|
||
| Македонија оди напред и без СДС и Филипче |
|
Додека Христијан Мицкоски се обидува државата да настапи обединето и да создаде минимум национален фронт во време на сериозни предизвици, Филипче свесно, намерно и без никаква дилема ја слабее Македонија одвнатре. Ова не е случајност, ова е ладнокрвна политичка одлука – одлука Македонија да се држи во заложништво на теснопартиски калкулации, лични суети и страв од сопствената политичка сенка. Одлука да се одбие подадената рака за државен консензус, не затоа што е лоша, туку затоа што не одговара на партиската математика на Филипче. Во време кога државата бара минимум национално единство, Филипче намерно избира конфронтација. Наместо да покаже државничка зрелост, тој се однесува како партиски функционер заглавен во внатрешни пресметки, паника и страв за сопствената политичка иднина. Државата за него е секундарна тема; примарна е личната позиција и опстанокот на врвот на партијата. Дијалогот за Филипче не е демократска алатка – тој е закана. Закана затоа што дијалогот бара став. Бара храброст. Бара преземање одговорност. А токму тоа недостига. Дијалогот ја разголува политичката празнина, отсуството на визија и неспособноста да се носат тешки, но неопходни одлуки. Подадената рака за консензус не е акт на слабост, ниту барање за подаништво. Таа е повик за разум. Повик за заштита на државните позиции, националниот идентитет и институционалната стабилност. Но Филипче, со ароганција и партиска заслепеност, ја оттурна. Со тој чин испрати јасна порака: за него партиската стратегија е поважна од државата, а дневнополитичкиот профит – поважен од националниот интерес. СДС со години држеше лекции за „европски вредности“, а денес ги гази една по една. Во Европа, дијалогот е темел на демократијата. Кај Филипче, дијалогот е непријател. Инклузивноста важи само кога СДС е на власт; кога треба да се сподели одговорност, следат бегање, блокада и саботажа. Филипче не нуди алтернатива, не нуди решение, не нуди ни минимален план, Тој нуди само „не“. Најопасно од сè е што со ваквиот став Филипче директно ја поткопува позицијата на Македонија во клучни, чувствителни и историски моменти. Одбивањето на дијалог не е принципиелност – тоа е признание на слабост. Историјата е немилосрдна и јасна: оние што одбиваат дијалог кога државата го бара, завршуваат изолирани, поразени и на маргините. Македонија ќе продолжи напред – со или без СДС и Филипче. Но трагедијата е што цената за нивното инаетење, кукавичлук и партиска заслепеност ја плаќаат граѓаните. Прашањето е само едно: дали Филипче ќе остане симбол на политиката на „вечна опозиција“, страв и блокада, или ќе најде храброст да излезе од сопствената сенка? Засега одговорот е недвосмислен и брутално јасен: додека Христијан Мицкоски се обидува да ја обедини државата и да изгради заеднички национален фронт, Филипче свесно ја урива Македонија одвнатре, ставајќи ја сопствената политичка агенда над интересите на државата и нејзините граѓани.
|