Петок, 21 Ноември 2025    Печати
Албанија им одржа лекција по демократија на ЕУ, Грција и Бугарија!

licensed

Македонија доби аргумент плус, а Европа доби непријатна вистина!

„Да се потсетиме: во Албанија веќе со години постои регистрирано македонско здружение, политичка партија на Македонците во Албанија, и општината Пустец, општина со македонско мнозинство, а нејзиниот прв градоначалник  беше Едмонд Темелко-Македонец, факт што уште еднаш покажува дека Албанија нема никаков проблем со македонскиот идентитет. Напротив, Албанија го третира како нормална, легитимна и демократска реалност.“

585353780 1442239897257932 5025786724523292341 n

Балканот  никогаш не бил толку искрен како деновиве, Отварање канцаларија на Македонско невладино здружение ВМРО-ДПМНЕ во Тирана-Албанија.

Албанија не го направи ова заради Македонија, Албанија едноставно го примени, меѓународниот закон за човекови права, правото на здружување.

Албанија го направи ова затоа што така функционираат државите кои сфатиле дека законите се посилни од комплексите, а правото е посилно од националните митови. И токму затоа овој чекор толку боли кај оние кои секојдневно проповедаа дека Македонците „се дел од нив“.

Албанија, една неутрална држава покажа дека македонскиот идентитет со сите негови атрибути, историски референци, симболики и политички контексти, е реалност што мора да се почитува.

И токму ова е лекција по демократија: Македонците не се закана за никого, освен за оние што нивното постоење го градат врз нивно негирање.

Од почетокот на 19. век до денес, три соседни држави вложија системска енергија да ја избришат македонската посебност, и не им успеа:

1. Бугарскиот наратив: „Вие сте Бугари, само не знаете“ Софија ја турка тезата дека Македонците се „заблудени Бугари“. Од времето на Царство Бугарија, преку окупацијата во Втората светска војна, до современите политики во кои регистрацијата на македонски здруженија се блокира со судски акробации.

Да не заборавиме: Европскиот суд за човекови права донесе повеќе пресуди против Бугарија за кршење на правото на здружување на Македонците, и до денес сите се игнорирани.

2. Грчкиот наратив: „Македонија е само грчка.“

Грција инвестира огромни средства во идејата да „докаже“ дека македонскиот идентитет е „вештачки“. Села во Егејска Македонија беа преименувани со грчки топоними, Македонскиот јазик беше забранет, луѓето беа тепани во домови, улици и училишта затоа што зборувале на мајчин Македонски јазик.

И до денес, Грција не признава ни македонско малцинство, ни македонски културни организации, а се претставува како „колевка на демократијата“.

3. Српскиот наратив: „Македонците се Срби, а Македонија е Јужна Србија“.

Помеѓу двете светски војни, српската политика ја имаше најдиректната цел: да изгради нов идентитет, „јужносрпски“ и да го избрише македонскиот.

Македонските цркви беа преименувани да бидат српски, училишта беа затворани, наставниците и поповите од Македонија беа заменувани со српски кадри, поимот „Македонец“ беше забранет во службена употреба.

Сите три држави ја градеа сопствената историја врз негирање на нашата, Македонската.

Албанија никогаш не инвестирала во бришење македонски идентитет, Албанија нема комплекс од македонска историја, Албанија нема потреба да докажува чиј е Александар, чија е азбуката или кој и чии потомци сме.

Затоа можеше да си дозволи нешто што не можеа ниту членки на ЕУ и на НАТО: да регистрираат Македонско невладино здружение-ВМРО-ДПМНЕ.

Албанија покажа дека демократијата не зависи од тоа дали си во Европската унија, тоа што за Тирана беше административна рутина, за Софија и Атина би било државен инцидент.

Одлуката на Тирана е удар врз трите големи балкански митологии:

„Нема македонски народ.“

„Македонците се Бугари.“

„Македонците се Грци.“

„Македонците се Срби.“

„Македонскиот јазик е дијалект.“

„Македонскиот идентитет е новоконструиран.“

„Со регистрацијата на македонското здружение, Албанија ги сруши и наместените тврдења на челниците на ДУИ дека Македонија наводно ќе се дели меѓу Албанија и Бугарија.“

И со овој чин, Албанија им порача на сите што со векови нè прекројуваат, присвојуваат и преправаат: Македонците не се ни бугари, ни грци, ни срби, Македонците се свои, и што е најважно: постојат, и ќе постојат.

Одлуката на Албанија ја отвора вратата за нова дипломатска реторика на Македонија: Ако Албанија може да биде европска држава во пракса, зошто Грција и Бугарија членки на ЕУ и НАТО „неможат“?

Ако Албанија нема проблем со македонско здружение, зошто Грција и Бугарија членки на ЕУ и НАТО имаат проблем?

Ако Албанија не се плаши, зошто Грција и Бугарија се плашат од Македонскиот народ?

Тоа се прашања што сега повеќе нема да може да се избегнуваат, а тоа е најсилната политичка вистина кажана на Балканот во последните децении!

Албанија практично им кажа на ЕУ и на сите други: Проблемот не е во Македонија и Македонците!

11-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy