиме часови по јазик што одговараат на вашите потреби и агенда. Вашиот наставник ќе држи часови каде и како што вас ви одговара, без разлика дали тоа е онлајн или лице в лице на локација по ваш избор. Часовите можат да бидат приватни, индивидуални сесии или во мали групи, ако тоа е попривлечно. Исто така, нудиме сесии во отворени групи, каде што ќе се сретнете со ученици од различни места во светот додека учествувате во збогатувачка културна размена. А нашите тутори ќе го персонализираат секој час за да ги исполнат вашите цели и амбиции. Ова многу е значајно за нас Македонците, и настанува како последица од мешаните бракови, недоволно можности да се учи јазикот во детството и немање интерес за јазикот тогаш но кога ќе пораснат младите сакаат да научат повеќе за своето потекло и да зборуваат македонски со своите баби и дедовци. |