|
||
| Устав на Тајната Македонско-Одринска Револуционерна Организација 1896 г. |
|
УСТАВ Глава IЦел Чл. 1. Тајната македонско-одринска револуционерна организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народност, за извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области. Чл. 2. За постигање на таа цел организацијата се бори да ги премав-не шовинистичките пропаганди и националните караници кои го расце-пуваат и обессилуваат македонското и одринското население во негова-та борба против општиот непријател; дејствува за внесување на револу-ционерен дух и свест меѓу населението и ги употребува сите средства и усилби за поскорешното и своевремено вооружување на населението со се што е неопходно за едно општо и сеопшто востание. Глава II
Состав и устројство Чл. 3. Тајната македонско-одринска револуционерна организација се состои од месни револуционерни организации (дружини), составени од членовите на секоја одделна месност (град или село). Чл. 4. Член на ТМОРО може да биде секој Македонец и Одринец, кој не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно пред општеството и кој ветува и се задолжува да му биде полезен на револуционерното ослободително дело. Чл. 5. Секоја месна организација се раководи и управува од свој местен комитет (управно тело). Комитетите се делат на селски, околиски и окружни. Чл. 6. Секоја месна организација се дели на групи со по еден началник (десетник). Чл. 7. Селските комитети им се потчинети на околиските, околиските на окружните, а целата организација се раководи и управува од Централниот таен револуционерен македонско-одрински комитет. Чл. 8. Селските комитети (управни тела) се избираат од членовите на месните организации и се потврдуваат од околиските комитети (управни тела); последните се раководат од членовите на околиските центри и се потврдуваат од окружните со согласност на Цент. комитет; а окружните се назначуваат направо од последниот. Во извонредни случаи ЦК има право да го довери раководењето на работите во окрузите и околиите во рацете на едно од него избрано внатрешно или ополномоштено надворешно лице. Чл. 9. Членовите на Централниот комитет се избираат секоја година од околиските и окружните комитети по спогодба. Изборот станува по начин каков што околностите го диктираат. Местото и времето на избирањето се определува од ЦК. Чл. 10, При изборот на ЦК се определува местото на седиштето, кое што ќе им биде познато само на окружните и околиските комитети. Чл. 11. Секој околиски револуционерен реон си има своја чета, задачата на која се определува во специјален правилник. Чл. 12. Секој член од комитетот носи псевдоним, кој му е даден од Центр. комитет. Чл. 13. ТЦМОРК има печат со амблем, знаме, сабји, пушки и бомба и со натпис: Македонско-одрински централен рвволуционерен комитет. Големината и особените знаци се определуваат од Центр. комитет и им се соопштуваат на окружните и околиските комитети со специјална окружница. Чл. 14. За поврзување со околните комитети секој окружен, околиски и селски комитет си има своја тајна пошта. Чл. 15. За следење на работата на надворешните и внатрешните непријатели и за претпазливост од нив, секој комитет си има своја тајна полиција. Чл. 16. Секој комитет го држи во тек на работите во својот реон погорниот од него комитет, а на крајот на секој месец му дава подробен извештај за сите свои работи во секој однос. Глава III
Материјални средства на револуционерната организација Чл. 17. ТРО ќе се снабдува со пари: 1) од доброволни прилози; 2) од редовните членски влогови и 3) од пари, собрани на начин каков што ЦМОРК ќе го најде за уместен, или пак месниот со претходна согласност на Централниот. Г л а в а IV
Казни Чл. 18. Секој што ќе згреши во штета на делото, бил тој работник или не, се казнува. Казната му се определува од месниот комитет и се извршува со согласност на Централниот. Чл. 19. Врз основа на овој устав е изработен подробен внатрешен правилник.
Крај
РКО. - FО 78/4951. Тиrkeу (Виlgаriа). Frот Еlliot. 1898; УСТАВ НА ТМОРО. Ѕ. I. |